#DigitalUnited – 01.11.2023

09. 11. 2023г.

Building bridges towards our common digital future

На 01.11.2023 година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ја одржа својата традиционална Годишна Конферернција по 18ти пат. На овој централен и најважен настан на МАСИТ во фокусот беа најновите трендови, иновации и практични совети од водечките експерти во индустријата. Со темата “Building Bridges: Towards Our Common Digital Future”, а под мотото #DIGITALUNITED, успеавме да ја испратиме нашата порака за обединување на сите чинители во општеството, кои имаат огромна улога во процесите на дигитализацијата и дигиталната трансформација во земјава.

Пред публиката од околу 300 гости, гласно зборувавме за дигитализација на процесите на сите нивоа, во јавниот и во приватниот сектор, со презентација на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите но и за тоа какви се искуствата и праксите на тема дигитална трансформација.

Оваа година, имавме уникатна можност да слушнеме двајца еминентни почесни главни говорници кои со својата фасцинантна научна позадина и богато искуство, на одличен начин успеаја да ни ги доближат најактуелните области во дигитализацијата. Г-дин Александер Рисој, ЦЕО на нашата компанија членка НЕББ кој пред се’ се осврна на индустријата од која доаѓа, како и симбиозата помеѓу IT и OT (IIOT), што е една од главните носители на дигитализацијата и четвртата индустриска ‘револуција’. Главниот акцент во неговото излагање беше дека во центарот на големата слика за дигитализацијата, всушност треба да е добробитта на човештвото. Низ целиот тек на неговото излагање, имавме можност да погледнеме реални проекти и негови искуства, илустрирани со интересни слајдови. Токму од тој хуман аспект на дигитализацијата во функција на луѓето беше завршниот дел од триесет минутното обраќањето на Александер.

Др. Благој Делипетрев е консултант за вештачка интелигенција и поранешен научен советник во Научно Истражувачкиот Центар на Европската комисија, (Joint Reseach Centre) во Испра,  Италија, каде што беше еден од одговорните во проектот AI ​​WATCH, придонесувајќи за развој на Европската стратегија за вештачка интелигенција. Тој е специјализиран за генеративна вештачка интелигенција, (large language models) големи јазични модели и влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, имајќи повеќе од десет години искуство во истражување за АI и раководење со проекти. Со два докторати по компјутерски науки, специјализиран за машинско учење/ВИ и алгоритми за оптимизација од Технолошкиот Универзитет во Делфт, Холандија и за апликации за облак од Универзитетот Kирил и Методиј во Скопје. Др. Делипетрев во своето излагање на тема: „Генеративна вештачка интелигенција, клуч за нашата дигитална иднина“ се осврна на предизвиците, предвидувањата, препораките но најмногу на придобивките од користење на вештачката интелигенција и истакна дека „вештачката интелигенција нема да ве замени, луѓето кои користат вештачка интелигенција ќе го направат тоа.“

Сесиите на конференцијата беа врамени во концепт што го задржа вниманието на гостите до самиот крај. Преку сесијата „Сајбер безбедноста како предуслов за дигитална иднина“ експерти од областа за сајбер безбедност ја истакнаа важноста на градењето лидери кои ќе ги предводат процесите на јакнење на националните и регионалните капацитети во делот на сајбер отпорност и сајбер безбедност. Во следната сесија понатаму, слушнавме презентации од ИТ компании кои обезбедуваат дигитални решенија и дознавме како Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст придонесува во зголемување на продуктивноста на компаниите од приватниот сектор. Несомнено зклучивме дека само со дигитализација, може да се дојде до самоодржливост и поголема конкурентност и ефикасност на компаниите. Во таа насока, од големо значење е да се слушнат сите страни и сите аспекти. Токму затоа, нашиот официјален партнер на конференцијата – ПроКредит Банка имаа своја сесија, во која го слушнавме приватниот сектор, компании кои не се ИТ, а кои со задовлство ни ги раскажаа нивните инспиративни успешни приказни поврзани со нивната дигитална еволуција и постигнати резултати од воведување на дигитални решенија за процесите во нивните компании.

Оваа година за прв пат имавме конференција на која немавме водител. Поточно имавме, но и тој беше во духот на темата на конференцијата. Имено, конференцијата првенствено беше отворена од страна на Ада, која е првиот дигитален асистент во јавниот сектор, а понатаму во текот на целиот настан, беше водена од нашиот дигитален водител – Адам.

Како помина конференцијата низ фотографии, може да погледнете во албумот #DigitalUnited на нашата ФБ страница, на следниот линк.

Упатуваме голема благодарност до сите кои што беа дел од ова најиновативното издание на МАСИТ – Годишната конференција до сега. Особена благодарност до нашите партнери, поддржувачи и спонзори, со кои заедно успеавме да го заокружиме овој централен настан на МАСИТ и да ги испратиме сите учесници и гости со позитивни впечатоци.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top