Повик за ангажирање на консултант/ти во рамки на проектот Digitalization path

16. 09. 2020г.

МАСИТ неодамна започна со реализација на проектот “Digitalization path” финансиран од УСАИД Проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, со цел да ја поддржи дигиталната трансформација на компаниите од секторите земјоделство, текстил, преработка на дрво и туризам во Северна Македонија, Косово и Србија. Проектот се имплементира од страна на МАСИТ, во партнерство со STIKK од Косово и ICT NET од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк.

Во рамки на проектот објавуваме ПОВИК за ангажирање на консултант/ти за креирање на стратегии за дигитална трансформација, кој можете да го преземете на следниот ЛИНК.

Опис на ангажманот:

Ангажираниот консултант (ти) ќе биде задолжен да направи лични стратегии за дигитална трансформација за компании од следните сектори:

  • Земјоделство и преработка на овошје и зеленчук,
  • лесно производство (обувки и текстил, преработка на дрво) и
  • туризам (еко туризам, рурален туризам и авантуристички туризам)

Целта на секоја стратегија е ефикасно да се идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои потенцијално би имале најголем допринос во подобрувањето на секојдневното работење на компаниите од секторите кои се таргетирани во рамки на проектов.

Предвидени се два циклуси за креирање на стратегии за дигитална трансформација. Првиот циклус е предвиден да се имплементира во периодот октомври – ноември, а вториот во периодот април – мај 2021. Консултантот/тите е предвидено да направи:

  • стратегии за дигитална трансформација (предвидено е да се направат вкупно 20 стратегии за македонски компании односно 10 стратегии по консултант, а 5 стратегии во еден циклус)
  • наративен извештај за состојбата и препораките за компаниите кои ќе бидат вклучени по завршување на циклусот
  • методологија за креирање на стратегии за дигитална трансформација (за која ќе биде избран само еден од консултантите)

Сите останати детали во врска со повикот, можете да ги погледнете на следниот линк.

Повикот се однесува за ангажирање на консултант/ти како физички лица, кои е потребно да достават понуда, најдоцна до 18.9.2020, со приложување на сите потребни документи според ToR во прилог.

Ќе бидат избрани максимум двајца консултанти по држава.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top