Регионалната tech соработка започнува во Скопје: Digital Bridge & Business ICT Forum 2026 – 04.06.2026
За првпат се создава организирана business bridge платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор.
На 4 јуни 2026 година во Скопје, Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии МАСИТ, во соработка со грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE, го најавуваат одржувањето на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“.
Овој форум претставува прва организирана „business bridge“ платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор, со цел поттикнување на регионалниот раст, отворање нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји.
Програма на настанот
Настанот ќе биде отворен со обраќања на високо министерско и амбасадорско ниво, по што ќе следува свечено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE. Програмата предвидува стручни презентации за состојбите во ИКТ секторите во двете земји, пленарен преглед на процесите на дигитализација во клучните индустрии, како и сесии за однапред закажани B2B состаноци.
Целосната агенда за настанот е достапна на следниот линк:
Регистрација и Matchmaking
Учеството на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ нуди стратешка можност за македонските компании да остварат директен контакт со повеќе од 20 реномирани грчки ИКТ компании кои доаѓаат во Скопје со цел воспоставување конкретна деловна соработка. Форумот е конципиран да поттикне не само соработка во рамки на технолошкиот сектор, туку и меѓусекторско поврзување.
Покрај ИКТ секторот, на настанот се очекува присуство на компании од различни индустрии, со што се отвора широк простор за дигитализација на бизнис процесите и директни средби помеѓу домашните ИКТ добавувачи и потенцијални клиенти од други стопански гранки. Преку наменската B2B платформа, сите учесници ќе можат ефикасно да го менаџираат своето време и да реализираат однапред закажани состаноци со точно дефинирани деловни цели, како за регионална експанзија, така и за внатрешна дигитална трансформација.
За учество на форумот и максимално искористување на потенцијалот за вмрежување, задолжителна е регистрација преку нашата официјална платформа. Ова е единствениот начин за да станете дел од B2B заедницата и да ги закажете вашите состаноци.
Зошто да се регистрирате?
- Бидете видливи: Вашата регистрација на платформата е вашиот „дигитален штанд“ – грчките компании тука го бараат својот следен партнер.
- Осигурајте ги вашите термини: Состаноците се со ограничено времетраење и се закажуваат по принципот „прв пријавен, прв услужен“.
- Целосна агенда на дланка: Со креирање профил, добивате персонализиран преглед на сите активности и сесии
По регистрацијата, веднаш ќе можете да го поставите вашиот профил и да почнете со пребарување на партнери. Следете ги измените на платформата во реално време и дознајте кои се компании ќе бидат дел од настанот.
Цена за учество
Форумот е наменет за пошироката ИКТ и деловна заедница и е отворен за учество на сите заинтересирани компании и професионалци.
Цената за индивидуално учество (1 лице) изнесува 70€ + ДДВ, додека за делегатско учество (до 2 лица) изнесува 110€ + ДДВ.
💡 Како дел од придобивките од членството во МАСИТ, компаниите членки на МАСИТ остваруваат право на повластена цена, при што цената за индивидуално учество изнесува 30€ + ДДВ, а за делегатско учество (до 2 лица) 50€ + ДДВ.
Во цената е вклучен целодневен пристап до сите сесии, користење на B2B платформата и ручек за вмрежување.
Станете партнери на „Digital Bridge & Business ICT Forum“
Вашиот бренд може да биде дел од овој значаен регионален настан. Отворени сме за соработка со партнери кои сакаат дополнителна промоција и видливост за време на форумот. За повеќе детали околу партнерските пакети, контактирајте нè.
Лице за контакт: Елена Петрушевска – Директорка на ИК на МАСИТ
📧 elena.petrushevska@masit.org.mk 📞 +389 75 257 095
Со фокус на реални придобивки и стратешка регионална експанзија „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ ја поставува основата за долгорочна економска синергија, докажувајќи дека вистинската регионална tech соработка започнува токму тука.
Ве очекуваме!
Новости
Регионалната tech соработка започнува во Скопје: Digital Bridge & Business ICT Forum 2026 – 04.06.2026
За првпат се создава организирана business bridge платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор. На 4 јуни 2026 година во Скопје, Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии МАСИТ, во соработка со грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE, го најавуваат одржувањето на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“. Овој форум претставува прва организирана „business bridge“ платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор, со цел поттикнување на регионалниот раст, отворање нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји. Програма на настанот Настанот ќе биде отворен со обраќања на високо министерско и амбасадорско ниво, по што ќе следува свечено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE. Програмата предвидува стручни презентации за состојбите во ИКТ секторите во двете земји, пленарен преглед на процесите на дигитализација во клучните индустрии, како и сесии за однапред закажани B2B состаноци. Целосната агенда за настанот е достапна на следниот линк: Превземи PDF Агенда Регистрација и Matchmaking Учеството на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ нуди стратешка можност за македонските компании да остварат директен контакт со повеќе од 20 реномирани грчки ИКТ компании кои доаѓаат во Скопје со цел воспоставување конкретна деловна соработка. Форумот е конципиран да поттикне не само соработка во рамки на технолошкиот сектор, туку и меѓусекторско поврзување. Покрај ИКТ секторот, на настанот се очекува присуство на компании од различни индустрии, со што се отвора широк простор за дигитализација на бизнис процесите и директни средби помеѓу домашните ИКТ добавувачи и потенцијални клиенти од други стопански гранки. Преку наменската B2B платформа, сите учесници ќе можат ефикасно да го менаџираат своето време и да реализираат однапред закажани состаноци со точно дефинирани деловни цели, како за регионална експанзија, така и за внатрешна дигитална трансформација. За учество на форумот и максимално искористување на потенцијалот за вмрежување, задолжителна е регистрација преку нашата официјална платформа. Ова е единствениот начин за да станете дел од B2B заедницата и да ги закажете вашите состаноци. Зошто да се регистрирате? Бидете видливи: Вашата регистрација на платформата е вашиот „дигитален штанд“ – грчките компании тука го бараат својот следен партнер. Осигурајте ги вашите термини: Состаноците се со ограничено времетраење и се закажуваат по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Целосна агенда на дланка: Со креирање профил, добивате персонализиран преглед на сите активности и сесии Регистрација По регистрацијата, веднаш ќе можете да го поставите вашиот профил и да почнете со пребарување на партнери. Следете ги измените на платформата во реално време и дознајте кои се компании ќе бидат дел од настанот. Цена за учество Форумот е наменет за пошироката ИКТ и деловна заедница и е отворен за учество на сите заинтересирани компании и професионалци. Цената за индивидуално учество (1 лице) изнесува 70€ + ДДВ, додека за делегатско учество (до 2 лица) изнесува 110€ + ДДВ. 💡 Како дел од придобивките од членството во МАСИТ, компаниите членки на МАСИТ остваруваат право на повластена цена, при што цената за индивидуално учество изнесува 30€ + ДДВ, а за делегатско учество (до 2 лица) 50€ + ДДВ. Во цената е вклучен целодневен пристап до сите сесии, користење на B2B платформата и ручек за вмрежување. Станете партнери на „Digital Bridge & Business ICT Forum“ Вашиот бренд може да биде дел од овој значаен регионален настан. Отворени сме за соработка со партнери кои сакаат дополнителна промоција и видливост за време на форумот. За повеќе детали околу партнерските пакети, контактирајте нè. Лице за контакт: Елена Петрушевска – Директорка на ИК на МАСИТ 📧 elena.petrushevska@masit.org.mk 📞 +389 75 257 095 Со фокус на реални придобивки и стратешка регионална експанзија „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ ја поставува основата за долгорочна економска синергија, докажувајќи дека вистинската регионална tech соработка започнува токму тука.Ве очекуваме!
13. 05. 2026г.
МАСИТ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја интензивираат соработката за поддршка на извозот на ИКТ-компаниите
Годината започна со значајна официјална средба меѓу раководството на МАСИТ и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, придружуван од Крум Ефремов, директор за економска и јавна дипломатија. На средбата учествуваше раководството на МАСИТ, предводено од претседателот Јордан Димитровски, заедно со заменик-претседателот на Управниот одбор Филип Петровски, членот на Управниот одбор Дамјан Манчевски и директорката на Извршната канцеларија, Елена Китаноска. Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на извозниот потенцијал на македонските ИКТ-компании, нивната поголема меѓународна видливост и системска поддршка за настап на странските пазари. Посебно внимание беше посветено на улогата на економската дипломатија и дипломатско-конзуларната мрежа во промоција на македонските ИКТ-решенија и воспоставување контакти со странски партнери. Претставниците на МАСИТ ги истакнаа приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки, нагласувајќи ја потребата од координирана институционална соработка, континуирана промоција на домашната ИКТ-индустрија и организиран настап на меѓународни саеми, бизнис-форуми и трговски мисии. Преку интензивирана соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, МАСИТ продолжува активно да работи на создавање конкретни можности за раст, зголемување на извозот и меѓународно позиционирање на македонските ИКТ-компании. Заедничката заложба е ИКТ-секторот да се зацврсти како еден од клучните двигатели на економскиот развој и да се поттикне поголема конкурентност на македонските компании на глобалниот пазар. МАСИТ и во наредниот период ќе продолжи да иницира и поддржува вакви стратешки средби и партнерства, со цел создавање поволна деловна клима и долгорочен развој на ИКТ-индустријата во земјата.
21. 01. 2026г.
МАСИТ и RAGUSA Group: „CONNECT & TASTE“
Успешно реализиран „CONNECT & TASTE“: Нови стандарди за деловно вмрежување на ИКТ секторот Во прекрасниот амбиент на ресторанот PARK by RAGUSA, Стопанската комора за ИКТ – МАСИТ, заедно со својот патрон партнер RAGUSA GROUP, го реализираа првиот деловен бранч под името „CONNECT & TASTE“. Настанот послужи како платформа за директно поврзување на лидерите од ИКТ индустријата со цел градење нови партнерства и истражување на можности за соработка во опуштена, но професионална атмосфера. Синергија помеѓу технологијата и врвното угостителство Главниот фокус на „CONNECT & TASTE“ беше потврдување на стратешкото партнерство помеѓу МАСИТ и Ragusa Group. Преку овој настан, членките на комората имаа единствена можност одблиску да се запознаат со капацитетите и професионалноста на Ragusa Group – лидер во областа на организација на корпоративни настани и гостопримство. „Овој настан потврди дека најдобрите идеи и стратешки партнерства се создаваат кога професионалноста се среќава со вистинските соработници. Со Ragusa Group како наш патрон партнер, членките на МАСИТ добиваат моќен сојузник кој гарантира беспрекорна организација и поддршка за сите идни корпоративни активности,“ велат од комората. „Ни претставува особена чест што го одбележуваме почетокот на ова стратешко партнерство со МАСИТ. Веруваме дека оваа соработка ќе донесе нови можности и вистинска додадена вредност за компаниите членки. Како патрон партнер, за заедницата на МАСИТ подготвивме специјална програма со ексклузивни бенефити која ќе биде достапна во сите наши локации – PARK by Ragusa, RAGUSA 360, Ragusa 919 и Kinder PARK. Нашата цел е да понудиме врвно искуство и поддршка како за компаниите, така и за сите нивни вработени, поставувајќи нови стандарди во корпоративното дружење.“ – изјави Ирена Голомеиќ, Директор на продажба, RAGUSA Group Сеопфатно партнерство со целото портфолио на Ragusa Group Она што ја прави оваа соработка посебна е нејзиниот широк опсег. Стратешкото партнерство и придобивките од специјално креираната програма важат за сите капацитети во рамките на Ragusa Group, овозможувајќи им на членките избор на соодветен амбиент за секоја пригода: PARK by RAGUSA GROUP – за престижни настани во срцето на Градскиот парк; RAGUSA 360 – за ексклузивни корпоративни прослави со панорамски поглед; RAGUSA 919 – за автентични деловни ручеци и настани; KINDER PARK – идеално место за семејни и тимски дружења со најмладите. Ексклузивни привилегии за компаниите и вработените Заедницата на МАСИТ добива пристап до ексклузивни бенефити и повластени услови кои се внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на современиот ИКТ сектор. Оваа програма ги опфаќа сите компании кои се членки на МАСИТ и вработените во компаните. Поглед кон иднината: Креирање додадена вредност Настанот „CONNECT & TASTE“ е само почеток на низата активности кои имаат за цел да ја зајакнат ИКТ заедницата преку квалитетно вмрежување. Комбинацијата на врвна гастрономија и деловна дискусија се покажа како вистински модел за поттикнување на дијалог и иновации во секторот. МАСИТ продолжува посветено да гради мостови и да создава вредност за своите членки, поставувајќи нови, повисоки стандарди за корпоративна култура и професионално дружење во Македонија.
19. 03. 2026г.
20-та годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 Recode Reality
MASIT 2.0 – „Recode Reality“: Редефинирање на улогата на ИКТ во Македонија Годишната конференција MASIT 2.0 – „Recode Reality“, одржана на 3 декември во Скопје, уште еднаш го потврди статусот на МАСИТ како клучен двигател на дигиталната трансформација во земјава. Над 300 учесници, меѓу кои еминентни експерти, компании, институции и интернационални говорници, ги споделија своите визии, искуства и стратегии за развој на ИКТ-секторот во период на интензивни технолошки промени. Темата „Recode Reality“ постави силен повик за преосмислување на улогата на технологијата – од функционална алатка, до вистински катализатор на економски раст, иновации, образовна модернизација и институционален напредок. Состојбата и потенцијалот на ИКТ-индустријата Во своето обраќање, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја нагласи зрелоста и значењето на ИКТ-секторот во Македонија. Индустријата брои речиси 3.000 компании и околу 25.000 вработени, со просечна бруто-плата од близу 150.000 денари. Само во изминатата година, секторот генерираше приходи над 1,65 милијарди евра, што го потврдува неговиот континуиран раст и стратешка важност за економијата. Присутните ги поздрави и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ги претстави реформите и насоките што ги спроведува Владата со цел забрзување на дигитализацијата на Македонија. Според него, приватниот ИКТ-сектор ќе има клучна улога во спроведувањето на овие процеси. Connectivity 2030 – Иднината на телекомуникациите и дигиталната инфраструктура во Македонија Под модерација на Иво Ивановски (EuroTeleSites AG), панелистите Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Методија Мирчев (A1 Македонија) и Брано Ѓуриќ (One Macedonia – 4iG) дискутираа за развојот и иднината на дигиталната инфраструктура и телекомуникациските услуги во Македонија.Панелот се осврна на модернизацијата на мрежите, имплементацијата на нови технологии и стратешките инвестиции кои ќе овозможат побрз, поефикасен и сигурен дигитален екосистем во земјата. Клучни говорници: Глобални перспективи и анализа на иднината Конференцијата собра врвни меѓународни експерти, меѓу кои: Пјетро Марини, директор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој ја отвори темата за трансформацијата на бизнис моделите во спортската и медиумската индустрија. Тој предупреди дека традиционалните модели на стабилност се разнишуваат, отворајќи прашања за одржливоста на целиот екосистем. Магда Јиану, менаџер за Југоисточна Европа во Palo Alto Networks, која зборуваше за најголемите предизвици во сајбер-безбедноста, особено во контекст на експлозивниот развој на вештачката интелигенција. Милош Ѓурковиќ, партнер во Amrop Serbia, кој ја истакна исклучителната важност на човечкиот капитал и систематскиот развој на талентите во процесите на дигитална трансформација. Панел-дискусии: ВИ, податоци, образование и иновации Конференцијата опфати неколку високо интерактивни панел-сесии: 1. Вештачката интелигенција и трансформацијата на бизнисот На панелот посветен на локалната примена на ВИ учествуваа:Петар Ниновски (Brainster), Благица Трпезановска (Kuehne+Nagel), Иво Павловски (Division), и Тони Јанкуловски (Diners Club).Панелот покажа дека ВИ веќе ја редефинира структурата, потребните вештини и динамиката на ИКТ-индустријата во земјава. 2. Образование и иднината на технолошките кадри Под водство на Весна Ивановска (Avenga Academy), министерката за образование Весна Јаневска и деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ) дискутираа за тоа како да се модернизираат образовните модели и да се обезбеди одржлива кадровска база.Фокусот беше на прашањето „Кој ќе ја кодира иднината?“ 3. Моќта на податоците Под модерација на Филип Петровски (МАСИТ), панелистите Александар Манев (Кроација Осигурување), Михајло Борозанов (Макпетрол) и д-р Беркан Имери (Халкбанк) разговараа за тоа како квалитетните и структурирани податоци се претвораат во вистинска бизнис вредност.Фокусот беше на подобрено донесување одлуки, оптимизација на процеси и градење конкурентна предност преку податоци. 4. Финансирање на иновации Д-р Горан Ковачев (Развојна банка), проф. д-р Иван Чорбев (ЕИТ), проф. д-р Боро Јакимовски (DigitMak) и Мухаммед Хаџи-Пази (Халкбанк) дискутираа за патот на иновацијата – од концепт до успешна реализација.Се нагласи потребата од стабилен финансиски екосистем, поголем пристап до фондови и механизми што им помагаат на иноваторите да растат и да го пласираат својот потенцијал на пазарот. Конференцијата го потврди заклучокот дека технологијата не е само алатка, туку двигател на промени што ја моделира иднината на економијата, образованието и општеството. МАСИТ продолжува да ја води дигиталната трансформација, обединувајќи знаење, иновации и партнерства за иднината на Македонија.
12. 12. 2025г.
МАСИТ со клучна поддршка за формализација на економијата преку дигитални решенија
Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, се приклучи кон националната иницијатива за намалување на неформалната економија. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја потпиша Декларацијата за партнерство и акција: „Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ“. Потпишувањето беше дел од годишната конференција на Министерството за финансии, која оваа година се одржа под насловот: „Формализирање на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Дигитализацијата како одговор на неформалната економија Учеството на МАСИТ на оваа конференција ја нагласува неопходноста од ИКТ секторот како примарен партнер во процесите на реформирање на економскиот систем. Како претставници на најдинамичната индустрија, МАСИТ цврсто стои на ставот дека технологијата е најефикасната алатка за воспоставување на ред, транспарентност и фер конкуренција на пазарот. Официјализирањето на оваа соработка преку Декларацијата е потврда за заложбите на ИКТ заедницата за системски промени кои ќе ги трансформираат неформалните деловни практики во формални, придонесувајќи за целокупниот економски раст. Клучни насоки на дејствување Согласно потпишаната Декларација, МАСИТ ќе се фокусира на примена на следните принципи преку капацитетите на ИКТ индустријата: Промовирање на дигитализацијата: Воведување на дигитални алатки и платформи кои ќе ја стимулираат формализацијата, ќе овозможат поедноставна регистрација на бизнисите и значително ќе ја намалат административната сложеност. Спречување на неформализацијата и заштита на работничките права: Преку соодветни софтверски решенија и системи, МАСИТ ќе поддржува механизми за спречување на непријавената работа и погрешната класификација на работните односи, обезбедувајќи достоинствени услови за работа. Технолошка поддршка за институциите: Јакнење на меѓуинституционалната соработка и инспекциските служби преку модернизација на нивните ресурси, со цел поефикасно спроведување на регулативата и превенција на неформалните активности. Транспарентност и аналитика: Поддршка во воспоставувањето системи за евалуација кои преку податоци и индикатори ќе дадат јасна слика за напредокот во процесот на формализација. Едукација и одговорно претприемништво: Промовирање на етички деловни практики во ИКТ секторот и подигнување на свеста за придобивките од формалното работење за целиот економски систем. Заедничка заложба за успех Годишната конференција на Министерството за финансии послужи како платформа за обединување на сите релевантни чинители. Беше истакнато дека само преку заедничка акција, меѓусекторска соработка и стратешка примена на ИКТ решенија може да се постигнат видливи резултати. МАСИТ останува активен партнер во сите натамошни чекори за имплементација на потпишаната Декларација, придонесувајќи со стручност и иновативни решенија за подобра економска иднина.
19. 02. 2026г.
Специјализиран настан: СЕПА трансфери – национални капацитети и патот кон интеграција
Специјализиран настан: СЕПА трансфери – национални капацитети и патот кон интеграција Дигиталната трансформација на финансискиот систем е во полн замав, а МАСИТ, со поддршка од својата членка КИБС АД Скопје, подготви специјализирана работилница посветена на СЕПА стандардите, нивната имплементација и значењето за ИКТ индустријата. 📅 Датум: 19 ноември 2025📍 Локација: itLabs🎙️ Модератор: г-а Маријана Андриќ, Marand Consultants и член на Надзорен одбор на МАСИТ 👉 Што да очекувате? 💡 Реални чекори за имплементација на СЕПА стандардите ⚙️ Практични насоки за техничка и регулаторна подготовка 🏦 Стручни согледувања за иднината на платните системи Настанот ќе отвори јасен поглед кон тоа зошто СЕПА стандардите се важни токму сега и како нивната имплементација може да го унапреди финансискиот и технолошкиот екосистем. Воведното излагање на Маријана Андриќ – Marand Consultants и член на Надзорен одбор на МАСИТ, ќе ги постави основите: од можностите до предизвиците што ги носи овој процес. Следуваат стручни презентации на Сандра Томановиќ – Директор на дирекција за платни системи и поврзани услуги во КИБС, која ќе ја презентира актуелната слика на СЕПА и инстант плаќањата во Европа и Македонија, улогата на КИБС во модернизацијата на платните системи и влијанието на инстант плаќањата врз финансиската динамика. Панел-дискусијата „Каде сме сега и што ни недостасува?“ ќе понуди согледувања од различни перспективи. Во неа ќе учествуваат Ана Хаџиева Ангеловска – Член на Управен одбор и Генерален секретар на Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници, Тони Трајковски – Директор на Дирекција за операции на девизни платежни услуги и платни системи во Халк Банка, и Јана Ристоска – ERP и SAP консултант во РСМ ИТ. Панелот ќе ги истакне моменталните предизвици и чекорите потребни за понатамошна интеграција на СЕПА. Настанот завршува со заклучоци и препораки од МАСИТ, по што следи неформално вмрежување. Цена за учество: – 2,500ден + 18% ДДВ по учесник за членки на МАСИТ– 4,000ден +18% ДДВ по учесник за компании кои не се членови на Комората Пријавете се на следниот линк: Регистрација Преземи Агенда
14. 11. 2025г.