Проксиад СЕЕ

Proxiad SEE е nearshore подружница на Proxiad Group, француска компанија со 25-годишна историја во ИТ индустријата. Proxiad SEE моментално брои 250+ луѓе во Бугарија и Северна Македонија, со канцеларии во Софија, Пловдив и Скопје. Повеќе од 18 години нашата компанија е се позиционира како долгогодишен партнер на голем број клиенти кои се во потрага по иновативни решенија, а лидери сме во доставување на IT Services and Products, како и развој и поддршка на софтвер.

Вo Proxiad SEE создаваме dedicated тимови за проминентни клиенти, со кои креираме долгорочни и стабилни проекти за нашите вработени. Во моментов, активно работиме на проекти од најразлични индустрии како healthcare, procurement, public transport, financial services, property management и многу други.

Нашиот иновативен пристап на работа ни овозможува максимално прилагодување на уникатните потреби на клиентите, кое резултира со фактот дека 75% од нашите клиенти имаат целосна доверба во нашите услуги повеќе од 5 години. Освен IT Services, горди сме на нашите два продукти кои ги развиваме од 2021 година – Desk Buddy – решение за менаџирање на работните простории на компании со хибриден mode на работа и оптимизација на трошоците поврзани со користење на канцеларии и GROW, систем за следење на перформанс на вработените, кој овозможува транспарентно и навремено задавање на цели, нивна проверка и наградување за успешно остварување на истите.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top