Забележан пораст на ИКТ индустријата, согледан преку економските индикатори
Согласно последните податоци, ИКТ индустријата повторно бележи значаен раст и покрај еконосмката криза. Според официјалните бројки од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика, МКСтат и Народната Банка на С. Македонија, НБСтат, ИКТ индустријата по однос на исплатени плати и надоместоци на плати бележи значаен раст во 2022 година и изнесува 215.207.710 евра, што е за 30% повисока е сумата од 2021 година (165.229.713 евра).

По однос на трошоците за даноци на плати и надоместоци на плати, компаниите од ИКТ индустријата во 2022 година платиле 23.177.032 евра, што е за 32% повеќе споредбено со 2021 година, кога бруто износот изнесувал 17.525.178 евра.

Износот за платени придонеси за задолжително социјално осигурување од страна на ИКТ индустријата е за 31% зголемен споредбено со 2022 година (85.897.671 евра) и 2021 година (65.469.520 евра).

Подолу погледнете ги сите расположливи генерални индикатори што се однесуваат на ИКТ индустријата.

Новости
Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

ОДЛОЖЕНО: Прослава по повод јубилеј 25 години МАСИТ
Оваа година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одбележува значаен јубилеј – 25 години постоење и активно делување во насока на развој на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во Македонија. Четвртина век посветена на поддршка на компаниите, градење партнерства и создавање нови можности во индустријата која е двигател на модерната економија.
12. 03. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

ПроКредит Бизнис Академија – Знаење што го води вашиот бизнис напред!
ПроКредит бизнис академијата е проект со кој нашиот Патрон партнер ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
12. 03. 2025г.