Извештај за Аутсорсинг индустријата во Македонија (Октомври, 2019)

01. 10. 2019г.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ го објави Првиот Извештај за Аутсорсинг индустрија во државата. Извештајот ги мери и прикажува извозот на услугите надвор од државата, предностите и недостатоците на оваа индустрија и нејзината иднина.

  • Идејата за изработката на овој Извештај, МАСИТ го црпи од фактот дека аутсорсинг индустријата не е препознаена како посебна индустрија во Северна Македонија. Со тоа, нема свои соодветни механизми на поддршка, соодветна законска регулатива, развиен пазар и поголемо ширење на пазарните можности надвор од државата.
  • Целта на МАСИТ е да со реализацијата на овој Извештај, потенцира дека во Северна Македонија ги има сите услови за создавање на позитивна клима за развој на оваа индустрија и забрзување на истата преку позиционирање на државата како потенцијална земја на мапата на аутсорсинг индустрии во регионот и пошироко.
  • Примерот по кој Извештајот е подготвен се двата Извештаи, SEE Report за аутсорсинг состојба во регионот и Извештајот на Бугарската Асоцијација за аутсорсинг индустријата. Следејќи ги нивните позитивни примери, а учејќи од нивните грешки, сметаме дека можеме многу да влијаеме на развојот на аутсорсинг индустријата.

Извештајот беше првично презентиран на Годишната конференција на МАСИТ, на 31ви Октомври 2019, а истиот можете да го превземете на следниот линк подолу.

Извештај за Аутсорсинг индустријата во Мaкедонија (2019) – EN

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top