Регулатива Mасит

Со актот за основање на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ се дефинираат целите и задачите, името, седиштето и адресата, основачите, како и органите на Комората.

Со Статутот на МАСИТ се уредуваат подробностите во поглед на организацијата, работењето, финансирањето и престанокот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, а пред се целите и задачите на Комората.

Членовите на МАСИТ се обврзуваат да го почитуваат Кодот на Честа со цел да се осигура почитувањето на високи стандарди во сите сегменти на делување на членовите на МАСИТ. Кодот ја рефлектира посветеноста на членовите на МАСИТ да го одржат високото ниво на етика и почитување на нивниот однос со јавноста, другите членови, компании кои не се членови на МАСИТ и потрошувачите.

Со Финансиската регулатива на МАСИТ се уредуваат сите финансиски елементи од работењето на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.


Правилници

Со Правилникот за работа на Собранието на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, се уредува подготвувањето, начинот на работа и одлучувањето, како и изборот на органите на Собранието МАСИТ.

Со овој правилник се уредуваат условите и критериумите за предлагање, избор и состав на членовите на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, како и основните услови за негово работење.

Со овој Правилник, Управниот одбор на Стопанската комора МАСИТ ги утврдува основните критериуми и услови за поделба на областите и видовите на активности на Управниот одбор за доделување на поединечни задолженија и обврски на секој член на Управниот одбор во однос на стратешките и тековните прашања со кои се занимава Управниот одбор во рамки на својата надлежност.

Со правилникот за работа на Надзорниот одбор се уредуваат условите и критериумите за предлагање, избор и состав на членовите на Надзорниот Одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, како и основните услови за негово работење.

Со правилникот за работа на Судот на честа се уредуваат условите и критериумите за предлагање, избор и состав на членовите на Судот на Честа на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, како и основните услови за негово работење.

Со Правилникот за работа на работните груписе уредуваат условите и критериумите за предлагање, избор и состав на членовите работните групи како и основните услови за нивното работење.

Со Правилникот за прием во редовно и придружно членство се уредуваат условите, критериумите и постапката за прием и престанок на членството во Комората МАСИТ.

Со правилникот за одредување на височината на членарината во Комората МАСИТ се дефинираат категориите и височината на членарината на членките на МАСИТ, како и начинот на плаќање на истата.

Со овој правилник се уредуваат начинот и на оперативното водење на седници на органите и постојните тела на МАСИТ

Со овој правилник се уредува начинот и постапката за носење на одлуки на телата на МАСИТ по електронски пат.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит