Патека за дигитализација

30. 08. 2021г.

Времетраење на проектот: 01 јуни 2020 година – 30 септември 2021 година

Имплементатор на проектот: МАСИТ Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии

Партнери на проектот: СТИКК – Косовска ИКТ асоцијација и ICT Net од Србија.

Финансиран од: Проект на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата

Поддржани сектори: земјоделство, облека и текстил, преработка на дрво и туризам

Земји: Северна Македонија, Србија, Косово

Цел на проектот:

Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од таргетираните сектори (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за (1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) анализирање на нивното сегашно ниво на дигитална трансформација преку поддршка во креирање на стратегии за дигитална трансформација со кои се идентификуваат и се даваат приоритети на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементирање на ИТ решенија со цел да ги подобрат нивните деловни активности.

Главни активности на проектот:

  • Промовирање на придобивките од дигиталната трансформација преку newsletters, брошури и настани
  • Поддршка на компании од поддржаните сектори при креирање стратегии за дигитална трансформација
  • Поддршка на компании од поддржаните сектори во купување и имплементација на ИКТ решенија (50% или поддршка до 3000 УСД)

Заинтересирани сте за проектните активности?

Регистрирајте се во нашата база на контакти за да добиете повеќе информации за проектните повици и активнсти.

Новости

Newsletter на Проектот Патека за дигитализација

Го споделуваме 4-тиот Newsletter на проектот „Патека за дигитализација“, со клучни активности, успешни приказни и отворени повици за МСП од Северна Македонија, Косово и Србија.
07. 07. 2021г.

Петнаесетто годишно Собрание на МАСИТ

На 06.07.2021 се одржа 15-то годишно Собрание на МАСИТ, каде се разгледаа достигнувањата и важноста на новите членови за развојот на ИКТ секторот.
07. 07. 2021г.
Scroll to Top