Патека за дигитализација

Поради огромното значење кое ИКТ индустријата ја има врз целокупната економија, а и значењето на дигиталната трансформација воопшто за развојот на целокупната економија, МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, со цел дигиталната трансформација и развој на малите и средни претпријатија во рамки на овој проект ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка на потребите за дигитална трансформација, како и обезбедување на експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија. Проектот е поддржан од страна на Министерството за економија во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година а согласно Јавниот повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија за 2019 година.
Дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија е од големо значење не само за самите претпријатија туку и за развојот на економската, социјалната и општата состојба во државата. Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за малите и средни претпријатија, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со комплетирање на процесот на дигитална трансформација во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за малите и средни претпријатија кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите.
Во рамки на овој проект, МАСИТ ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка и ќе обезбеди експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија, во периодот од декември 2019-та година до Март 2020.
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
- Општа цел на проектот: Да им се помогне на малите и средни компании кои имаат интерес и сакаат да воведат дигитална трансформација во своето работење да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација, како и да добијат експертска помош при креирање на стратегијата за дигитална трансформација.
- Конкретна цел на проектот: Обезбедување на бесплатна онлајн алатка која ќе овозможи компаниите да направат само-проценка на нивото на дигитална трансформација на кое се наоѓаат во моментов, како и потенцијалот нивото на дигитална трансформација кое можат да го постигнат; и обезбедување на 20 ваучери за спроведување на експертска анализа со цел дефинирање на приоритетните области за дигитална трансформација на работењето на компанијата врз основа на кои компаниите ќе можат да креираат стратегија за дигитална трансформација.
Новости
Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

ОДЛОЖЕНО: Прослава по повод јубилеј 25 години МАСИТ
Оваа година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одбележува значаен јубилеј – 25 години постоење и активно делување во насока на развој на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во Македонија. Четвртина век посветена на поддршка на компаниите, градење партнерства и создавање нови можности во индустријата која е двигател на модерната економија.
12. 03. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

ПроКредит Бизнис Академија – Знаење што го води вашиот бизнис напред!
ПроКредит бизнис академијата е проект со кој нашиот Патрон партнер ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
12. 03. 2025г.