Споредба на порастот на просечна бруто плата со пораст на бруто плата во ИТ индустријата

24. 06. 2025г.

Согласно последните објавени официјални податоци од Државниот Завод за Статистика, просечната исплатена месечна бруто плата по вработен за ИТ секторот (компјутерско програмирање) за месец декември 2021 изнесувала 120.253 МКД и истата е за 2,6 пати поголема од просечната исплатена месечна бруто плата за сите сектори која изнесува 44.711 МКД. Годишинот просек на месечна плата за компјутерско програмирање 2021 година изнесува 111.202 МКД и истата во споредба со 2021 пораснала за 9.7%.

Анализирајќи ги годишните просеци на просечната исплатена месечна бруто плата од последните три години согласно податоците објавувани од Државниот завод за статистика, кај бруто платите во секторот компјутерско програмирање се забележува пораст од 9,7% во 2021, односно 10,4 % во 2020. За споредба, просечната исплатена месечна бруто плата за сите сектори  бележи пораст од 5,7% во 2021 односно 8,3% во 2020.

Сите информации од оваа анализа се превземени од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.

Новости

Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.

19. 05. 2025г.

Scroll to Top