Projects

Green ICT Development – GIVE
Проекти Зелен ИКТ развој (Green ICT development – GIVE) е европско стратешко кластерско партнерство во областа на паметните зелени технологии. Општата цел на партнерството е да се изгради силна соработка и да се поддржи развој на кластерите како алатка за интернационализација на МСП и пристап до пазарот. GIVE ESCP се состои од 8 партнери од 6 европски земји – 5 ИКТ кластери – ИКТ кластер Бугарија, албанско здружение за информатичко-технологии, Клуж ИТ кластер, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, ИКТ кластер Централна Србија, 2 автомобилски кластери – автомобилски Кластер Бугарија и автомобилски кластер Србија и 1 Зелен технолошки кластер од Латвија.Развојот на партнерството е координиран од ИКТ Кластер Бугарија и финансиски е поддржан од програмата COSME на Европска Комисија. Подготовката на проектот беше поддржана од РЕГ УСАИД Проект. За повеќе детали можете да ја следите страницата на Facebook на следниот линк: https://www.facebook.com/greenictdevelopment или на Linkedin https://www.linkedin.com/groups/12083393 .
27. 07. 2025y.

YOUTH HUB – Digital Youth
Проекти Проектот „MladiHUB – Дигитална младина“ е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ,а поддржан од Британската амбасада Скопје. Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе и да ја зголеми нивната вработливост преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. До крајот на проектот, младите луѓе во нашата земја ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа ќе го поддржи економскиот развој на Република Северна Македонија. Превземи PDF
26. 07. 2025y.

Second Cycle of the ICT Workforce Requalification Project
Проекти На почетокот на месец март 2019 година, МАСИТ започна да работи на втор циклус на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. Крајната цел на проектот, а по завршувањето и реализацијата на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за преквалификација трае околу 3 месеци, започнувајќи во месец март 2019 Низ процесот на преквалификација слушателите се стекнаа со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, работеа на конкретен проект или студија на случај кој се надоградува од предмет во предмет, но и ги збогатија и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ги профилиравме да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите. Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на повеќе ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрана е програмата Front – End web Developer, со акцент на “react” технологија, како најпотребна и најатрактивна потреба во моментот. УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ. Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултетии факултетите од информатичките технологии. За кандидатите, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување. Со цел целокупно успешно реализирање на проект неопходно беше спроведување на комплетен процес на регрутација и селекција на најсоодветните кандидати кои ќе ги исполнат неопходните услови за квалификување за процесот на обука. Заради специфичните потреби на проектот, процесот регрутација беше специјално дизајниран за таа намена, но сепак истиот ги следеше основните принципи на стандардно усвоената регрутмент процедура на компанијата и општите стандарди за регрутација. ФАЗИ НА ПРОГРАМАТА Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката; Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (англиски јазик, логика, основни компјутерски познавања); Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати; Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати; Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми) ; Фаза 5:Спроведување на обуката (планирано е обуката да се одржува во попладневни термини и за време на викенд); Фаза 6: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите; Фаза 7: Секој кандидат кој по завршувањето на обуката не успее да најде веднаш работа, после периодот од 01.06.2019 година, ќе му биде овозможена пракса во една од ИКТ компаниите во државата. Донатор: УСАИД РЕГ; Партнери: Бреинстер како реализатор на тренингот.
25. 07. 2025y.

Digitalization Path
Проекти Времетраење на проектот: 01 јуни 2020 година – 30 септември 2021 година Имплементатор на проектот: МАСИТ Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии Партнери на проектот: СТИКК – Косовска ИКТ асоцијација и ICT Net од Србија. Финансиран од: Проект на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата Поддржани сектори: земјоделство, облека и текстил, преработка на дрво и туризам Земји: Северна Македонија, Србија, Косово Цел на проектот: Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од таргетираните сектори (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за (1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) анализирање на нивното сегашно ниво на дигитална трансформација преку поддршка во креирање на стратегии за дигитална трансформација со кои се идентификуваат и се даваат приоритети на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементирање на ИТ решенија со цел да ги подобрат нивните деловни активности. Главни активности на проектот: Промовирање на придобивките од дигиталната трансформација преку newsletters, брошури и настани Поддршка на компании од поддржаните сектори при креирање стратегии за дигитална трансформација Поддршка на компании од поддржаните сектори во купување и имплементација на ИКТ решенија (50% или поддршка до 3000 УСД) Заинтересирани сте за проектните активности? Регистрирајте се во нашата база на контакти за да добиете повеќе информации за проектните повици и активнсти. Превземи PDF
24. 07. 2025y.

Support for Digital Transformation in SMEs
Проекти Патека за дигитализација Поради огромното значење кое ИКТ индустријата ја има врз целокупната економија, а и значењето на дигиталната трансформација воопшто за развојот на целокупната економија, МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, со цел дигиталната трансформација и развој на малите и средни претпријатија во рамки на овој проект ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка на потребите за дигитална трансформација, како и обезбедување на експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија. Проектот е поддржан од страна на Министерството за економија во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година а согласно Јавниот повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија за 2019 година. Дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија е од големо значење не само за самите претпријатија туку и за развојот на економската, социјалната и општата состојба во државата. Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за малите и средни претпријатија, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со комплетирање на процесот на дигитална трансформација во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за малите и средни претпријатија кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите. Во рамки на овој проект, МАСИТ ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка и ќе обезбеди експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија, во периодот од декември 2019-та година до Март 2020. ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ Општа цел на проектот: Да им се помогне на малите и средни компании кои имаат интерес и сакаат да воведат дигитална трансформација во своето работење да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација, како и да добијат експертска помош при креирање на стратегијата за дигитална трансформација. Конкретна цел на проектот: Обезбедување на бесплатна онлајн алатка која ќе овозможи компаниите да направат само-проценка на нивото на дигитална трансформација на кое се наоѓаат во моментов, како и потенцијалот нивото на дигитална трансформација кое можат да го постигнат; и обезбедување на 20 ваучери за спроведување на експертска анализа со цел дефинирање на приоритетните области за дигитална трансформација на работењето на компанијата врз основа на кои компаниите ќе можат да креираат стратегија за дигитална трансформација.
23. 07. 2025y.

USAID Project – Partnership for Better Business Regulation
Проекти Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект поддржан од УСАИД чија имплементација започна во 2016 година. Проектот е наменет за поддршка на микро, мали и средни бизниси, со цел подобро прилагодување на своето работење во согласност со законските регулативи. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат. ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во партнерство со четирите стопански комори во Северна Македонија – Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) – ја спроведуваат програмата на проектот кој во следниот период ќе: Им помогне на микро, малите и средни претпријатија да ја подобрат законска усогласеност преку организирање информативни сесии за промените во регулативатa; Го поддржи поставувањето на Платформата за јавно-приватен дијалог помеѓу коморите и државата; Обезбеди кофинансирање на услуги преку чија имплементација компаниите ќе ја зголемат усогласеноста со регулативата преку т.н. Ваучер шема; Создаде единствен информативен и интерактивен интернет простор и ќе резултира со подобар проток на информации; Го промовира Единствениот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) на настани организирани од страна на Проектот; Организира форуми за овозможување дијалог со домашни и странски експерти во врска со актуелни бизнис теми; Ги развива листите за проверка на усогласеноста со законската регулатива; Развие различни интерактивни брошури и водичи; Ги подобри капацитетите на коморите; Изготвува годишна анализа на бизнис климата која ќе овозможи следење на успешноста на државните политики и евидентирање на пропустите во истите; Го поддржи јавно – приватниот дијалог преку организирање работилници, фокус групи и работни групи со претставници од Проектот и претставници на релевантни државни институции; Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Повеќе информации можат да се најдат на www.biznisregulativa.mk . Превземи PDF
22. 07. 2025y.