WINS ICT – Western Balkan Countries Inco-Net Support in the field of ICT
WINS-ICT „Western Balkan Countries Inco-Net Support in the field of ICT “ е проект финансиран од 7-та Рамковна програма на Европската Комисија за истражување и технолошки развој под темата ИКТ на Програмата за соработка, спроведуван во периодот 01.01.2009 – 31.12.2010.
Како акција за поддршка, WINS-ICT има намера да ја зајакне соработката на науката и технологијата помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан преку продлабочување на би-регионалните стратешки односи во областа на ИКТ и промовирање на учеството на ИКТ истражувачите од земјите од Западен Балкан во ФП 7 програмата.
Специфичните цели на проектот WINS-ICT се:
- Обезбедување на сеопфатно разбирање на тековната рамка на политиките за ИКТ истражување и развој на ЕУ за земјите од Западен Балкан, реализирање на еднонасочна информативна точка насочена кон истражувачите и креаторите на политиките во Западен Балкан, како и на земјите-членки на Европската унија.
- Оптимизирање на рамката на политиката и соработката во истражувањето преку обраќање до релевантните засегнати страни, користејќи контакти на внимателно избраните партнери на проектот.
- Поддршка за градење одржливи мрежи помеѓу иновативните истражувачи од областа на Западен Балкан и нивните колеги од ЕУ во однос на соработката во 7-та рамковна програма и особено во приоритетот на ИКТ.
- Подобрување на капацитетите и можностите на истражувачите од земјите од Западен Балкан успешно да учествуваат и да се натпреваруваат во Рамковната програма под еднакви услови со земјите-членки, овозможувајќи им да го преземат предизвикот да достават свои идеи за проект како координатори.
Партнери во проектот се:
- ZSI – Austria
- TESEO – Belgium
- GRNET – Greece
- ZENIT- Germany
- EFB-UK
- TUBITAK – Turkey
- SC IPA SA – Romania
- Croatian Chamber of Economy – Croatia
- Central European Initiative – Italy
- Ministry of Telecommunications – Serbia
- CIVET – Albania
- EXIT- Bosnia&Herzegovina
- MPIN-Montenegro
- BOS – Serbia
- MASIT – Macedonia
Сите детали за активностите на проектот може да се најдат на http://wins-ict.archiv.zsi.at/ и на https://cordis.europa.eu/project/id/231648 .
Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

19-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ
Ве информираме дека на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 10:30 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано, претходно одложеното, деветнаесетто редовно Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, кое оваа година воедно е изборно. Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Согласно Статутот на Комората МАСИТ, еднаш на три години се реализира изборно Собрание на кое се бираат нови претставници во телата на Комората, и тоа Управен одбор, Надзорен одбор, Судот на честа и нов Претседател на Собранието на МАСИТ. Пропратните документи се соодветно проследени до членовите на МАСИТ, согласно роковите утврдени во Статутот на МАСИТ. *Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: contact@masit.org.mk. Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.
12. 03. 2025г.