Новости

Известување за барање на понуди

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ) Развојот на системот за е-социјален регистар во Федерацијата Босна и Херцеговина е една од тековните активности на проектот.Во прилог е достапно известувањето за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка. Повикот е отворен од 20.06.2022 (пoнеделник) до 05.07.2022 (вторник). Превземи го повикот

Новости

МАСИТ е институционален партнер на втората дигитална конференција “D Days”, насловена „Дигитализација на земјите од Југоисточна Европа – Билет во еден правец“

16 – 17 јуни 2022, хотел „Медитеран“, Бечичи, Црна Гора. Фокусот на конференцијата ќе биде зголемување на продуктивноста на компаниите преку воведување иновации, финансиски и технички форми на поддршка за процесите на дигитализација, фино техничко-подобрување на платформите за безготовинско плаќање, безбедност и едукација на потрошувачите во онлајн плаќањата, дигитализација на јавната администрација, претприемничка инфраструктура за иновативни компании, сајбер безбедност итн. Панелисти, предавачи и модератори се претставници на релевантни здруженија, јавни и приватни компании, финансиски и јавни институции, меѓународни организации и академски кругови. Конференцијата е наменета за менаџмент на највисоко и средно ниво на јавни и приватни компании, јавна администрација, општини и градови, меѓународни и невладини организации, финансиски институции, образовни институции, ИТ компании, иновативни компании, медиуми и други. На конференцијата ќе бидат поканети учесници од целиот регион на ЈИЕ. Ви обезбедивме повеќе од 40 врвни предавачи, меѓу кои: Борислав Тадиќ, виш потпретседател на Дојче Телеком, Иван Остојиќ, поранешен советник за стратегиски бизнис модел на McKinsey, сега главен бизнис директор во Infobip, Џошуа Бел, сениор консултант за ИТ безбедност, компанијата „Telexiom“ од Берлин која е лидер во ИТ консултантски услуги, Даворин Миљиќ лид консултант за ИТ, еден од најзаслужните луѓе за успешната дигитализација на Универзитетот во Грац. „D Days“ не е конференција на која ќе зборуваме за техничките детали на поединечни софтвери и технологии, туку за конкретни проблеми во секојдневниот бизнис и решенија кои ги дава бизнис дигитализацијата. Сето ова го слушаме од учесниците на конференцијата кои се директно вклучени во различни сфери на дигитализацијата во јавниот и приватниот сектор и можат од лично искуство да зборуваат за проблемите и придобивките што ги носи дигитализацијата. Новите ставови, знаења и контакти стекнати на конференцијата секако ќе придонесат во тоа што може да се направи денес во регионот и кои организации и компании можат да ни помогнат финансиски и технички, но и како може да се направат проекти во нашиот регион на највисоко ниво. технолошко и научно ниво. За членовите на МАСИТ обезбеден е специјален попуст на билетите од 25% Можете да дознаете повеќе за темите и предавачите на веб-страницата на конференцијата: “D Days” – „Дигитализација на земјите од Југоисточна Европа – Билет во еден правец“

Новости

Отворена работна позиција во МАСИТ – ИЗВРШЕН АСИСТЕНТ

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, објавува повик за вработување на позиција „ИЗВРШЕН АСИСТЕНТ“. Потребни квалификации: Висока стручна спрема, универзитетска диплома Вештини и способности: Способност за самостојна и тимска работа Динамични, иницијативни и насочени кон резултати Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој Одлично познавање на англиски јазик Одлично познавање на Microsoft Word, Excel Менаџирање на социјални медиуми Способност за одржување на веб страна (веб администрација) Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:  Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците, медиумите, институциите и другите засегнати страни Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ Подготовка на постови и одржување на социјални медиуми на МАСИТ (Facebook, LinkedIn, Instagram) Одржување на веб страна на МАСИТ Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ Подготовка на состаноци и водење на записници како и спроведување на заклучоци од истите Помош при подготовка за издавање на фактури Одржување и усогласување на касата во МАСИТ Достава на дописи до пошта и институции Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија Времетраење на работната позиција: 6 месеци со можност за продолжување на договоротРаботно време: 8 часовно работно време од 09:00 до 17:00 часот пон-пет (40 часа неделно)Почеток на работен ангажман 01.06.2022 (во договор со работодавачот) Сите заинтересирани кандидати е потребно да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 23.05.2022 (понеделник) до 13:00 часот.Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Новости

„Генерален преглед на програмите за финансирање од ЕУ, достапни за ИКТ компании од Северна Македонија“

Едночасовен бесплатен вебинар – 19.04.2022, 11:00ч МАСИТ, организира бесплатен вебинар на тема: „Генерален преглед на програмите за финансирање од ЕУ, достапни за ИКТ компании од Северна Македонија“ во времетраење од 1 час, а ќе се одржи на 19.04.2022 (вторник) со почеток во 11:00. Консултант кој ќе го води овој вебинар е Симона Трповска од I-DS Coaching & Consulting. Настанот ќе се одржи преку платформата ZOOM. Воедно, најавуваме дека после одржувањето на овој бесплатен вебинар, МАСИТ во текот на мај планира да одржи посеопфатни тематски вебинари кои би траеле еден или два дена, со прецизна презентација на конкретни ЕУ програми и повици кои се апликативни за ИКТ компании. Темите за овие обуки ќе бидат дефинирани согласно фидбекот од компаниите, за кои програми ќе има најголем интерес да се добијат детални информации. За учество на едночасовниот бесплатен вебинар, потребно е да се регистрирате на следниот линк најдоцна до петок, 15.04.2022. *Линкот за вклучување ќе го добијат сите регистрирани еден ден пред одржувањето на вебинарот.

Новости

„МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“

WITSA Global ICT Excellence Awards 2022 Во рамки на WORLD INNOVATION, TECHNOLOGY AND SERVICES ALLIANCE – WITSA каде што МАСИТ членува, и оваа година се организираат WITSA Global ICT Excellence Awards 2022. Оваа манифестација ќе се одржува од 13-15 септември 2022 во рамки на настанот „World Congress on IT“ во Пенанг, Малезија (https://wcit2022.com/). Во рамките на своите активности, за изборот на WITSA Global ICT Excellence Awards 2022, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2021 година. Ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории:  Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во нашата земја.Учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2022“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки компании изнесува 50 евра + ДДВ. Претходно номинираните решенија е дозволено да се пријават повторно, под услов информациите за самото решение да бидат соодветно ажурирани. Вашето решение ќе го номинирате со доставување на доленаведените документи на: sofija.zatarakovska@masit.org.mk  најдоцна до 15.05.2022 година. Крајниот рок за номинација на решенијата од страна на МАСИТ до WITSA e 15.06.2022 година. МАСИТ има право да номинира до три номинирани решенија во секоја од категориите кои се објавени погоре. Потребни документи за аплицирање: Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите Пополнета Номинациска форма Power Point презентација за своето решение Ги повикуваме и ги охрабруваме сите компании да се пријават на повикот, преку кој ќе имате можност, покрај за вас како компанија, да им дадете признание и на вашите клиенти што го користат вашето решение. За сите останати детали околу самото презентирање, оценување и рангирање на добиените номинирани решенија, ќе бидете дополнително информирани во периодот што следи. Повеќе информации за WITSA Global ICT Excellence Awards 2022 прочитајте на следниот линк.

Новости

МАСИТ го одржа 16-тото Редовно Годишно Изборно Собрание

Избрано е ново раководство со мандат 2022 – 2025 година Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, на 18.03.2022, во хотел Александар Палас го одржа своето 16-то Редовно Годишно Изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на комората со мандат март 2022 – март 2025 година. За Претседател на Управниот одбор е избран г-дин Илија Господинов од компанијата Ендава, a Заменик Претседател на Управниот одбор е г-ѓа Весна Иваноска од компанијата Сеавус едукативен и развоен центар. На редовното Изборно Собрание беше избран и нов Претседател на Собранието на МАСИТ, Г-ѓа Анета Антова Пешева од компанијата Унет, а воедно беа избрани и нови членови на Управниот Одбор, Надзорниот Одбор и Судот на честа. Истите се наведени во продолжение:   Членови на Управен одбор на МАСИТ се: Илија Господинов, Ендава, Претседател на Управен одбор Весна Иваноска, Сеавус едукативен и развоен центар, Заменик Претседател на Управен одбор Благој Христов, Македонски Телеком Горан Петревски, Ассеко СЕЕ Дамјан Манчевски, Мак Систем Софтвер Драган Чепујноски, А1 Македонија Ненад Чубриновски, Инплеер Роберт Павлов, Мусала софт Софче Јовановска, Скеил Фокус Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се: Миле Стоиловски, Брансис, Претседател на Надзорен одбор Горан Митев, Едусофт, Илија Мишов, ИТ Лабс Членови на Суд на честа на МАСИТ се: Теди Цоневски, Неотел, Претседател на Суд на честа Викторија Дранговска, Коде ИТ Солушнс Дашмир Истрефи, Хојо Тек Новото раководство на МАСИТ во претстојниот мандат ќе има неколку стратешки приоритети за зајакнување на позицијата на комората и заштита на интересите на ИКТ индустријата: воспоставување на редовен процес за следење на состојбите и растот на ИКТ индустријата; соодветно лобирање на интересите на ИКТ индустријата пред надлежните институции со пренесување на проблемите и понуда на предлог решенија; зајакнување на комората со воведување на нови и проширени услуги кон членството; зајакнување на координацијата помеѓу приватниот сектор, јавниот сектор и образованието (формално и неформално) со цел адресирање на предизвиците поврзани со работната сила; промовирање на ИКТ индустријата и компаниите членки.

Новости

Конференција: „Од марш за работнички права до дигитална економија“

На 14ти март 2022 (понеделник) се одржа конференција насловена „Од марш за работнички права до дигитална економија“. Конференцијата беше организирана под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, во рамки на проектот Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19 кој е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП), а поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID North Macedonia. Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска се обрати на самиот почеток на конференцијата и истакна дека чест е да се биде покровител на конференција со една навистина предизвикувачка тема, особено во овој чувствителен период на пандемија како и воен конфликт. Таа истакна дека „Рамноправното учество на жените на пазарот на трудот, го поттикнуваат економскиот раст и создава вредност за целото општество. Државите со поголема родова избалансираност, многу побрзо и полесно ги пребродуваат економските кризи“ – потенцираше г-ѓа Ѓоргиевска. Претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, г-ѓа Анета Антова Пешева, со свој говор се обрати пред публиката во првата панел дискусија. Г-ѓа Пешева упати порака до сите млади девојки и жени, дека само со преку финансиска независност на жените, може да се постигне родова рамноправност во општеството. Во деловниот свет, во ИКТ секторот има голем потенцијал за сите, независно од родот. Таа ги истакна и бројот на жени дипломирани на ИКТ факултетите во земјата, каде евидентно е дека полека но сигурно се зголемува бројот на жени кои сааат да студитаат на овие смерови и се повеќе се доближуваме до некоја приближна бројка на дипломирани жени и мажи на овие факултети. Исто така, Пешева направи одлична дистинкција помеѓу професионално бавење со ИКТ професија и поседување на дигитални вештини, кои што сите ние се стремиме да ги развиваме. Во рамките на оваа конференција имавме можност да ги слушнеме и уште неколку претприемачки кои раководат со компании кои се членки на МАСИТ, со свои инспиративни обраќања до публиката . На втората панел дискусија ги слушнавме Валентина Тасева од Семос Едукација, Викторија Дранговска од КодеИТ Солушнс, Весна Ивановска од Сивус Едукативен и Развоен Центар, како и други претприемачки кои отворено ги споделија своите видувања и тоа почнувајќи од тоа зошто жените претприемачки може да бидат успешни бизнисменки и со кои се’ предизвици се соочиле во градењето на успешни женски бизниси. Дополнително слушнавме како жените од останатите сектори може да ги оптимизираат сите процеси во своите компании преку користење на дигитални алатки. Чест ни е што во МАСИТ членуваат компании кои на чело имаат успешни дами со инспиративни приказни и уште еднаш се уверивме дека има многу што да се научи од жена – претприемач.

Новости

Шеснаесетто Годишно Собрание на МАСИТ

Ве информираме дека на 18.03.2022 (петок), со почеток во 13:00 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано шеснаесеттото Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје. Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Годишното Собрание ќе се одржи со доследно почитување и запазување на мерките за превенција од Ковид 19. Следете нѐ за повеќе информации.

Новости

Презентација на тема: „УПРАВУВАЈТЕ САМОСТОЈНО СО ВАШИТЕ ФИНАНСИИ“

МАСИТ во соработка со Про Кредит Банка, на 7ми март 2022 (понеделник) одржа виртуелна презентација на тема: „Управувајте самостојно со вашите финансии“ . На настанот учествуваа вработени во ИКТ секторот, а презентацијата ја водеа експертите од Про Кредит Банка, кои со присутните споделија исклучително корисни совети во поглед на тоа како најдобро да се донесат одлуки во врска со слободните средства, корисни информации во врска со инфлацијата во однос на штедењето во денари, евра или друга странска валута. Исто така, на презентацијата, присутните имаа можност да слушнат повеќе околу кредитите како банкарски производи и носењето одлуки за кредитирање и инвестирање, штедење, временски периоди и tips & tricks кои неретко банките воопшто не сакаат да ги знаеме. Погледнете ја целата презентација на нашата ФБ страница на линкот подолу. Видео од презентацијата

Новости

„УПРАВУВАЈТЕ САМОСТОЈНО СО ВАШИТЕ ФИНАНСИИ“

Онлајн презентација, 7ми март 2022 (понеделник) од 15:00 часот Во соработка со Прокредит Банка – патрон партнер на МАСИТ, организираме едукативна информативнапрезентација на тема: „Управувајте самостојно со вашите финансии“. Настанот е наменет за сите вработени во ИКТ компании кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како да носат најдобри одлуки за инвестиции, преку советите од експертите за банкарски услуги од Прокредит Банка. Презентацијата ќе се одржи онлајн, во понеделник, 7ми март, 15:00 – 16:00 часот. Слободно препратете ја оваа покана до оние лица за кои сметате дека истата ќе им биде од корист. Сите заинтересирани ги замолуваме да ја пополнат следната форма за регистрација. Учеството на презентацијата е бесплатно.Линкот за вклучување ќе биде пратен до сите регистрирани учесници, еден ден пред презентацијата.

Scroll to Top