Членки

Едусофт

Edusoft е компанија за развој на софтвер основана во 1990 година. Ние сме специјализирани во дизајнирање, развој и имплементација на софтверски апликации.Нашата база на клиенти се состои од разновиден спектар на компании, од мали до големи бизниси, како и од владини институции. Компанијата поседува силно знаење и искуство во обезбедување софтверски услуги за индустрии, како што се финансии, осигурување, правосудство, ветеринарство, инженеринг, градежништво и др.Ние се гордееме со многу етички пристап кон бизнисот и оваа заложба доаѓа од горе надолу. Повеќето од нашите вработени имаат многу години значаен придонес во бизнисот и ова богатство на искуство редовно се освежува со помладите талентирани луѓе кои влегуваат во компанијата честопати директно од високото образование. www.edusoft.com.mk

Членки

ЕOS ITech

EOS ITech е софтверска компанија и технолошки партнер на EOS Matrix, дел од европската EOS Групација. Ние дизајнираме и развиваме ИТ производи и системи со модерни технологии, со фокус на cloud решенија, SaaS платформи, инфраструктура и безбедност. Работиме во крос-функционални тимови и создаваме флексибилна оперативна платформа што ги поддржува процесите на наплата и управување со побарувања во 24 земји. Како дел од глобална групација, нашата мисија е:„Да ги менуваме финансиите кон подобро – преку технологија, етика и иновација.“ EOS ITech постојано инвестира во ИТ безбедност, имплементирајќи силни механизми за автентикација и авторизација, и нуди простор за развој на ИТ таленти во С. Македонија. eositech.eos-solutions.com

Членки

Дигитал Скул

Дигитал скул е првото училиште отворено во Република Северна Македонија, кое нуди курсеви за информатичка технологија за деца на возраст од 8 до 18 години. digitalschool.edu.mk

Членки

ДИГИТ СОФТВЕР

Дигит компјутерски инженеринг е компанија која се занимава со развој на апликативен софтвер за посебни намени, како и готов интегриран софтверски пакет – Деловен Експерт. Тој претставува ЕРП софтвер кој содржи модули за финансово, материјално и комерцијално работење, производство, пресметка на личен доход и менаџирање на човечки ресурси, следење на основните средства, малопродажба… digit.net.mk

Членки

Даталаб

Претпријатието Даталаб се занимава со развој на деловна програмска опрема, обука и поддршка на системските партнери. Ние сме тим на стручњаци од различни области со големо знаење и искуство во решавање на прашањата и проблемите, кои настануваат при употребата на модерната технологија. Знаеме дека успешното и ефикасно водење на претпријатието е можно единствено со поддршка на квалитетен и сигурен Информациски систем. На малите, средни и големи претпријатија скоро 20 години им нудиме врвен софтвер. На корисниците им гарантираме најнова технологија и помош за правилно насочување на нивните претпријатија. Затоа нашето мото е “Претворете ги вашите податоци во профит!”. www.datalab.com.mk

Членки

Дата Мастерс

Дата мастерс е консултанстска компанија фокусирана во областа на бизнис интелегенција и напредна аналитика. Тим од посветени консултанти желни да помогнат на секоја компанија во предизвиците што ги носи дигиталната трансформација. www.datamasters.co

Членки

ГрабИТ

ГрабИТ Дооел Прилеп е софтверска компанија која развива свои решенија, со фокус на бекенд програмирање и соработува со странски партнери на нивни решенија, најчесто со партнери од Словенија, Германија и сл. Има исто така долгогодишно искуство во проекти со машинско учење и изработка на предиктивни модели за компании од телекомуникацискиот, банкарскиот и од секторот за малопродажба www.grabit.mk

Членки

Горд Системи

GORD Systems е независна компанија за развој на софтвер и ИТ Екстернализација на услуги. Компанијата, основана во 1989 година, е водечки давател на ИТ решенија во земјата со значително искуство во меѓународни проекти. Компанијата создава софтверски решенија и услуги за да им помогне на организациите да ги подобрат и автоматизираат клучните деловни процеси, давајќи им можност да спроведат целосна контрола врз нивните деловни активности и да се фокусираат на развојот на бизнисот.Примарните услуги се: Развој на софтвер, мобилни решенија (iOS, Android, Windows Mobile, Black Berry), ОК и тестирање и техничка поддршка.Компанијата има експертиза во специфични индустриски сектори: здравство, производство и туризам. www.gord.com.mk

Scroll to Top