Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

Новости

19-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ

Ве информираме дека на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 10:30 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано, претходно одложеното, деветнаесетто редовно Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, кое оваа година воедно е изборно. Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Согласно Статутот на Комората МАСИТ, еднаш на три години се реализира изборно Собрание на кое се бираат нови претставници во телата на Комората, и тоа Управен одбор, Надзорен одбор, Судот на честа и нов Претседател на Собранието на МАСИТ. Пропратните документи се соодветно проследени до членовите на МАСИТ, согласно роковите утврдени во Статутот на МАСИТ. *Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: contact@masit.org.mk. Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.

Новости

Синергија на иновации и елеганција: Божиновски часовници и накит – нов патрон партнер на МАСИТ

Со огромно задоволство го објавуваме новото патрон партнерство меѓу МАСИТ и Божиновски часовници и накит – бренд кој веќе три децении претставува симбол на врвниот квалитет, елеганција и стил. Божиновски, како бренд кој веќе 30 години поставува стандарди за луксуз и квалитет, ќе биде наш партнер во промовирањето на иновации, технологија и создавање платформи кои ќе ја инспирираат заедницата. Нашето партнерство ќе отвори нови можности за иновативни активности, ексклузивни настани за вмрежување, нови иницијативи и уникатни можности за сите наши членови и партнери. Заедно, ќе создадеме мост меѓу традиционалната прецизност на времето и динамичната револуција што ја носат новите технологии. Следете нè и натаму и бидете во тек со новостите поврзани со претстојните заеднички активности.

Новости

Интерактивен мастерклас: Клучни вработени – клучен успех

Иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИКТ компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот Со големо задоволство Ве покануваме да се вклучите на претстојниот интерактивен мастерклас на тема: „Клучни вработени, клучен успех: – иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИТК компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот.“ Настанот ќе се одржи на 11.12.2024, од 13:00 до 15:00 часот, во просториите на ВФП осигурителен брокер на адреса: бул. Кочо Рацин бр. 3 влез 2, Скопје. Настанот е наменет за менаџери во ИКТ компании, ХР професионалци, вработени задолжени за стратешко планирање, тим лидери, раководители на сектори и највисоко раководство во компаниите. Овој мастерклас го организираме во соработка со нашите паторн партнери: Триглав осигурување живот АД Скопје и Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје. Не ја пропуштајте оваа одлична прилика за учење од експерти од областа, размена на искуства, добри практики, како и неформално дружење на нетворкинг коктел овозможен од нашите патрон партнери. На овој настан ќе имаме можност да ги слушнеме: Блаже Петревски, извршен директор во Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје, Митко Теохаров, соработник во ВФП АД Скопје, Славко Саздовски, експерт за човечки ресурси и обуки, консалтинг Саздовски. Учеството за членки на МАСИТ е бесплатно и можете да пријавите до тројца претставници од Вашата компанија. За сите останати учесници, цената е 3000 денари + 18% ДДВ по учесник. *За тројца учесници од една компанија која не е членка на МАСИТ, овозможуваме 15% попуст. Регистрацијата е достапна на следниот линк и ќе биде отворена до 09.10.2024 или се до пополнување на отворените места. РЕГИСТРАЦИЈА *Доколку се регистрирате, но бидете спречени да учествувате, Ве молиме информирајте не, за да ослободиме место за други заинтересирани учесници. Ве очекуваме!

Новости

Практична примена на AI во медицината, фармацијата и стоматологијата

Се реализираше вториот ден од 19-тата годишна конференција на МАСИТ На 30ти октомври 2024 го реализиравме вториот настан во рамки на Годишната Конференција на МАСИТ, во чиј фокус беше примената на најновите технологии во здравството. Настанот привлече над 250 гости, меѓу кои бројни експерти од ИКТ индустријата, здравствениот сектор, доктори, хирурзи, фармацевти и претставници од различни сектори. Поздравни обраќања за почеток имаа г-н Илија Господинов, претседател на Управниот одбор на МАСИТ, и г-н Јован Најденовски од Адвокатската канцеларија Најденовски, кој воедно беше и ко-организатор на вториот ден од конференцијата. Имавме огромна чест да го слушнеме излагањето на нашиот почесен гостин, г-н Сем Аталах, професор по хирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Централна Флорида (Орландо, Флорида, САД), директор на Колоректална хирургија во HCA Oviedo Medical Center и заменик-претседател на Одделот за колоректална хирургија при AdventHealth (Орландо). Следеше презентација од страна на г. Огнен Плавевски, Директор за технологии и ко-основач во 3DLoom и д-р Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија, ко-основач и медицински директор на 3DLoom, кои дадоа осврт за нивната работа и улогата на вештачката интелигенција и 3D печатењето во хируршката пракса. Тие понудија длабински преглед на тоа како вештачката интелигенција и 3D печатењето ја трансформираат медицинската слика во прилагодени хируршки алатки, специфични ортози и детални анатомски реплики за унапредување на грижата за пациентите и нивно поефикасно заздравување. Следната презентација ни ја донесе д-р Анела Тосевска, биоинформатички научник на Медицинскиот универзитет во Виена, со излагање на тема ‘Од код до лек: Како вештачката интелигенција ја револуционизира генетиката за персонализирана медицина’. Како почесен гостин говорник, таа ни покажа како AI технологиите го менуваат пристапот кон генетиката, овозможувајќи прецизен и прилагоден третман за секој пациент. Во продолжение, имавме чест да слушнеме од проф. д-р Маја Симоноска Црцаревска, редовен професор и раководител на Институтот за фармацевтска технологија при Фармацевтскиот факултет, УКИМ – Скопје, проф. д-р Зорица Наумовска, вонреден професор и раководител на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ) при Институтот за фармацевтска хемија, и асистент Евгенија Михајловска, специјалист по клиничка фармација од истиот Институт. Нивната тема ‘Употребата на ВИ во истражување, развој и производство на лекови, користење на big data анализи за ефектите и примената на лековите и развој на персонализирани терапии’ ни донесе динамична дискусија која ни ги откри најновите трендови и иновации од овој напреден домен на медицината и фармацијата. Понатаму, продолживме со презентацијата од страна на доц. д-р Горан Спиров, специјалист по радиологија и нуклеарна медицина, и м-р Сашо Николовски, специјалист по медицинска нуклеарна физика, професионалци од Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија – ПЕТ Центар. Темата на која ни говореа беше Радиомици во ПЕТ/ЦТ: моќта на медицинските слики и се фокусираше на тоа како радиомиката го отклучува потенцијалот на ПЕТ/ЦТ технологијата за подобро разбирање и прецизно дијагностицирање во медицината. Следно на конференцијата, имавме прилика да го слушнеме проф. д-р Анис Сефиданис, професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии ‘Св. Апостол Павле’ – Охрид, и основач на Центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии ‘СЕФИДАНИС’. Неговото излагање на тема ‘Вештачка интелигенција и трансхуманизам: Како да го редефинираме човечкиот потенцијал?’ нè натера да размислуваме за иднината на технологијата и нејзината интеракција со човечките способности. На тема Вештачка интелигенција во стоматологијата – иднината на протетиката, хируршките зафати и превентивната грижа, ги проследивме врвните доктори од оваа област во нашата земја. Д-р Александар Илиев, специјалист по максилофацијална хирургија, ни откри како се применуваат современите технологии за 3D визуелизација и печатење во краниофацијалната хирургија, што отвори нови перспективи за подобрување на хируршките процедури и пациентската грижа. Доц. д-р Елена Петрова, специјалист ортодонт на Клиниката за ортодонција и едукатор на специјализантите од УКИМ и УГД, која говореше на тема Улогата на вештачката интелигенција во современата ортодонтска пракса, истакнувајќи како AI технологиите го трансформираат пристапот кон дијагностика и третман во ортодонцијата. Продолживме со уште една продуктивна панел дискусија на тема ИКТ и ВИ – моментални технологии и трендови за развој, достапни алатки и иновативни решенија за иднината. Фокусот на оваа дискусија беше на најновите иновации и практики во ИКТ индустријата поврзана со здравствениот сектор, а учествуваа д-р Стојан Николиќ, MSc, бизнис развоен консултант и ко-основач на Модерм, агенција за здравствен маркетинг, г. Марјан Николовски, основач и извршен директор на EMIT Knowledge, г. Синиша Јовиќ, биомедицински инженер од Proxiad SEE и г. Томче Делев, главен софтверски инженер и раководител на развој во Sorsix. Кон крајот на овој продуктивен ден, имавме чест да ја слушнеме г-а Александра Манолчева од EIT Community RIS Hub, која одржа презентација на тема ‘HealthTech глобални трендови и EIT Health можности за македонскиот екосистем’. Во своето излагање, г-а Манолчева ја истакна важноста на глобалните трендови во здравствената технологија и како тие влијаат на развојот на локалниот сектор. Таа ги презентираше можностите што EIT Health ги нуди за македонските претпријатија и иноватори, вклучувајќи поддршка за стартапи и иницијативи за истражување и развој. Презентацијата беше инспиративна и предизвика голем интерес меѓу учесниците, укажувајќи на потенцијалот за унапредување на здравствениот екосистем во нашата земја. МАСИТ и Адвокатската Канцеларија Најденовски, упатуваат огромна благодарност до сите поддржувачи, спонзори и патрон партнери на комората. Благодарение на нивната поддршка, конференцијата не само што беше успешна, туку и исполнета со значајни дискусии, нови идеи и партнерства кои ќе придонесат за развојот на нашата индустрија. Галеријата со фотографии од вториот ден на конференцијата, може да ја пронајдете на нашата Фејзбук страна во албумот, достапен на следниот линк.

Новости

Се одржа 19-тата традиционална Годишна Конференција на МАСИТ

Во два дена, разговаравме за вештачката интелигенција наспроти работната сила, како и нејзината примена во здравството На 29 и 30 октомври 2024 година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, ја реализираше својата традиционална годишна конференција по 19-ти пат. Два дена исполнети со врвни говорници, панелисти, дискусии, публика од различни сфери и многу вмрежување. 29.10.2024 – „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“ Првиот ден од конференцијата, 29 октомври, беше посветен на контроверзното прашање за балансот помеѓу вештачката интелигенција (ВИ) и традиционалната работна сила. Во серија панел дискусии и презентации, присутните имаа можност да слушнат искуства и видувања од реномирани предавачи и панелисти од различни индустрии. Темите вклучуваа примена на ВИ во бизнисот, работните позиции кои најмногу се под влијание на автоматизацијата, како и начините на кои компаниите, менаџерите и вработените можат да се адаптираат и да ја искористат ВИ како алатка за иновации. Конференцијата беше отворена од страна на Претседателката на Собранието на МАСИТ, г-а Анета Пешева, Министерот за дигитална трансформација, г-н Стефан Андоновски и Директорот на канцеларијата за економски раст на УСАИД, г-н Тимоти Онг. Компанијата Вектор 8 беше еден од официјалните поддржувачи на првиот ден и овозможи да слушнеме врвни професионалци како главни почесни говорници. Кристоф Томен и Кетрин Ф. Симон ја акцентираа соработката помеѓу луѓето и машините, едукацијата на талентите и нивната адаптација како клучни поенти за ефективна примена на вештачката интелигенција. Првата панел сесија на конференцијата беше посветена на јавно-приватниот дијалот. Имавме значајни говорници кои привлекоа големо внимание во оваа дискусија што ја предводеше г-а Весна Иваноска, директор на Qinshift Academy и заменик претседател на Управниот одбор на МАСИТ. На панелот учествуваа проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука, г. Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик министер за дигитална трансформација, г. Илија Господинов, претседател на Управниот одбор на МАСИТ и г. Небојша Мојсоски, директор на активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities (YACO), а имавме можност да ги слушнеме како заедно ги разгледуваат можностите за унапредување на механизмите со кои се создаваат вредности за општеството преку вакви партнерства. Проф. д-р Анис Сефиданис, познат иноватор и креатор на првиот хуманоиден робот во регионот, остави голем впечаток на присутните гости со својата презентација. Исто така, на панел сесијата: „ВИ: закана или можност за работните места?“ која ја водеше г-а Дина Ивановиќ, Site and Recruitment Lead од Proxiad SEE, разговаравме за тоа – кои предности вештачката интелигенција ги создава на пазарот на труд и кои работни позиции се најмногу изложени на ризик? Професионалци од областа дадоа одговор и за тоа кои вештини се препорачува да бидат насока за идните студенти и кои алатки во мометнот најмногу се користат и во ИТ компаниите. На оваа сесија, слушнавме претставници од овогодинешните сребрени спонзори, и тоа: Г-а Верица Јакимовска, магистер по менаџмент на човечки ресурси, специјализирана за нови стратегии за работа со човечки ресурси, координатор на платформата за вработување www.esi.mk, иницијатор и раководител на ESI, Г-а Елена Димовска, магистер и Microsoft Certified Trainer и Certnexus Authorized Instructor, која работи во Семос Едукација. Г-н Симон Петков, магистер по информатички науки и главен системски архитект во Scalefocus. Едукацијата беше една од темите која се провлекуваше во текот на целиот конференциски ден. Токму на темата за премостување на јазот во вештини – обучување на работната сила на иднината, имавме експертски панел со искусни еминентни говорници: Г. Никола Живков, раководител за развој во Qinshift, Д-р Игор Трајковски, основач на Time.mk, професор и истражувач, Д-р Миодраг Цекиќ, водечки технички консултант за CSE/R&D во IWConnect. Сесија беше под покровителство на овогодинешниот златен спонзор на конференцијата- Qinshift Academy. На конференцијата се реализираше дискусија на уште една многу значајна тема: „Управување засилено со вештачка интелигенција – Редефинирање на менаџерските улоги“. Оваа панел сесија ја водеше г.Дамјан Манчевски, Директор за стратешки клиенти и генерален менаџер за Балканот во MAK-SYSTEM International Group. На панелот учествуваа: М-р Софче Јовановска, генерален менаџер на Скеилфокус, Г. Горан Петревски, директор на продажба во АСЕЕ Групација, Г. Филип Петровски, CEO и Data Architect во Data Masters. Имавме можност да слушнеме плодна дискусија за менаџерскиот аспект на вештачката интелигенција, со посебен акцент на редефинирањето на менаџерските улоги во контекст на модерните технологии. Панелистите разговараа како вештачката интелигенција може да ги промени традиционалните менаџерски практики, да ја подобри ефикасноста на одлуките и да овозможи иновативни пристапи во управувањето на тимовите и ресурсите. Дискусијата вклучуваше примери од практиката, анализирајќи предностите и предизвиците кои произлегуваат од интеграцијата на вештачката интелигенција во менаџментот. Учесниците активно споделуваа идеи за тоа како технологијата може да влијае на идниот развој на управувањето и на новите стратегии во менаџментот. Дискусијата особено динамична и корисна за сите присутни. Практичен удел на експертиза и знаење, како и регионална перспектива и употреба на вештачката интелигенција во агробизнисот и туризмот беше во фокусот на панелот „Иновации водени од вештачката интелигенција – поместување натрадиционалните бизнис модели“, модериран од г. Горан Дамовски, Тим лидер на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, која го овозможи овој регионален преглед. Водечкиот Институт за истражување и развој за информатички технологии на биосистемите и пионер во дигиталната трансформација на земјоделството, BioSense Србија, претставен од г-а Милица Трајковиќ, раководител на Одделот за иновации и развој на бизнисот, ја истакна имплементацијата на системот за идентификација на земјишни парцели LPIS во Србија. г-а Трајковиќ истакна дека „Со собирање на теренски податоци и користење на вештачка интелигенција со 99% прецизност за LPIS, Србија има референтна база на податоци за своите земјоделски парцели. На овој начин може да се лоцира целото подобно земјоделско земјиште содржано во референтните парцели и лесно да се пресмета максималната подобна површина“ Г-н Милан Баниќ, вонреден професор на Машинскиот универзитет во Ниш, го претстави AgAR – земјоделски автономен робот. Опремен со софтвер за далечинско управување, предефинирано движење на патеката и автономна навигација со сензори за избегнување пречки, AgAR е идеално земјоделско помагало. „Роботот AgAR базиран на вештачка интелигенција е проект помеѓу ИКТ компанија и технички факултет. Ова е одличен модел кој покажува како академијата и индустријата можат ефективно да соработуваат.“ Г-н Баниќ нагласи дека АГАР има за цел да го зголеми земјоделското производство и да ги намали оперативните трошоци, таргетирајќи ги средните и поголемите производители. Сепак, тој го истакна предизвикот да се убедат земјоделците да прифатат нови технологии. г-н Срѓан Крчо, извршен директор на DunavNET, говореше за

Новости

19та годишна конференција на МАСИТ – 29.10.2024 и 30.10.2024 🚀

Со голема чест и задоволство би сакале да ви ја најавиме традиционалната, годишна конференција на МАСИТ, која оваа година се одржува по 19-ти пат. Очекувајте висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI).  Оваа година, во два дена ќе ги здружиме повторно сите клучни засегнати страни и ќе имаме можност да дискутираме и научиме повеќе за трендовите кои го движат светот напред, да дознаеме до каде е Македонија на тој пат и кои се следните чекори кои треба да се превземат за да не доцниме зад останатите земји. Побрзајте и нарачајте ги Вашите билети по специјала Early bird цена, преку веб страната на конференцијата: www.masitconference.mk каде може да ја разгледате програмата, говорниците и можностите за Ваше вклучување. 29.10.2024 – „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“ –  официјален ден на годишната конференција на МАСИТ и 30.10.2024 – „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ – во соработка со Адвокатска Канцеларија Најденовски, ко-организатор на настанот за вториот ден. 📍 хотел АЛЕКСАНДАР ПАЛАС Се надеваме дека ќе уживате во програмата на овогодишната конференција!

Новости

ХАЛКБАНК – НОВ ПАТРОН ПАРТНЕР НА МАСИТ

Со задоволство соопштуваме дека ХАЛКБАНК АД Скопје официјално се придружи како нов патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Оваа соработка е резултат на веќе воспоставените деловни релации и нашата заедничка визија за поддршка и развој на ИКТ секторот во земјата.Денес (17.10.2024), во просториите на ХАЛКБАНК АД Скопје, се одржа и официјална средба на која претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, г-дин Илија Господинов, се сретна со генералниот директор на Халкбанк АД Скопје, Д-р Билал Суџубаши. На состанокот разговаравме за идните чекори и иницијативи што ги предвидуваме како дел од ова значајно партнерство.Ние веруваме дека со зацврстувањето на ова партнерство ќе придонесеме кон дополнителен раст и унапредување на ИКТ индустријата во државата.

Новости

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД СКОПЈЕ – НОВ ПАТРОН ПАРТНЕР НА МАСИТ

Со голема чест Ви соопштуваме дека осигурителната компанија Триглав Осигурување Живот АД Скопје која е дел од водечката осигурително – финансиска групација во Југоисточна Европа – групацијата Триглав, е нов патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Во рамки на оваа соработка, Триглав Осигурување Живот АД Скопје ќе овозможи специјално дизајнирани пакети за менаџерско осигурување на живот наменети за компаниите членки на МАСИТ, со кои ќе овозможи зајакнување на припадноста на клучните кадри, со истовремена врвна осигурителна заштита и покритие. Специјалните пакети за осигурување на Триглав Осигурување Живот АД Скопје наменети за членките на МАСИТ претставуваат одлична алатка за: Зголемување на лојалноста и задоволството на клучните кадри на компаниите членки; Стимулирање на лојалност преку интегрирање на полисите за осигурување како начин за наградување и задржување на квалитетните и компетентни човечки ресурси; Дефинирање на различни пакети и поволности за различни позиции согласно хиерархија. Препознатливоста на брендот Триглав зборува за високиот квалитет на осигурителните услуги кои повеќе од 120 години ги следат европските трендови, а сега се достапни да одговорат на потребите на компаниите члени на МАСИТ.   Искористете ја ексклузивната можност да се запознаете со специјалните пакети за менаџерско осигурување на Триглав Осигурување Живот АД Скопје со посета на нивниот штанд на претстојната Годишна конференција на МАСИТ. Од сега, во партнерство со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, ќе делуваме заедно на поттикнување на растот и развојот на ИКТ бизнис опкружувањето. Нашата цел е да овозможиме иновативни решенија и да ги унапредиме бенефициите на компаниите од овој динамичен сектор. Со споделување на знаења и ресурси, оваа соработка не само што ќе ги зајакне нашите компании, туку и ќе создаде нови можности за сите учесници во ИКТ екосистемот.

Новости

IT4Charity 2024: Иницијатива на заедницата која прави разлика!

Со радост и голем ентузијазам, МАСИТ се вклучува како поддржувач на IT4Charity 2024, иницијативата која по шести пат ја обединува нашата заедница во Македонија, со цел прибирање средства за децата без родителска грижа и родителите од згрижувачките семејства, поддржани од СОС Детско село. Годинашниот концепт ја задржува познатата хуманитарна трка на која трчаат тимовите на компаниите кои донираат и додава уште еден еколошки момент, рециклирање. Имено, оваа година со помош на апликација на Пакомак, тимовите на компаниите имааат можност да рециклираат пластични шишиња и лименки во вендинг машините на Пакомак, и собираните зелени поени да ги донираат за СОС Детско село. А Пакомак, пак, таа донација ќе ја удвои. „Се обидовме да направиме спој на две општествено важни каузи, социјалната која значи поддршка на децата од загрижувачките семејства интегрирани во локалната заедница, но и еколошката, како неопходна во времето во кое живееме. Ние се грижиме за децата да имаат стабилна и сигурна иднина, но не помалку е битно и каков свет ќе им оставиме, па затоа преку еколошката компонента сакаме да пратиме порака за поголема еко свест нагласувајќи дека здравата животна средина е одговорност на сите нас.“ велат од СОС Детско село. Главниот настан годинава ќе се случува на 15 септември, во Градски Парк Скопје, а сите собрани средства ќе се наменат за професионална поддршка на над 70 згрижувачки семејства интегрирани во локалната заедница кои згрижуваат над 140 деца без родителска грижа. Ова претставува уникатна можност за компаниите членки на МАСИТ и нивните вработени, како едни од општествено најодговорните, да се вклучат во хуманитарни активности, истовремено промовирајќи здрав животен стил, но и еколошка свест. IT4Charity 2024 е одлична можност за компаниите, не само да ја покажат својата општествена одговорност, туку и да ја зајакнат корпоративната култура преку тимска кохезија и заеднички активности. За повеќе информации и пријавување учество, посетете ја веб страница на СОС Детско село https://sos.org.mk/it4charity/. Заедно можеме да направиме разлика!

Scroll to Top