Проекти, Тековни Проекти

Патека за дигитализација

Времетраење на проектот: 01 јуни 2020 година – 30 септември 2021 година Имплементатор на проектот: МАСИТ Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии Партнери на проектот: СТИКК – Косовска ИКТ асоцијација и ICT Net од Србија. Финансиран од: Проект на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата Поддржани сектори: земјоделство, облека и текстил, преработка на дрво и туризам Земји: Северна Македонија, Србија, Косово Цел на проектот: Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од таргетираните сектори (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за (1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) анализирање на нивното сегашно ниво на дигитална трансформација преку поддршка во креирање на стратегии за дигитална трансформација со кои се идентификуваат и се даваат приоритети на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементирање на ИТ решенија со цел да ги подобрат нивните деловни активности. Главни активности на проектот: Промовирање на придобивките од дигиталната трансформација преку newsletters, брошури и настани Поддршка на компании од поддржаните сектори при креирање стратегии за дигитална трансформација Поддршка на компании од поддржаните сектори во купување и имплементација на ИКТ решенија (50% или поддршка до 3000 УСД) Заинтересирани сте за проектните активности? Регистрирајте се во нашата база на контакти за да добиете повеќе информации за проектните повици и активнсти. Превземи PDF

Проекти, Тековни Проекти

Поддршка за дигитална трансформација во МСП

Поради огромното значење кое ИКТ индустријата ја има врз целокупната економија, а и значењето на дигиталната трансформација воопшто за развојот на целокупната економија, МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, со цел дигиталната трансформација и развој на малите и средни претпријатија во рамки на овој проект ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка на потребите за дигитална трансформација, како и обезбедување на експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија. Проектот е поддржан од страна на Министерството за економија во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година а согласно Јавниот повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија за 2019 година. Дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија е од големо значење не само за самите претпријатија туку и за развојот на економската, социјалната и општата состојба во државата. Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за малите и средни претпријатија, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со комплетирање на процесот на дигитална трансформација во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за малите и средни претпријатија кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите. Во рамки на овој проект, МАСИТ ќе спроведе активности за креирање на онлајн алатка за само-проценка и ќе обезбеди експертска анализа за дигитална трансформација во малите и средни претпријатија, во периодот од декември 2019-та година до Март 2020.   ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ Општа цел на проектот: Да им се помогне на малите и средни компании кои имаат интерес и сакаат да воведат дигитална трансформација во своето работење да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација, како и да добијат експертска помош при креирање на стратегијата за дигитална трансформација. Конкретна цел на проектот: Обезбедување на бесплатна онлајн алатка која ќе овозможи компаниите да направат само-проценка на нивото на дигитална трансформација на кое се наоѓаат во моментов, како и потенцијалот нивото на дигитална трансформација кое можат да го постигнат; и обезбедување на 20 ваучери за спроведување на експертска анализа со цел дефинирање на приоритетните области за дигитална трансформација на работењето на компанијата врз основа на кои компаниите ќе можат да креираат стратегија за дигитална трансформација.

Проекти, Тековни Проекти

Проект на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива

Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект поддржан од УСАИД чија имплементација започна во 2016 година. Проектот е наменет за поддршка на микро, мали и средни бизниси, со цел подобро прилагодување на своето работење во согласност со законските регулативи. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат. ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во партнерство со четирите стопански комори во Северна Македонија – Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) – ја спроведуваат програмата на проектот кој во следниот период ќе: Им помогне на микро, малите и средни претпријатија да ја подобрат законска усогласеност преку организирање информативни сесии за промените во регулативатa; Го поддржи поставувањето на Платформата за јавно-приватен дијалог помеѓу коморите и државата; Обезбеди кофинансирање на услуги преку чија имплементација компаниите ќе ја зголемат усогласеноста со регулативата преку т.н. Ваучер шема; Создаде единствен информативен и интерактивен интернет простор и ќе резултира со подобар проток на информации; Го промовира Единствениот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) на настани организирани од страна на Проектот; Организира форуми за овозможување дијалог со домашни и странски експерти во врска со актуелни бизнис теми; Ги развива листите за проверка на усогласеноста со законската регулатива; Развие различни интерактивни брошури и водичи; Ги подобри капацитетите на коморите; Изготвува годишна анализа на бизнис климата која ќе овозможи следење на успешноста на државните политики и евидентирање на пропустите во истите; Го поддржи јавно – приватниот дијалог преку организирање работилници, фокус групи и работни групи со претставници од Проектот и претставници на релевантни државни институции; Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Повеќе информации можат да се најдат на www.biznisregulativa.mk . Превземи PDF

Проекти, Тековни Проекти

Ideal-ist

Ideal-ist е меѓународна ИКТ Национална мрежа за контактни точки (NCP), што поддржува истражување и иновации во рамките на рамковните програми на ЕУ. Мрежата вклучува повеќе од 65 партнери од земји-членки на ЕУ, земји кандидати, земји партнери од Источна Европа (ЕЕПЦ), земји од Медитерански партнери (МПЦ) и други земји низ целиот свет.

Scroll to Top