Новости

Форум – Бизнис клима за ИКТ индустријата – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?

Бизнис клима за ИКТ индустрија – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ? Денес, 16 септември 2019 година, во Битола, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, одржа Форум за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ индустријата. Целта на настанот беше да се презентираат и дискутираат тековните предизвици поврзани со деловната клима за ИКТ секторот и да се идентификуваат потенцијалните мерки во областа на социјалните придонеси, даноците, работната сила и образованието што ќе го стимулираат растот на работната сила во ИКТ. „МАСИТ активно се справува со сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивното секојдневно работење. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на деловната клима за ИКТ секторот и за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ. Се надеваме дека овој настан ќе ги потенцира најважните предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите и ќе придонесе за создавање на конкретни предложени мерки за подобрување на деловната клима за ИКТ компаниите преку поддршка на растот на ИКТ работната сила “, истакна г-ѓа Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ. Проектот презеде активна улога во поддршка на ИКТ секторот преку застапување на повеќе важни барања содржани во позициони документи за бенефиции за вработените при што трошоците на компаниите ќе бидат признати како расходи. Потребно е и наоѓање на решение за барањата за признавање на работа од дома базирано на квалитет и обем на извршена работа, и дефинирање на работа без оглед на бројот на работни часови.Форумот овозможи голем број на претставници на приватниот сектор да ги дадат своите забелешки, да ги објаснат своите предизвици, како и да дадат придонес за подобри решенија кои ќе бидат застапувани преку јавно-приватниот дијалог. Имено, се разговараше и за можностите за инвестиции во ИКТ образованието што ќе одговара на потребите на приватниот сектор за квалитетна работна сила, зголемување на бројот на студенти на техничките факултети, вложувања во едукативен кадар и поддршка на капацитетите за неформално образование кои придонесуваат во создавање на ИКТ професионалци.Затоа потребен е системски пристап, заклучија учесниците на Форумот, со промена на повеќе закони од областа на работните односи и даноците, со цел да се овозможи континуиран раст на ИКТ секторот како еден од најважните во домашната економија кој придонесува со отворање на нови работни места, високи примања и извоз на услуги и производи.Во наредниот период, Проектот ќе работи на дефинирање и решавање на предлозите што произлегоа од овој настан.  Во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку Проектот  Партнерство за подобра бизнис регулатива. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија;Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ; Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на малите и средните претпријатија.

Новости

МАСИТ оствари работна средба со Претседателот Стево Пендаровски

Денеска (20.08.2019 година) Стопанската комора за информатички и компјутерски технологии – МАСИТ оствари работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата учествуваа претседателката на Управниот одбор на МАСИТ – Анета Антова Пешева, компании членки на УО, како и членки на Комората.   При отворањето на средбата, претседателката на Управниот одбор на МАСИТ – Анета Антова Пешева ја истакна важноста што претседателот ја препознава оваа индустрија како носечка и приоритетна за македонската економија, при тоа посочувајќи ги растот и придонесот на ИКТ секторот во вкупниот економски учинок во државата, како и огромниот потенцијал за уште поголем раст во следниот период. ,,ИКТ индустријата како една од водечките и најбрзо растечки гранки во државата треба да е во фокусот на националната економска и општествена политика. Во моментов таа е р’бет на македонското стопанство и токму преку оваа гранка може да се стопира миграцијата на висококфалификуваната работна сила. Тоа пак, од друга страна позитивно ќе стимулира и други индустрии”– нагласи Пешева во своето обраќање пред претседателот.   Претседателот Пендаровски истакна дека соработката со, и поддршката на ИТ секторот во земјава е од особено значење, бидејќи како што рече „дигитализацијата го движи светот во друга насока и ние мора да се прилагодиме, односно да фатиме чекор“. „Една од програмите на која ќе дадеме институционална поддршка е партнерството со Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ за отворање и работа на МЛАДИХAБ, кој ќе биде сместен во Канцеларијата на претседателот, просторот кој се наоѓа во центарот на Скопје. Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, потенцираше Претседателот Пендаровски.   Во разговорите на работната средба на која активно земаа збор членките на МАСИТ, страните ги истакнаа своите заложби за стратешко помагање, промовирање и водење на ИКТ индустријата, унапредување на бизнис климата за ИКТ компаниите во државата, потенцирајќи ја важноста на унапредувањето на даночната политика, унапредување нависокото образование од техничките науки, стимулирањето на понатамошен развој, како и промовирање на ИКТ индустријата надвор од државата. На средбата се заклучи дека е потребно креирање на правна и економска рамка за забрзан раст на ИКТ индустријата, а преку тоа и мерка за задржување на младите во земјава.

Scroll to Top