ПроКредит Бизнис Академија – Знаење што го води вашиот бизнис напред!

12. 03. 2025г.

ПроКредит бизнис академијата е проект со кој нашиот Патрон партнер ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.

Програмата е структурирана од пет клучни модули, кои ќе се реализираат во соработка со експерти од Alphabet Group, консултантска компанија со долгогодишно искуство во развојот на малите бизниси. Темите што ќе се обработуваат се:

✔ Интерно претприемништво

✔ Комуникациски вештини и “Growth mindset”

✔ Разбирање на финансиски концепти

✔ Дигитална трансформација

✔ Продажба за мали бизниси  

📅 Период на реализација: Април – Октомври 2025 (секој модул е еднодневна работилница)

📍 Локација: Скопје, Централна Управа на ПроКредит Банка

🎯 Кој може да учествува? Сопственици и управители на микро и мали бизниси со најмалку една година оперативно искуство

🆓 Учество: Бесплатно, со лимитиран број на места. Во процесот на селекција на учесниците, Банката ќе направи квалитативна анализа на апликациите и ќе го земе предвид диверзитетот на групата од аспект на индустрија, степен на развој на бизнисот, пол и возраст.

⏳ Аплицирајте до 30 март 2025 и станете дел од мрежата на мотивирани претприемачи кои се подготвени за следниот чекор во својот развој. Дознајте повеќе и пријавете се на следниот линк.

Станете патрон партнер

Новости

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top