11.05.2022

Отворена работна позиција во МАСИТ – ИЗВРШЕН АСИСТЕНТ

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ИЗВРШЕН АСИСТЕНТ“.

Потребни квалификации: Висока стручна спрема, универзитетска диплома

Вештини и способности:

  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Word, Excel
  • Менаџирање на социјални медиуми
  • Способност за одржување на веб страна (веб администрација)
  • Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи
  • Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници

Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи: 

  • Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците, медиумите, институциите и другите засегнати страни
  • Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ
  • Подготовка на постови и одржување на социјални медиуми на МАСИТ (Facebook, LinkedIn, Instagram)
  • Одржување на веб страна на МАСИТ
  • Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ
  • Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ
  • Подготовка на состаноци и водење на записници како и спроведување на заклучоци од истите
  • Помош при подготовка за издавање на фактури
  • Одржување и усогласување на касата во МАСИТ
  • Достава на дописи до пошта и институции
  • Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија

Времетраење на работната позиција: 6 месеци со можност за продолжување на договорот
Работно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00 часот пон-пет (40 часа неделно)
Почеток на работен ангажман 01.06.2022 (во договор со работодавачот)

Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 23.05.2022 (понеделник) до 13:00 часот.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит