„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Работни односи во ИКТ секторот: легислатива, технолошки предизвици и менаџирање со вработените
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
Клучни цели на средбата се:
- Анализа на практичната примена на ЗРО во контекст на ИКТ индустријата;
- Отворање на дијалог за дилемите околу флуктуацијата на работните позиции, како резултат на автоматизација и вештачка интелигенција;
- Споделување добри практики за дигитализирани HR процеси;
- Иницирање дискусија за потребата од секторски пристап во регулирањето на работните односи во ИКТ.
Програмата опфаќа:
- Панел дискусии со претставници од Владата, правни експерти, универзитетски професори, HR професионалци и ИКТ компании;
- Дискусија во однос на најрелевантните членови од ЗРО кои го засегаат ИКТ секторот;
- Прашања околу договорни односи, работа од далечина, бонуси, политики за одмор;
- Правни аспекти поврзани со „технолошки вишок“ и употреба на AI во компании;
- Практични примери за дигитализирано HR работење;
- Заеднички предлог за иницијативи и можности поврзани со предлог – законски измени во контекст на ИКТ индустријата.
Очекуваме значајно учество од членките на МАСИТ, како и конструктивна размена на искуства и предлози за унапредување на регулативата во склад со реалноста на ИКТ пазарот на труд.



📍 Локација: Халк Банка – Дирекција 2 (влез кон Рамстор мол)
🗓️ Датум и време: 28.05.2025, 09:00 – 13:00 часот
⌛ Места се ограничени – регистрирацијата е отворена до 26ти мај 2025 или до пополнување на местата.
РЕГИСТРАЦИЈА
Настанот е поддржан од ХАЛКБАНК АД како Патрон партнер на МАСИТ и истиот е бесплатен за членките на Комората.

Новости
Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

ОДЛОЖЕНО: Прослава по повод јубилеј 25 години МАСИТ
Оваа година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ одбележува значаен јубилеј – 25 години постоење и активно делување во насока на развој на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во Македонија. Четвртина век посветена на поддршка на компаниите, градење партнерства и создавање нови можности во индустријата која е двигател на модерната економија.
12. 03. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

ПроКредит Бизнис Академија – Знаење што го води вашиот бизнис напред!
ПроКредит бизнис академијата е проект со кој нашиот Патрон партнер ПроКредит Банка овозможува нефинансиска поддршка на локалните бизниси преку бесплатна професионална едукација за сопствениците/управителите на мали и микро претпријатија коишто имаат амбиција за раст и развој.
12. 03. 2025г.