Новости

14тото годишно Собрание на МАСИТ

Се одржа 14тото годишно Собрание на МАСИТ- Стопанска Комора за ИКТ. Претседателот на Собрание – Goran Poposki ги поздрави присутните со афирмирање на сите досегашни успеси на комората постигнати во изминатата година и пол, а претседателката на Управниот Одбор Aneta Peseva, детално ги информираше сите присутни компании за активностите во кои комората беше активно вклучена изминатиот период. Посебен акцент беше ставен на потребата од проширување на бројот на членови на Управниот Одбор на МАСИТ поради сé поголемата ангажираност, посветеност и визибилност на МАСИТ во делот на остварување на целите и потребите кои компаниите членки ги имаат, со цел успешна промоција и лобирање пред надлежните институции. Особено сме горди што оваа година седницата на Собранието на МАСИТ се одржа целосно онлајн, а присуството на фирмите беше на највисоко можно ниво до сега. Погледнете дел од атмосферата тука:

Новости

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Министерството за информатичко општество и администрација

МАСИТ заедно со МИОА го потпишаа меморандумот за соработка во насока на афирмација на областите од заеднички интерес, реализација на заеднички активности и други форми на меѓусебна соработка. Овој меморандум има за цел да обезбеди соработка помеѓу МАСИТ и МИОА со цел да се искористат надлежностите и референтните познавања на проблематиката и ИКТ. Посебен акцент во меморандумот е ставен на: Меѓусебна консултација во сите процеси на донесување на стратегии, закони, подзаконски акти и други акти кои се од значење за остварување на целите на ИКТ индустријата во Република С. Македонија Подобрување на ефикасноста на работата на ИКТ секторот и ИКТ кадрите Подигање на нивото на дигитална писменост кај граѓаните преку организирање на обуки Унапредување на условите за ефикасна и одржлива конкуренција на пазарот за електронски комуникации Поттикнување на инвестиции во јавните електронски комуникациски мрежи со воведување на нови технологии и услуги, а особено со воведување на следни генерации на јавни електронски комуникациски мрежи

Новости

Покана за настан – “Можности за поддршка на дигитална трансформација преку проектот Патека за дигитализација”

Ве покануваме на претстојниот настан “Можности за поддршка на дигитална трансформација преку проектот Патека за дигитализација” кој ќе се одржи онлајн на 30.09.2020 (среда,) во 11:00 часот. Настанот е организиран од страна нa МАСИТ како имплементатор на проектот “Патека за дигитализација” – проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата кој МАСИТ го спроведува во партнерство со СТИКК – Косовска ИКТ асоцијација и ICT Net од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк. Целта на настанот е да се претстават активностите на проектот како и објавените повици за поддршка на дигитална трансформација на компании кои работат во секторите: земјоделство, облека и текстил, преработка на дрво и туризам (eко, рурален и активен). Поканата и агендата на настанот можете да ги погледнете подолу. Сите заинтересирани за присуство на настанот е потребно да се регистрираат онлајн со пополнување на следната регистрациска форма:  https://forms.gle/47ubXtfonvLizaD8A по што ќе го добијат линкот за вклучување на настанот. Повеќе информации за објавениот Повик за поддршка во креирање на Стратегии за дигитална трансформација можете да најдете на следниот линк .

Новости

Повик за аплицирање на компании за поддршка за креирање на стратегии за дигитална трансформација

Ве информираме дека МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, во рамки на проектот “Патека за дигитализација” финансиран од УСАИД проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, објавува повик за поддршка за креирање на персонализирани стратегии за дигитална трансформација за компании кои работат во следните сектори: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам (eко, рурален и активен) Проектот ќе обезбеди стручна помош од искусен консултант, кој ќе ги поддржи компаниите ефикасно да ги идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои им се потребни и кои потенцијално би имале најголем допринос за подобрување на деловното работење на компанијата. Креирањето на персонализарана дигитална стратегија има за цел да ги анализира тековните деловни процеси и да ги разбере потребите, проблемите и предизвиците на компанијата, врз основа на кои ќе бидат разработени детални препораки за имплементација на ИТ решенија со цел да се подобрат деловните операции на компанијата, со цел поефикасно и поефективно работење и намалување на трошоците во нивното секојдневно работење. Што може да очекуваат пријавените компании? Работа со искусен консултант Креирање на персонализирана стратегија за дигитална трансформација Повикот е наменет за 10 компании од земјава кои ќе се пријават за креирање на стратегија за дигитална трансформација Рокот за апликации е најдоцна до 9.10.2020. Заинтересираните компании е потребно да го пратат пополнет образецот за изразување на интерес, заедно со копија од Тековна состојба издадена од Централен регистар на следната емејл адреса: elena.petrushevska@masit.org.mk, контакт лице: Елена Петрушевска. Сите детални информации околу повикот, можете да ги прочитате во целосниот ПОВИК. Превземи PDF

Новости

ПРВ НАЦИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ПРЕТСТАВЕН СО ШВАЈЦАРСКА ПОДДРШКА

Скопје, 21 септември, 2020. – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ го презентираше првиот извештај за ИКТ индустријата во Република Северна Македонија. Околу 150 претставници од ИКТ компании, релевантни државни институции, стопански комори, донаторската заедница, како и универзитетите кои подготвуваат ИКТ работна сила, се приклучија на онлајн настанот за да ги слушнат и дискутираат заклучоците и препораките од овој извештај. Извештајот за ИКТ индустријата се заснова на статистички анализи од повеќе извори како Државен завод за статистика, НБРМ и Централен регистар, во комбинација со повратни информации од индустријата, добиени преку прашалник спроведен со 106 ИКТ компании. Во извештајот се вклучени генерални и конкретни податоци и информации за ИКТ индустријата и пазарот, прогнози, анализа на образованието и развој на човечки ресурси во секторот, како и препораки за  понатамошни истражувања и развој. Извештајот е подготвен со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, а изработен од страна на домашната компанија за истражување и консалтинг Инсајдер ИД и бонитетната агенција Таргет Груп. Дополнително, беше изготвен и Извештај за извоз на ИКТ. На настанот се обрати Заменик Претседателот на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, кој посочи дека здравствената и социо-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19, го покажа значењето на ИКТ секторот, за економскиот развој и колку дигитализацијата како процес во сите сектори е важна. „Кризата нè принуди да направиме чекор напред во дигитализацијата на сите процеси, а претходно голем број од компаниите велеа дека не се подготвени за вакви промени. Ова е добар момент да го фатиме убрзано чекорот со светските трендови и развиените западни економии. Како еден од првите чекори за стимулирање на овој сектор е планот за целосно укинување на личниот данок на доход, т.е. од сегашните 10% во 2023 да биде на 0%, којшто го добивме како предлог од МАСИТ и го прифативме со намера да биде доволен поттик за задржување на професионалците во ИТ индустријата и развојот на ИТ индустријата “ нагласи Битиќи. Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер, во своето обраќање се осврна на дел од заклучоците од извештајот. „Еден од предизвиците што го забавуваат растот на ИКТ секторот е недостаток на квалификувана работна сила, тренд за кој е предвидено дека ќе расте и во иднина. За секторот да стане поотпорен на надворешни предизвици, но и за да се зголеми извозот, потребно е да се поддржи развојот на македонски ИКТ производи. Преку нашата програма ИМЕ им помогнавме на неколку ИКТ компании да развијат иновативни софтверски решенија за странски пазари “. – изјави амбасадорката Зутер, која исто така истакна дека вакви ажурирани и релевантни информации и податоци од секторот ќе им помогнат на владините институции да креираат политики засновани на истражувања, анализи и докази. Овој извештај ќе им послужи на МАСИТ и ИКТ бизнисите да се застапуваат за подобра бизнис регулатива која ќе им овозможи на ИТ компаниите да растат и да остварат повеќе вработувања. „Со гордост може да кажеме дека МАСИТ за прв пат располага со извештаи за ИКТ секторот и ИКТ извозот со детални и релевантни статистички податоци и информации за моменталната состојба во секторот, како и прогнози за во иднина.”, истакна Анета Пешева, претстедателка на Управен одбор на МАСИТ. На основа на заклучоците и препораките од извештајот, МАСИТ ќе ги планира и приоретизира своите напори за застапување во иднина, и тоа: 1) создавање национална ИКТ стратегија за интернационализација; 2) подобрување на понудата на квалификувана работна сила; и 3) зајакнување на бизнис опкружувањето преку поповолни даночни политики во секторот. Предвидено е дека спроведувањето на овие реформи ќе придонесе за раст кај ИКТ компаниите во однос на нивниот приход, број на вработени и платите во секторот. Линк до извештајот за извоз Линк до извештајот за целата индустрија Презентацијата од настанот може да ја превземете во продолжение. Превземи PDF

Новости

Прирачник за имплементација на законот за заштита на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци стапи во сила на 25.2.2020 година, а преку прирачникот компаниите имаат можност да се запознаат со практичната имплементација на обврските кои се дел од Законот за заштита на личните податоци базирани на европските практики. Законот определува во кои случаи може да се обработуваат лични податоци и кои принципи мора да се почитуваат при тој процес и исто така ја промовира обврската на отчетност, односно обврска на компаниите да може да ја докажат својата усогласеност со законот. Во продолжение можете да го превземете прирачникот за заштита на лични податоци. Превземи PDF

Новости

Повик за ангажирање на консултант/ти во рамки на проектот Digitalization path

МАСИТ неодамна започна со реализација на проектот “Digitalization path” финансиран од УСАИД Проектот за Економски развој, управување и активности за раст на претпријатија, со цел да ја поддржи дигиталната трансформација на компаниите од секторите земјоделство, текстил, преработка на дрво и туризам во Северна Македонија, Косово и Србија. Проектот се имплементира од страна на МАСИТ, во партнерство со STIKK од Косово и ICT NET од Србија. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк. Во рамки на проектот објавуваме ПОВИК за ангажирање на консултант/ти за креирање на стратегии за дигитална трансформација, кој можете да го преземете на следниот ЛИНК. Опис на ангажманот: Ангажираниот консултант (ти) ќе биде задолжен да направи лични стратегии за дигитална трансформација за компании од следните сектори: Земјоделство и преработка на овошје и зеленчук, лесно производство (обувки и текстил, преработка на дрво) и туризам (еко туризам, рурален туризам и авантуристички туризам) Целта на секоја стратегија е ефикасно да се идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои потенцијално би имале најголем допринос во подобрувањето на секојдневното работење на компаниите од секторите кои се таргетирани во рамки на проектов. Предвидени се два циклуси за креирање на стратегии за дигитална трансформација. Првиот циклус е предвиден да се имплементира во периодот октомври – ноември, а вториот во периодот април – мај 2021. Консултантот/тите е предвидено да направи: стратегии за дигитална трансформација (предвидено е да се направат вкупно 20 стратегии за македонски компании односно 10 стратегии по консултант, а 5 стратегии во еден циклус) наративен извештај за состојбата и препораките за компаниите кои ќе бидат вклучени по завршување на циклусот методологија за креирање на стратегии за дигитална трансформација (за која ќе биде избран само еден од консултантите) Сите останати детали во врска со повикот, можете да ги погледнете на следниот линк. Повикот се однесува за ангажирање на консултант/ти како физички лица, кои е потребно да достават понуда, најдоцна до 18.9.2020, со приложување на сите потребни документи според ToR во прилог. Ќе бидат избрани максимум двајца консултанти по држава. Превземи PDF

Новости

Презентација на извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија

Ве информираме дека во изминатиот период МАСИТ со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е на Швајцарската агенција за развој и соработка, интензивно работеше на креирање на првиот локален Извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија, кој беше изработен од страна на домашната компанија за истражување и консалтинг ИнсајдерИД и бонитетната агенција Таргет Груп. Со цел промоција на извештајот Ве покануваме на Онлајн презентација на извештајот за ИКТ индустријата во Северна Македонија која ќе се одржи во понеделник, 21.09.2020, од 10:00 до 12:00 часот. Агендата можете да ја погледнете во продолжение. Ве молиме вашето учество регистрирајте го на следниот линк https://forms.gle/Y1L5kgZp3Ydt9Ake8 најдоцна до 18.09.2020. Линкот за вклучување на настанот дополнително ќе биде доставен до сите регистрирани учесници. Превземи PDF

Новости

NetSuite supporting the growth of MASIT Skopje

#COVID19 did put a strain on most of the business and while navigating through the uncertainty, firms tend to improve internal business processes and build resilience. Support through this process is invaluable.  Correspondingly, “NetSuite supporting the growth of MASIT Skopje” is a real example how a cloud ERP can facilitate the management of resources in the fastest growing association gathering about 100 leaders in ICT industry. Representing the sector “in charge for the digital world”, MASIT is heading a step forward to meet the needs promptly. Handling multiple projects and supporting an innovation-driven economy, MASIT embraces NetSuite cloud platform to ease management of its complex projects. Apart of detailed financial reporting main advantage is the functionality to drill down to simple transaction and activity. NetSuite designed for non-profit means: Comprehensive features, including GL, AR, AP, cash management, statistical accounting, allocation schedules, and real-time financial reporting Consolidated processes within one system Automated financial processes and improved productivity with approval routing workflows for Journal Entries, Purchase Orders and Vendor Bills Real-time access to the financial and operational performance Automated transactions and reduced manual data entry / errors A combined Statement of Revenues and Expenditures which includes the Net Asset categorizations, can be filtered for a single grant or provide a comparative view of all grants For the third year in a row, Gartner Inc. has evaluated Oracle NetSuite in the Leaders quadrant of its Magic Quadrant for Cloud Core Financial Management Systems. The first ERP system to be built for the cloud from the ground up, NetSuite has been able to reap the advantages of companies moving from on-premises systems. Gartner noted the shift in the report. Perfect suit for distributed workforce: ease of access any time, from anywhere with only a browser and an internet connection. Harnessing MASIT’s data with NetSuite, the goal is to grow their own mission. More info about NetSuite for non-profit is available at https://www.netsuite.com/portal/industries/nonprofit.shtml

Новости

Аплицирај за практична работа

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува Оглас за прием на практикант Потребни Квалификации: ВСС, Економски факултет, со предност на дипломирани од отсекот Е-бизнис (со и без работно искуство во дејноста) Вештини и способности: Способност за самостојна и тимска работа Динамични, иницијативни и насочени кон резултати Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој Одлично познавање на англиски јазик Одлично познавање на Microsoft Word, Excel Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност) Способност за одржување на веб страна (веб администрација) Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници Флексибилност за работа на терен Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:  Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците медиумите, институциите и другите засегнати страни Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ Подготовка на 3 месечен е-информатор на MailChimp Подготовка на кампања и креатива за одржување на социјални медиуми Одржување на веб страна на МАСИТ Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ Достава на дописи до пошта и институции Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија Времетраење на работната пракса: од 3 до 6 месеци со 8 часовно работно време Надоместок: Согласно Закон за практикантство Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 26.08.2020.

Scroll to Top