Новости

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

13.12.2022 На 13ти декември 2022 се одржа настанот на МАСИТ на кој се зборуваше на темата дигитализација и како таа делува и помага во време на актуелната криза. Беа презентирани иновативни теми, трендови и решенија достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите. На настанот имавме можност да ги слушнеме искуствата на еминентни претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори. Панелистите во рамки на настанот се осврнаа на главните теми кои беа опфатени, за тоа – дали имаме национален капацитет за брза дигитализација, споделија добри пракси на дигитализација на процеси во насока на оптимизација на трошоци како и градење отпорност на бизнисите во време на криза преку дигитализација и автоматизација. Им се заблагодаруваме на нашите патрон партнери, поддржувачи и спонзори, кои дополнително го збогатија настанот со своите презентации од областа на дигитализацијата. Повеќе фотографии од настанот ќе споделиме наскоро на нашите социјални медиуми. Следете не на:FacebookInstagramLinkedIn

Новости

Новогодишна хуманитарна акција

МАСИТ И ПРОКРЕДИТ БАНКА ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ Традиционално, како и секоја година, во пресрет на Новогодишните празници, МАСИТ организира „Хуманитарна акција за донација на компјутери“ за деца од социјално загрозени семејства. На наше задоволство, оваа година на Хуманитарната акција, ни се приклучува и ПроКредит Банка како патрон партнер на Комората, со која заедно ќе ја организираме и спроведеме оваа акција. ПроКредит Банка, позната на пазарот како социјално одговорна компанија, досега има донирано околу 150 монитори и над 30 компјутери за семејства ширум државата кои имаат потреба од пристап до дигиталниот свет, за непречена едукација и развој. Во оваа хуманитарна акција со МАСИТ, банката ќе учествува со донација на дополнителни 30 компјутери. Ве покануваме вас, како компании членки на Комората, да учествувате во заедничката „Хуманитарна акција за донација на компјутери “која е последна во оваа календарска година, преку која повторно ќе покажеме дека ИКТ заедницата во нашата земја е општествено одговорна и се грижи за најмалите и најважни членови на нашето општество. Ве повикуваме доколку како компанија, имате стари компјутери или лаптопи кои не ги користите, да ги донирате, а истите ќе бидат распределени до деца на кои најмногу им е потребно, и кои не се во можност да имаат свој компјутер. Овој мејл можете слободно да го препратите и до вашите вработени за овој повик да дојде до повеќе луѓе со цел да обезбедиме повеќе компјутери и да помогнеме на повеќе деца. Ве замолуваме донираната опрема да биде испразнета од било какви податоци, и реинтализарана, бидејќи за голем дел од децата кои имаат потреба од оваа опрема, нема да бидат во можност самостојно да го направат тоа. Исто така, правно формално би морале да ги запазиме законските процедури според Законот за донации, односно компанијата или лицето – донатор, ќе треба да потпише договор за донација и да наведе спецификација за донираната опрема. Сите заинтересирани компании се повикуваат да го изразат својот интерес на petar.lazovski@masit.org.mk со конкретна информација за бројот на компјутери и кратка техничка спецификација со која располага секој од компјутерите, со цел да можеме да направиме првична анализа за бројката на компјутери со кои ќе располагаме. Рок за изразување на интерес до 16.12.2022 година. Придружете ни се заедно да ја шириме хуманоста и убавата мисла, да ги менуваме работите и да инспирираме!Да го одбележиме крајот на годината со убавини и да продолжиме така и во следната година.

Новости

ПРЕДНОВОГОДИШНА AFTER WORK ЗАБАВА НА МАСИТ

23ти декември 2022 СТАНИЦА 26 По подолга пауза, со големо задоволство ви ја најавуваме нашата традиционална ПРЕДНОВОГОДИШНА AFTER WORK ЗАБАВА НА МАСИТ Цената на една влезница со вклучени две пијачки изнесува 600 ден + 18% ДДВ *НАПОМЕНА: Во цената е вклученa една од следните пијачки: – виски ( Џејмисон, Кати Сарк ), водка ( Столичнаја, Абсолут ), пива (Златен даб , Туборг), џин ( Брокерс, Бифитер ), мартини , кампари , рум , и друго, наливно вино (Брзанов), газирани сокови (сите од скопска и прилепска пивара ), негазирани сокови (Нектар ). Ги очекуваме вашите нарачки на contact@masit.org.mk најдоцна до среда, 21.12.2022. Влезниците се подигнуваат по платена профактура, од канцеларијата на МАСИТ, почнувајќи од понеделник 12.12.2022. Ве очекуваме на уште една незаборавна забава

Новости

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА

13ти декември 2022 МАСИТ со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на РСМ, организира настан на тема: „Дигитализацијата како одговор на актуелната криза“, кој ќе се одржи на 13.12.2022 година, во ресторан Ragusa 360 Rooftop. На настанот ќе се зборува на темата дигитализација и како истата влијае, делува и помага во време на актуелната криза, со презентирање на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и регионот. На настанот ќе учествуваат претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други. Почесен главен спикер на настанот е: г-дин Слободан Ѓиновиќ, основач и директор на ОРИОН Телеком, Србија, ИТ експерт, консултант и визитинг професор на Harvard University, Grinnell College, Colorado College, Fletcher school и др. Во рамки на официјалното обраќање предвидено е обраќање на: г-дин Илија Господинов, претседател на Управен Одбор на МАСИТ H.E. Ms Véronique Hulmann, Амбасадорка на Швајцарија во РСМ АГЕНДАТА за настанот може да ја погледнете на следниот линк. РЕГИСТРАЦИЈА – Регистрацијата на учество се врши преку пополнување на регистрациската форма достапна на следниот линк. КОТИЗАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИ НА МАСИТ: –  49 евра + ДДВ по лице Достапни се и групни попусти  за учесниците кои доаѓаат од иста компанија/организација: – 80 евра + 18% ДДВ за двајца учесници – 100 евра + 18% ДДВ за тројца учесници – 25 евра + 18% ДДВ за секој дополнителен учесник доколку има повеќе од 3 учесници КОТИЗАЦИЈА за не членки на МАСИТ: 80 евра + ДДВ по лице СТАНЕТЕ ПАРТНЕР НА НАСТАНОТДоколку сакате да се вклучите како поддржувач и партнер на овој настан, имате можност да го сторите тоа во рамки на предвидените спонзорски пакети, достапни на следниот линк.*Стоиме на располагање за прилагодување на спонзорските пакети согласно вашите потреби и барања. Лица за контакт: Елена Петрушевска – програм менаџер, +389 75 257 095elena.petrushevska@masit.org.mk Петар Лазовски – правен советник, +389 75 240 988petar.lazovski@masit.org.mk

Новости

ЕФИКАСЕН ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

РАБОТИЛНИЦА наменета за ИКТ заедницата МАСИТ во соработка со Министерство за труд и социјална политика, ве поканува на претстојната РАБОТИЛНИЦА на тема: „ЕФИКАСЕН ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ИКТ ИНДУСТРИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“, наменета за ИКТ заедницата, која ќе се одржи на 30.11.2022 (среда), од 11:00 до 13:30 часот со физичко присуство во просториите на Сеавус акцелератор (Seavus Accelerator), адреса: 11 Октомври 33A, Скопје. Оваа работилница е наменета за ИКТ компаниите, со цел поблиско претставување на генералните обврски и одговорности кои произлегуваат од новиот Закон за работни односи кој е во финална фаза на подготовка. Овој закон е применлив и е од интерес на сите компании. Можностите за “работа од дома” и “флексибилно работно време” за чија либерализација во законот за работни односи, МАСИТ се залага со години, претставуваат механизми кои се од особена важност и потреба за ИКТ секторот. Важно е да се нагласи дека со овие мерки, ИКТ индустријата не ги побарува само во форма на мерки, туку истите претставуваат механизам преку кој компаниите им овозможуваат подобрен баланс на своите вработени помеѓу работно време и социјалното време. Од страна на МАСИТ ќе следи презентација на забелешките дадени од членките по однос на Законот за работни односи, по што ќе следи отворена дискусија со прашања и одговори и споделување на мислења на темата со цел конкретизирање на барањата на ИКТ индустријата. По завршувањето на работилницата, финално сублимираните забелешки, барања и предлози по новиот Закон за работни односи, од страна на МАСИТ, како Стопанска комора која ги застапува интересите на ИКТ компаниите, ќе бидат формално доставени до МТСП како ресорно Министерство во постапката за донесување на новиот ЗРО. Цена за учество: 2000 МКД + 18% ДДВ (по лице), 3500 МКД + 18% ДДВ (за две лица) за компании членки на МАСИТ 4000 МКД + 18% ДДВ (по лице) за компании кои не се членки на МАСИТ За учество на настанот ве замолуваме да го пополните Формуларот за регистрација достапен на следниот ЛИНК. За дополнителни информации, лице за контакт од МАСИТ:Петар Лазовски078342228petar.lazovski@masit.org.mk

Новости

Заедничка соработка помеѓу МАСИТ и ФОРТОНМКА

Со задоволство ве информираме дека ФОРТОНМКА стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје, а со цел поддршка и експанзија на ИКТ индустријата во државата. ФОРТОНМКА е независно поседувана и управувана компанија, членка на “Cushman&Wakefield“- најголемата приватна консултантска компанија за недвижности. Нуди широк спектар на услуги во областа на комерцијалните недвижнини. Компанијата ФОРТОНМКА, како долгогодишен партнер на своите клиенти од разни индустрии, меѓу кои и ИКТ индустријата, континуирано помага во целиот процес на посредување, планирање и уредување на своите деловни простории и објекти, секогаш следејќи ги последните трендови кои соодветствуваат со стандардите на “Cushman&Wakefield“. Преку унапредување на деловниот амбиент како важен сегмент во работењето, ФОРТОНМКА одговара на најразлични потреби и предизвици, градејќи низа партнерства и долгогодишни соработки.

Новости

Праведен, ефикасен и транспарентен даночен систем за раст и развој на ИКТ индустријата во Република Северна Македонија

Тркалезна маса МАСИТ во соработка со Министерството за финансии, ќе организира тркалезна маса на тема „Праведен, ефикасен и транспарентен даночен систем за раст и развој на ИКТ индустријата во Република Северна Македонија“ Настанот ќе се одржи во просториите на Сеавус акцелератор (Seavus Accelerator) на 21 септември 2022, (среда),  со почеток во 11:00 часот. Овој настан е организиран на барање на компаниите членки, кои до Комората ги доставија своите видувања и коментари, на база на предложените даночни измени од Министерството за финансии, кои се планирани да се воведат од 01.01.2023 година. Од страна на Министерството за финансии, на тркалезната маса, ќе учествува г-ѓа Александра Наќева-Ружин, посебен советник на министерот на финансии, која ќе ги претстави планираните даночни измени, од страна на МАСИТ ќе следи презентација на сублимираните забелешки дадени од членките по однос на даночните реформи, по што ќе следи отворена дискусија со прашања и одговори и споделување на мислења по однос на темата. АГЕНДА ДАНОЧНИ РЕФОРМИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА Сите компании членки на МАСИТ, кои имаат интерес да учествуваат на тркалезната маса, да се пријават на следниот ЛИНК, најдоцна до вторник 20.09.2022 година.

Новости

Отворена работна позиција во МАСИТ – КООРДИНАТОР ЗА ЧЛЕНСТВО/ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Отворена работна позиција во МАСИТ – Координатор за членство / Проектен координатор Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ Координатор за членство / Проектен координатор “. Потребни квалификации:          Универзитетска диплома; 5 + искуство во работа во слични организации како МАСИТ како што се: Невладини организации, здруженија, асоцијации, стопански комори, јавни институции и агенции; меѓународни проекти итн. Одлични писмени и вербални комуникациски вештини; Одлично познавање на англиски јазик; Одлични компјутерски вештини (MS Office, социјални медиуми, друг/финансиски софтвер); Вештини и способности: Управување со база на податоци за членство и активно работење на стратегија за нови потенцијални членови и поддржувачи на комората. Подготовка на промотивни материјали и брошури за стекнување на нови членови. Обезбедување на корисни информации во доменот на ИКТ индустријата, развој на услуги и организација на настани во корист на членките на МАСИТ. Обезбедува информации и поддршка на работните групи и тела на МАСИТ со цел давање на професионална помош во постигнувањето на нивните цели. Дизајнирање и спроведување анкети за разбирање на потребите на членовите, помагање во иницијативите за односи со членовите и следење на нови трендови во индустријата кои можат да влијаат на унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. Идентификување и креирање дополнителна веб-содржина и newsletter кои ќе се сметаат за вредни и корисни за членството на МАСИТ со цел овозможување на пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво Координирање на активностите и иницијативите во доменот на работната позиција. Помош при пишување на меѓународни проекти, буџетирање на проекти, имплементација и извршување на проект. Поддршка на програмскиот менаџер во извршувањето на проектите. Други услуги и поддршка на членките на МАСИТ секогаш кога е потребно. Работно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00 часот пон-пет (40 часа неделно) Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 22.08.2022 (понеделник) до 13:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Новости

Продолжување на соработка со ПроКредит Банка

Со задоволство ве информираме дека МАСИТ и ПроKредит Бaнка и во следниот период ја продолжуваат соработката во делот на патрон партнерството. Горди сме што во изминатиот период преку взаемната соработка придонесовме кон подобрување на условите за раст и развој на ИКТ индустријата.  Преку продолжувањето на ова партнерство, ПроКредит Банка ќе го поддржува МАСИТ во неговите активности за претставување на Македонската ИКТ индустрија и промовирање и застапување на бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот во изминатите две децении. Првата и единствена дигитална банка во земјата која со својот концепт на работа има индивидуален пристап и висококвалитетна услуга за малите и средни претпријатија, но и за физичките лица кои сакаат да користат едноставно и модерно банкарство 24/7. Во соработката со МАСИТ, ПроКредит банка ја потврдува својата заложба и посветеност кон ИКТ секторот. За повеќе информации посетете ја веб страната на ПроKредит Бaнка https://pcb.mk/ . Започни соработка со ProCredit Банка

Новости

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и АУЕ-ФОН

МАСИТ и American University of Europe – FON како придружен член на комората го потпишаа Меморандумот за соработка со цел воспоставување на корисни академски врски, релации и соработка на полето на кариерите и вработувањата, како и взаемна соработка на полето на испитување на пазарот на работна сила за дипломците по информатички технологии (ИТ) од Факултетот. Меѓусебната соработка се темели на зголемување на конкурентноста преку градење на капацитетите и квалификација на човечки ресурси во областа на информатиката. За МАСИТ овој Меморандум претставува официјализирање на досегашната успешна соработка со American University of Europe – FON како и можност за нејзино продлабочување. Во периодот кој ни претстои, очекуваме заеднички значително да придонесеме во поттикнување на иновациската дејност и технолошкиот развој во доменот на ИКТ секторот.

Scroll to Top