Втор циклус на проект за пре-квалификација на ИКТ кадри

На почетокот на месец март 2019 година, МАСИТ започна да работи на втор циклус на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите.
Крајната цел на проектот, а по завршувањето и реализацијата на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на позиции поврзани со ИКТ сферата.
Програмата за преквалификација трае околу 3 месеци, започнувајќи во месец март 2019
Низ процесот на преквалификација слушателите се стекнаа со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, работеа на конкретен проект или студија на случај кој се надоградува од предмет во предмет, но и ги збогатија и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ги профилиравме да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите.
Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на повеќе ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрана е програмата Front – End web Developer, со акцент на “react” технологија, како најпотребна и најатрактивна потреба во моментот.
УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА
Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ.
Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултетии факултетите од информатичките технологии.
За кандидатите, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување.
Со цел целокупно успешно реализирање на проект неопходно беше спроведување на комплетен процес на регрутација и селекција на најсоодветните кандидати кои ќе ги исполнат неопходните услови за квалификување за процесот на обука.
Заради специфичните потреби на проектот, процесот регрутација беше специјално дизајниран за таа намена, но сепак истиот ги следеше основните принципи на стандардно усвоената регрутмент процедура на компанијата и општите стандарди за регрутација.
ФАЗИ НА ПРОГРАМАТА
Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката;
Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (англиски јазик, логика, основни компјутерски познавања);
Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати;
Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати;
Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми) ;
Фаза 5:Спроведување на обуката (планирано е обуката да се одржува во попладневни термини и за време на викенд);
Фаза 6: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите;
Фаза 7: Секој кандидат кој по завршувањето на обуката не успее да најде веднаш работа, после периодот од 01.06.2019 година, ќе му биде овозможена пракса во една од ИКТ компаниите во државата.
Донатор: УСАИД РЕГ;
Партнери: Бреинстер како реализатор на тренингот.
Новости
Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

ОДЛОЖЕНО: Прослава по повод јубилеј 25 години МАСИТ
Оваа година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одбележува значаен јубилеј – 25 години постоење и активно делување во насока на развој на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во Македонија. Четвртина век посветена на поддршка на компаниите, градење партнерства и создавање нови можности во индустријата која е двигател на модерната економија.
12. 03. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

ПроКредит Бизнис Академија – Знаење што го води вашиот бизнис напред!
ПроКредит бизнис академијата е проект со кој нашиот Патрон партнер ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
12. 03. 2025г.