Членки

ФОКСИТ

Ние нудиме високо квалитетни и професионални ИКТ услуги и производи од воспоставени и добро познати добавувачи со извонредност на аргументи (нашите партнери). Нашите интегрирани, високо професионални ИКТ услуги се резултат на големо искуство и имплементација на најсовремени технологии во корпорација со професионалци од областа.   foxit.mk

Членки

ФИНКАП

FinqUP е првиот комплетен дигитален front-office специјално развиен за осигурителни компании, инвестициски и пензиски фондови, поддржан со вештачка интелегенција. Финансиските институции добиваат можност да ги понудат сите услуги во една мобилна апликација за своите клиенти со брзо и пријатно корисничко искуство, автоматизирано преку вештачка интелегенција. Во FinqUP веруваме дека иднината на финансиските услуги е автоматизирана, персонализирана и достапна за сите и сме посветени кон постојано унапредување на начинот на кој финансиските институции се поврзуваат со клиентите. www.finqup.com

Членки

Фибернет

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година и е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори, се занимава со структурно каблирање на бакарни мрежи и нивно проектирање.   fibernet.mk

Членки

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружувањето на двата најголеми институти од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во дадената форма двата институти работат уште од осумдесеттите години на минатиот век. ИИ почнува да работи од далечната 1985 година како рамноправна составна целина на повторно обединетиот ПМФ под името Институт за информатика. ИКТИ потекнува од Катедрата за техничка кибернетика, која 1982 година прво прераснува во завод, а потоа и во институт. Во овој период од скоро 30-тина години кај овие Институти се случува постојан раст во научните и техничките капацитети, како резултат на извонредните залагања на нивните членови, а во тренд со светскиот подем на информатиката. Сѐ поголемиот интерес на студентите за оваа област и сѐ поголемиот развој и можностите на двата Институти доведуваат до тоа во последните учебни години да станат најголеми институти на факултетите и да опслужуваат скоро 50% од студентите. Во целиот период на развој, постојат голем број заемни проекти и истражувања, како на лична, така и на институционална основа. Двата институти беа во постојаната трка за што повисок квалитет на студиите, научно-истражувачката и апликативната дејност. Ваквата трка всушност резултираше со еден конечен обединувачки фактор – сѐ позначителен развој и подем на информатиката во Македонија и формирање на една исклучително силна заедница на информатички насочени наставни кадри. Од 2011 година тие и формално започнуваат да чекорат по заеднички пат како најсилна и најнапредна научно-истражувачка и образовна институција во Македонија од областите на информатиката – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). www.finki.ukim.mk

Членки

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ (ФИКТ) – БИТОЛА

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола е единствената образовна и научно-истражувачка институција од областа на информатичките науки и комуникациското инженерство во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Факултетот развива извонредно богата дејност во неколку области: Додипломски студии (прв циклус академски студии) Последипломски студии (втор циклус на универзитетски студии) Докторски студии (трет циклус на универзитетски студии) Научно-истражувачка работа (фундаментални, развојни и применети, домашни и меѓународни проекти) fikt.uklo.edu.mk

Членки

ФАКТУМ

Factum е првата и единствена Legal Tech компанија во Македонија, посветена на развој на напредни решенија базирани на вештачка интелигенција (AI) за правната индустрија. Нашата мисија е да ја трансформираме работата на адвокатите и корпоративните правни сектори преку автоматизација на рутинските задачи, со што им овозможуваме да се фокусираат на стратешка работа од висока вредност. Веруваме дека иднината на правото е дигитална и интелигентна. Нашиот тим е составен од искусни софтверски инженери, AI специјалисти и правни експерти, кои работат заедно на создавање на иновативни алатки кои ја зголемуваат ефикасноста, ја намалуваат можноста за грешка и ја подобруваат конкурентноста на македонските компании. Како членка на МАСИТ, посветени сме на унапредување на технолошкиот екосистем и воведување на светските иновации на домашниот пазар. factum.mk

Членки

Универзитет “Гоце Делчев”

Универзитетот „Гоце Делчев“ започна со 7 факултети и една висока школа, и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет, Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа.Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 (шест) нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошки факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.Во првата студиска година на Универзитетот се запишаа 1300 студенти. www.ugd.edu.mk

Членки

УНИЈА Смарт Акаунтинг

Напреден систем на новата генерација сметководство. На клиентите им обезбедува практичен увид во комплексните односи во областа на работењето и помага во подобра информираност при донесување на правилни одлуки. Unija Smart Accounting поврзува три самостојни, но меѓусебно функционално и оперативно блиску поврзани компании:– UNIJA Accounting– Unija IT– Unija Consulting Унија е интернационална сметководствена компанија, препознатлива по услуги со висок квалитет,како и со висок степен на задоволство и доверба како од клиентите така и од професионалната јавност. Нуди услуги во областа на сметководство, пресметка на плати и советување на компании од сите големини и форми на 14 пазари од Централна и Источна Европа, каде висок степен на квалитет се овозможува од страна на тим од високо професионални и искусни експерти. unija.com

Членки

Ултра

ULTRA компјутери е столб на македонската ИКТ индустрија. Со повеќе од 20 години искуство на пазарот, ULTRA Computing е една од водечките компании чие портфолио опфаќа системска интеграција, дизајн, развој и имплементација на комплексни информациски системи, како и обезбедување на услуги од сите нивоа на животниот циклус на ИТ проекти. Повеќето владини институции, како и голем број на јавни и приватни компании во Република Македонија работат на софтверски и хардверски платформи дизајнирани од ULTRA Computing. Ултра е исто така еден од најголемите партнери на IBM и Oracle во Македонија, како и претставник и / или дилер на други светски водечки компании од областа на ИКТ. Во 1995 година ULTRA стана пионер на обезбедување на Интернет услуги во Македонија, со формирање на компанијата УНЕТ, прва интернет-провајдер во Македонија. www.ultra.com.mk

Членки

ТаскФорце

ТаскФорце е компанија која постои од 2015 година. Обезбедува стручна експертиза и услуги за административна поддршка на широк спој на индустрии: земјоделство, осигурување, сметководство, маркетинг, логистика. taskforcebpo.com

Scroll to Top