МЛАДИ ХАБ – Дигитална младина

21. 06. 2025г.

Проектот MladiHUB – Дигитална младина е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ,а  поддржан од Британската амбасада Скопје. 

Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе и да ја зголеми нивната вработливост преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. До крајот на проектот, младите луѓе во нашата земја ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа  ќе го поддржи економскиот развој на Република Северна Македонија.

Новости

Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.

19. 05. 2025г.

Scroll to Top