Стани член

Услови за прием во членство

РЕДОВНО ЧЛЕНСТВО
Редовното членство во Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ е отворено за македонските компании кои се занимаваат со производство, промет и услуги во полето на информатичките и комуникациските технологии, односно имаат:
  • регистрирано претежна дејност од пошироката област на ИКТ;
  • седиште во Република Македонија;
  • регистрирана дејност над една годинa;
  • е активно во правниот промет;
  • не е во постапка на стечај, ликвидација или присилно порамнување кое води во стечај или ликвидација;
  • и не му е изречена мерка забрана за вршење на дејност.
ПРИДРУЖНО ЧЛЕНСТВО
Сите оние компании и организации/институции кои немаат примарна дејност од областа на ИКТ можат да се зачленат како ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ (членство кое по однос на правата и обврските е изедначено со редовното членство со исклучок на правото на членување и глас во телата на МАСИТ), односно:
  • Меѓународните компании и општо признати брендови од областа на ИКТ кои немаат регистрирано субјект со статус на правно лице со седиште во Република Македонија, но имаат локален претставник или лице за контакт;
  • Образовните институции од Република Македонија (универзитети, факултети, средни училишта);
  • Правните лица од Република Македонија чија претежна дејност не е од областа на ИКТ, можат да станат придружни членови во МАСИТ, доколку имаат активности во своето работење кои имаат допир и се од полза на ИКТ индустријата.

Потребни документи за аплицирање за членство

1
Пристапница
Пополнета и заверена со потпис и печат
2
Изјава за прифаќање на Кодот на честа
Пополнета и заверена со потпис и печат
3
Профил на компанијата
Пополнет темплејт
(во Word)
4
Копија од Тековна состојба
од Централен регистар
ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО
Сите информации во однос на зачленувањето и членството во МАСИТ можете да ги најдете во документот

Стани член








    Потребни документи









    Scroll to Top