Регионалната tech соработка започнува во Скопје: Digital Bridge & Business ICT Forum 2026 – 04.06.2026
За првпат се создава организирана business bridge платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор. На 4 јуни 2026 година во Скопје, Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии МАСИТ, во соработка со грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE, го најавуваат одржувањето на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“. Овој форум претставува прва организирана „business bridge“ платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор, со цел поттикнување на регионалниот раст, отворање нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји. Програма на настанот Настанот ќе биде отворен со обраќања на високо министерско и амбасадорско ниво, по што ќе следува свечено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE. Програмата предвидува стручни презентации за состојбите во ИКТ секторите во двете земји, пленарен преглед на процесите на дигитализација во клучните индустрии, како и сесии за однапред закажани B2B состаноци. Целосната агенда за настанот е достапна на следниот линк: Превземи PDF Агенда Регистрација и Matchmaking Учеството на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ нуди стратешка можност за македонските компании да остварат директен контакт со повеќе од 20 реномирани грчки ИКТ компании кои доаѓаат во Скопје со цел воспоставување конкретна деловна соработка. Форумот е конципиран да поттикне не само соработка во рамки на технолошкиот сектор, туку и меѓусекторско поврзување. Покрај ИКТ секторот, на настанот се очекува присуство на компании од различни индустрии, со што се отвора широк простор за дигитализација на бизнис процесите и директни средби помеѓу домашните ИКТ добавувачи и потенцијални клиенти од други стопански гранки. Преку наменската B2B платформа, сите учесници ќе можат ефикасно да го менаџираат своето време и да реализираат однапред закажани состаноци со точно дефинирани деловни цели, како за регионална експанзија, така и за внатрешна дигитална трансформација. За учество на форумот и максимално искористување на потенцијалот за вмрежување, задолжителна е регистрација преку нашата официјална платформа. Ова е единствениот начин за да станете дел од B2B заедницата и да ги закажете вашите состаноци. Зошто да се регистрирате? Бидете видливи: Вашата регистрација на платформата е вашиот „дигитален штанд“ – грчките компании тука го бараат својот следен партнер. Осигурајте ги вашите термини: Состаноците се со ограничено времетраење и се закажуваат по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Целосна агенда на дланка: Со креирање профил, добивате персонализиран преглед на сите активности и сесии Регистрација По регистрацијата, веднаш ќе можете да го поставите вашиот профил и да почнете со пребарување на партнери. Следете ги измените на платформата во реално време и дознајте кои се компании ќе бидат дел од настанот. Цена за учество Форумот е наменет за пошироката ИКТ и деловна заедница и е отворен за учество на сите заинтересирани компании и професионалци. Цената за индивидуално учество (1 лице) изнесува 70€ + ДДВ, додека за делегатско учество (до 2 лица) изнесува 110€ + ДДВ. 💡 Како дел од придобивките од членството во МАСИТ, компаниите членки на МАСИТ остваруваат право на повластена цена, при што цената за индивидуално учество изнесува 30€ + ДДВ, а за делегатско учество (до 2 лица) 50€ + ДДВ. Во цената е вклучен целодневен пристап до сите сесии, користење на B2B платформата и ручек за вмрежување. Станете партнери на „Digital Bridge & Business ICT Forum“ Вашиот бренд може да биде дел од овој значаен регионален настан. Отворени сме за соработка со партнери кои сакаат дополнителна промоција и видливост за време на форумот. За повеќе детали околу партнерските пакети, контактирајте нè. Лице за контакт: Елена Петрушевска – Директорка на ИК на МАСИТ 📧 elena.petrushevska@masit.org.mk 📞 +389 75 257 095 Со фокус на реални придобивки и стратешка регионална експанзија „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“ ја поставува основата за долгорочна економска синергија, докажувајќи дека вистинската регионална tech соработка започнува токму тука. Форумот е поддржан од Стопанска Банка АД Скопје Локација: Хотел Holiday Inn Скопје Ве очекуваме!









