Отворена работна позиција во МАСИТ – КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО/ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР
Отворена работна позиција во МАСИТ – Координатор за членство / Проектен координатор
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ Координатор за членство / Проектен координатор “.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома;
- 5 + искуство во работа во слични организации како МАСИТ како што се: Невладини организации, здруженија, асоцијации, стопански комори, јавни институции и агенции; меѓународни проекти итн.
- Одлични писмени и вербални комуникациски вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлични компјутерски вештини (MS Office, социјални медиуми, друг/финансиски софтвер);
Вештини и способности:
- Управување со база на податоци за членство и активно работење на стратегија за нови потенцијални членови и поддржувачи на комората.
- Подготовка на промотивни материјали и брошури за стекнување на нови членови.
- Обезбедување на корисни информации во доменот на ИКТ индустријата, развој на услуги и организација на настани во корист на членките на МАСИТ.
- Обезбедува информации и поддршка на работните групи и тела на МАСИТ со цел давање на професионална помош во постигнувањето на нивните цели.
- Дизајнирање и спроведување анкети за разбирање на потребите на членовите, помагање во иницијативите за односи со членовите и следење на нови трендови во индустријата кои можат да влијаат на унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
- Идентификување и креирање дополнителна веб-содржина и newsletter кои ќе се сметаат за вредни и корисни за членството на МАСИТ со цел овозможување на пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво
- Координирање на активностите и иницијативите во доменот на работната позиција.
- Помош при пишување на меѓународни проекти, буџетирање на проекти, имплементација и извршување на проект.
- Поддршка на програмскиот менаџер во извршувањето на проектите.
- Други услуги и поддршка на членките на МАСИТ секогаш кога е потребно.
Работно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00 часот пон-пет (40 часа неделно)
Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 22.08.2022 (понеделник) до 13:00 часот.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

19-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ
Ве информираме дека на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 10:30 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано, претходно одложеното, деветнаесетто редовно Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, кое оваа година воедно е изборно. Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Согласно Статутот на Комората МАСИТ, еднаш на три години се реализира изборно Собрание на кое се бираат нови претставници во телата на Комората, и тоа Управен одбор, Надзорен одбор, Судот на честа и нов Претседател на Собранието на МАСИТ. Пропратните документи се соодветно проследени до членовите на МАСИТ, согласно роковите утврдени во Статутот на МАСИТ. *Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: contact@masit.org.mk. Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.
12. 03. 2025г.