Г-дин Зоран Лазаревски, Член на Управниот одбор на МАСИТ од компанијата АССЕКО СЕЕ, е избран за член на Одборот на директори на Светската Алијанса за Информатички технологии и услуги – WITSA
На состанокот на Генералното собрание на 17 ноември 2020 година, Светската алијанса за информатички технологии и услуги (WITSA) избра свои лидери за членови на Одборот на Директори за мандатот 2020-22, вклучувајќи 23 директори од четири континенти, меѓу кои и претставникот на Управниот одбор на МАСИТ, Г-дин Зоран Лазаревски од компанијата АССЕКО СЕЕ. Воедно, за време на Генералното Собрание, за Претседател на WITSA во мандатот 2020-2022 беше избран Г-дин Yannis Sirros од Hellenic Information Technology and Communications Enterprises (SEPE) од Грција. Целосната информација за новото избрано раководство на WITSA за мандатот 2020-2022 можете да ја погледнете на следниот линк https://witsa.org/witsa-elects-new-leadership-for-the-2020-22-term-selects-mr-yannis-sirros-as-its-first-chairman-from-europe/
МАСИТ е член на WITSA од 2005 година и втор пат е дел од Одборот на директори на WITSA. Со влегувањето на МАСИТ во Одборот на директори на WITSA, МАСИТ станува активен чинител во креирањето на политиките за развој на ИКТ на светско ниво, што е од посебно значење особено во овој период во кој глобалната пандемија Ковид-19 ја постави ИКТ индустријата и потребата од дигитализацијата на сите аспекти на живеење во главен фокус на светско ниво. Преку активно учество во Одборот на директори МАСИТ ќе има можност да ги престави своите видувања и ставови и заеднички во соработка со останатите членови светски лидери да ја спроведува визијата на WITSA за градење на нов дигитален свет.
Г-дин Зоран Лазаревски, како член на Одборот на директори на WITSA во мандатот 2020-2022 ќе биде посветен на темите поврзани со дигитална транзиција како светски процес, справување со предизвиците поврзани со работната сила и образование во ИТ секторот, приватност на податоци, како и зголемување на соработката во рамки на WITSA.
“Пред се би сакал да се заблагодарам на УО на МАСИТ, Председателката Анета Пешева и Извршната канцеларија на МАСИТ, за номнацијата и поддршката која ја имав во текот на целиот процес. Можноста активно да се учествува во креирањето на политиките во ИКТ секторот на глобално ниво, представува исклучително голема обврска и одговорност за МАСИТ и за мене како представник на МАСИТ. Секако дека ова представува можност за афирмирање на МАСИТ во рамките на регионот и пошироко и во таа смисла интензивирање на меѓународната соработка на МАСИТ со други сродни комори од ИКТ” истакна Г-Дин Лазаревски,
Целосната листа на членови на Одборот на Директори на WITSA можете да ја погледнете во продолжение:
WITSA Board of Directors (2020-2022)
| Name & Title | Association & Country | |
| 1 | Mr. Yannis Sirros | Federation of Hellenic Information Technology and Communications Enterprises (SEPE) Greece | 
| 2 | Mr. Sean Seah | The National ICT Association of Malaysia (PIKOM) Malaysia | 
| 3 | Mr. Francis Fong | Hong Kong Information Technology Federation (HKITF) Hong Kong | 
| 4 | Mr. Brian Shen | Information Service Industry Association of Taiwan (CISA) Taiwan | 
| 5 | Mr. John Kyle | Business Technology Division of the Bermuda Chamber of Commerce Bermuda | 
| 6 | Dr. Boris Komrakov | Belarus Association of Software Development Companies (InfoPark) Belarus | 
| 7 | Mr. Robert Franz Janssen | Association of ICT Companies in Brazil (ASSESPRO) Brazil | 
| 8. | Dr. Vasile Baltac | Association for Information Technology and Communications of Romania (ATIC) Romania | 
| 9. | Mr. Antonio Cimorra | The Association of Electronics, IT, Communications and Digital Contents (AMETIC) Spain | 
| 10. | Mr. Zoran Lazarevski | ICT Chamber of Commerce of the Republic of North Macedonia(MASIT) North Macedonia | 
| 12 | Mr. Toshio Iwamoto | Japan Information Technology Services Industry Association (JISA) Japan | 
| 13 | Mr. Julian David | techUK United Kingdom | 
| 14 | Mr. Hemant Kumar Chaursaia | CAN Federation Nepal | 
| 15 | Ms. Choi Min Hee | Federation of Korean Information Industries (FKII) Republic of Korea | 
| 16 | Mr. Md. Shahid-Ul-Munir | Bangladesh Computer Samity (BCS) Bangladesh | 
| 17 | Mr. Alexandr Yesayan | Union of Advanced Technology Enterprises of Armenia (UATE) Armenia | 
| 18 | Mr. Alberto Patron | Cámara de Empresas de Software y Servicios Informáticos de la República Argentina (CESSI) Argentina | 
| 19 | Mr. Matthias Ifesieh | Information Technology Industry Association of Nigeria (ITAN) Nigeria | 
| 20 | Eng. Tarek Abd-elmonem Taha | Egyptian Information Telecommunications, Electronics and Software Alliance (EITESAL) Egypt | 
| 21 | Mr. Santiago Gutierrez | CANIETI Mexico | 
| 22 | Ms. Angela Mondou | TECHNATION Canada | 
| 23 | Mr. Alexander Mora-Delgado | Costa Rican Chamber of Information and Communication Technologies (CAMTIC) | 
За МАСИТ
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.
Комората ги претставува компаниите кои работат со широк спектар на ИКТ производи и услуги во Македонија и од своето основање во 2000 година, како непрофитна и волонтерска институција, на своите компании членки им овозможува пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.
МАСИТ соработува регионално и интернационално со други организации и асоцијации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balkan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ e членка на World Information Technology and Services Alliance – WITSA (www.witsa.org) од мај 2005. МАСИТ има одлична соработка со донорските организации присутни во државата.
За повеќе информации за МАСИТ посетете ја www.masit.org.mk.
За WITSA
Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) е водечки признат меѓународен глас на глобалната ИКТ-индустрија, чии членови од над 80 земји и економии претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот пазар на ИКТ. WITSA е посветена на застапување на политики кои го унапредуваат растот и развојот на индустријата; олеснување на меѓународната трговија и инвестиции во ИКТ производи и услуги; зајакнување на националните здруженија на индустрија на WITSA; и обезбедување на членовите со широка мрежа на професионални контакти.
WITSA е домаќин на Светскиот конгрес за информатичка технологија (WCIT), премиерната глобална индустриски спонзорирана ИКТ конференција.
Членовите на WITSA се лидери на глобално меѓусебно поврзан пазар. Бидејќи предизвиците со кои се соочува ИКТ индустријата се неспорно глобални по природа, членовите на WITSA работат заедно за да постигнат заедничка визија за важни прашања од заеднички интерес. WITSA им овозможува на своите членови – почнувајќи од Монголија и Аргентина до Кенија и САД – да ги идентификуваат заедничките прашања и приоритети, да разменуваат вредни информации и да презентираат единствен став за индустриски прашања.
За повеќе информации во врска со WITSA, посетете ја www.witsa.org.
 
															 
															 
															Новости
 
                    Scalefocus со три признанија од Stevie® Awards 2025 – Година на глобални победи и раст
Иновации во вештачка интелигенција, инвестиции во талент и силен раст на глобалниот пазар ја обележуваат 2025 како година на експанзија и меѓународно признание за Scalefocus. Компанијата им помага на клиентите ширум светот преку иновации, технолошка експертиза и култура што ги става луѓето на прво место. 2025 е возбудлива година за Scalefocus. Од локални иницијативи до светска афирмација, компанијата покажува како тим воден од иновации и технолошка извонредност може да направи реална разлика – за клиентите, вработените и пошироката ИКТ заедница. Глобално признание Третпат по ред, Scalefocus доби признанија на престижните Stevie® Awards: Бронза – За постигнувања во развој на компетенции и вештини, за трансформација на инженерската кариерна рамка со цел развој на талент и поголема вредност за клиентите.Сребро – Иновација на годината во енергетскиот сектор, за смартификација на енергетската индустрија преку анализа во реално време. Бронза – Најиновативна технолошка компанија на годината (до 2.500 вработени). Покрај тоа, Scalefocus е вклучена и на престижната листа Global Outsourcing 100® за 2025 од Меѓународната асоцијација на аутсорсинг професионалци (IAOP®), во категоријата Rising Star. Високите оценки во категориите за референци од клиенти, награди и сертификати, како и програми за иновации, го потврдуваат она што клиентите веќе го знаат: Scalefocus е сигурен партнер што испорачува вредност и иновации на секој чекор. Градење култура на иновации Иако индустриските награди го потврдуваат влијанието на Scalefocus, вистинската иновација почнува од внатре – таа е дел од ДНК на компанијата. За да ја поттикне креативноста и континуираното подобрување, Scalefocus по вторпат ја организираше програмата Месец на Иновации. Овој настан им овозможува на колегите да ги претворат идеите во реалност – било да се работи за оптимизација на внатрешни процеси или создавање решенија за клиенти. Месец посветен на љубопитноста, креативноста и конкретните резултати. А бидејќи иновациите се одржливи само ако се потпираат на талент, Scalefocus силно инвестира во развој на идните ИКТ лидери. Програмата Летна пракса во канцеларијата во Скопје им овозможува на студентите од ФИНКИ и ФЕИТ практично искуство преку работа на реални проекти. Така се зајакнува локалниот извор на таленти и се создаваат професионалци со вештини што ќе ѝ служат на индустријата во иднина. Оваа иницијатива ја истакнува Scalefocus како општествено одговорна компанија што вложува во идните генерации и поширокиот ИКТ екосистем. Клиентите знаат дека соработуваат со организација што размислува долгорочно – за луѓето, бизнисот и одржливиот раст. Раст и нови пазари: Експанзија во DACH регионот Додека ја зацврстува културата на иновации внатрешно, Scalefocus истовремено ја пренесува таа вредност и кон повеќе клиенти на глобално ниво. Еден од клучните пазари за раст во 2025 е DACH регионот (Германија, Австрија, Швајцарија). Проширување ќе им овозможи на клиентите во овој регон да ги искористат предностите на Scalefocus во областа на nearshoring-моделот и АI-поддржаната испорака. Клиентите ќе добијат поблиски односи, побрзи одлуки и високо ефикасни тимови усогласени со нивните бизнис цели. Водени од вредности, поттикнати од луѓето Зад секоја награда и секое постигнување стојат луѓето на Scalefocus. Вредностите на компанијата се водилка за секоја активност: Да се направи разлика: Фокус на она што е важно и испорака на мерливи резултати. Повеќе заедно: Беспрекорна соработка со клиенти и колеги. Преземање одговорност: Сопственички пристап кон секој проект и испорака со интегритет. Никогаш да не се помириме со помалку: Постојано стремење кон извонредност. Насока кон иднината 2025 е година на признанија, раст и иновации. Постигнувањата на Scalefocus покажуваат што е можно кога талентот, технологијата и стратегијата се спојуваат. Со проширено глобално присуство, стратешко лидерство на клучни пазари и култура што ја поттикнува љубопитноста и соработката, Scalefocus е подготвена да им помогне на клиентите да ја изградат следната генерација на технолошки решенија.
08. 10. 2025г.
 
                    МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.
 
                    Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.
 
                    „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.
 
                    Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.
 
                    МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.