Новости

Нова донација во рамки на иницијативата „За еднакви можности во образованието“

ИТ ЛАБС ДОО денес се вброи на листата донатори во рамки на мисијата за пристап до соодветно образование на секое дете која веќе 2 години ја спроведуваат МАСИТ, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Центарот за управување со знаење и Асоцијацијата на советници за развој на кариера, АСК Скопје. ИТ ЛАБС ДОО, како општествено одговорна компанија која често ги поддржува ваквите иницијативи, се одѕва на повикот за поддршка на МАСИТ и донираше 7 користени компјутери за ученици од ранливите категории во две основни училишта од Скопје и тоа ООУ„Петар Поп Арсов„ и ООУ „Братство“. За потсетување, во рамки на оваа иницијатива, досега се донирани 60 компјутери на ученици од неколку основни и средни училишта. Со желба и надеж дека поддршката и соработката помеѓу ИТ заедницата, невладиниот сектор и училиштата ќе се интензивира и бројот на деца кои ќе имаат непречен пристап до образование ќе се зголемува, мисијата продолжува…

Новости

ОБУКА на тема “Закон за заштита на лични податоци за ИКТ компании”

24.02.2022 (четврток), од 10:00 до 14:30 часот, онлајн Ве покануваме на претстојната ОБУКА на тема Закон за заштита на лични податоци за ИКТ компании, која ќе се одржи на 24.02.2022 (четврток), од 10:00 до 14:30 часот, онлајн преку ZOOM платформата. Обуката е наменета за ИКТ компании со цел поблиско претставување на генералните обврски и одговорности кои што за компаниите произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година) кој што стапи на сила на 224.02.2020 година, но сите рокови за усогласување (формални и неформални) истекуваат на 24 февруари 2022 година. Овој закон е применлив за сите компании кои што вршат целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци, или друга обработка на лични податоци кои се или треба да бидат дел од збирка на лични податоци. Предавач на обуката е Емилија Ангеловска, долгогодишен консултант за заштита на лични податоци и приватност во Инфиго ИС со огромно искуство во ревизија и имплементација на системи за заштита на лични податоци во компании од различни индустрии и од различни големини. Покрај тоа, Емилија редовно држи обуки и тренинзи, а воедно е и коавтор на Прирачник за имлементација на Законот за заштита на личните податоци. Емилија е сертифицирана со едни од најголемите светски стандарди во оваа област како што се CIPP/E, CDPO и ISO27001. Цена за учество: 2500 МКД + 18% ДДВ за членки на МАСИТ 5000 МКД + 18% ДДВ за компании кои не се членки на МАСИТ Доколку сте заинтересирани за присуство кликнете на линкот за регистрација и пополнете го формуларот. РЕГИСТРАЦИЈА

Новости

АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија

Скопје, 07.02.2022 – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, како организации кои имаат за цел да ги промовираат и застапуваат интересите на компаниите кои работат во доменот на ИКТ и е-трговија заеднички со иницијатива за предлог измена во Законот за данок на додена вредност. Целта на иницијативата е прецизирање на повластената стапка од 5% за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања. Од АЕТМ и МАСИТ велат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејки терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5% за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество. “Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Во последната декада развојот на ИКТ секторот значително придонесе за појава на нови производи и услуги и на светско и на локално ниво, па оттука услугите како што се развој на софтвер по нарачка, софтверски услуги, одржување на софтвер, развој на веб сајт, развој на решенија за е-трговија (е-продавници), одржување на веб сајт, сервер администрација и други, не можат да се идентификуваат единствено со моменталната формулација која гласи “Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери)” (во Член 30 став 2 точка 2 од Законот за ДДВ). АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во “Развој на софтверски решенија (вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации) софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија”. Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5% од страна на засегнатите страни во деловниот свет. – “ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава. Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите.” – објаснува Претседателката на Управен одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева. Прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5%, а со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни. Контакт лица:АЕТМ, Марија Ристовска, marija@ecommerce.mk , 078 679 892МАСИТ, Билјана Прличкова, biljana.prlichkova@masit.org.mk, 075280506

Новости

МАСИТ со презентација на ИКТ секторот на ЕКСПО 2020 Дубаи

Во рамки на светскиот настан EXPO 2020 DUBAI на 14.01.2022 година на Тера Аудиторуим, еден од петте тематски аудиторуми на саемот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот организира бизнис настан за претставување на инвестициските, извозните и туристичките потенцијали на земјата.Настанот го носеше насловот: „North Macedonia – a new regional business hub“. Во две посебни сесии на форумот беа презентирани и извозните капацитети на нашата земја со посебен акцент на брзорастечките индустрии – ИКТ секторот и агробизнисот, како и туристичките потенцијали и можности на Северна Македонија за развој на туризмот во сите 4 сезони од годината. Извршната директорка на МАСИТ, Анита Никова потенцираше дека ИКТ секторот во земјата и извозот на информатичките услуги бележат раст во изминатите неколку години, кој не беше попречен ниту со пандемијата. Во споредба со претходните 5 години извозот е зголемен за 61 %. Растот е значително поголем во делот на компјутерски услуги кој во изминатите пет години е зголемен за 131%. На форумот беа присутни Амбасадорот на Република Северна Македонија во ОАЕ,  Н.Е. Абдулкадар Мемеди и Бекри Ајдини економскиот советник во ОАЕ и Генерален комесар на павиљонот на Северна Македонија на ЕКСПО 2020 Дубаи, како и претставници од стопанската комора на Дубаи и Абу Даби, како и претставници од секторот за храна и ИТ индустријата од Дубаи. Учеството на Северна Македонија на EXPO 2020 Dubai има за цел преку претставување на инвестицискиот, извозниот и туристичкиот потенцијал на Северна Македонија да ја подигне видливоста на земјава на Блискиот Исток и во светски рамки, како и креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка и ривлекување на нови инвестиции.

Новости

МАСИТ 3-месечен информатор

Oктомври, ноември, декември 2021 Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации за проектот Повеќе информации Повеќе информации Повеќе информации Погледнете ги сите членки на МАСИТ тука

Новости

Известување за барање на понуди

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ) Развој на e-Centralized Public Procurement information system and upgrade of the e-Procurement Portal е една од последните тековни активности на проектот за кое е отворено барањето за понуди. Во прилог е достапно целосното известување за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка.Повикот е отворен од 18.01.2022 (вторник) заклучно со 01.02.2022 (вторник) до 17:00 часот. Превземи PDF

Новости

ИННОФЕИТ и МАСИТ во соработка за зближување на академската заедница со приватниот сектор

Во насока на воспоставување на долгорочна соработка помеѓу ИННОФЕИТ и МАСИТ, во контекст на зближување на академската заедница со приватниот сектор, на 21.12.2021 година, се одржа првиот официјален настан за Презентација на ИНОФЕИТ Дигитален Иновациски Хаб (ДИХ) и потпишување договор за соработка со МАСИТ. ИНОФЕИТ и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка со кој се овозможува компаниите преку дигиталниот иновациски хаб (ДИХ) да воведат нови технолошки решенија кои ќе им го олеснат работењето. ДИХ, претставува иновативен центар за дигитални иновации и е one-stop shop каде со техничка експертиза и експериментирање им се помага на компаниите преку користење на дигиталните технологии да станат поконкурентни и да ги унапредат деловните или производните процеси, како и производите или услугите. Меморандумот за соработка го потпишаа продеканот за финансии и соработка со стопанство на ФЕИТ и управител на ИНОФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски и претседателката на Управниот одбор на МАСИТ г-ѓа Анета Антова Пешева. На настанот исто така беа присутни Проректорот за настава на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Проф. Д-р Христина Спасевска, Деканот на ФЕИТ, Проф. Д-р Димитар Ташковски, Извршната директорка на МАСИТ, Анита Никова, како и неколку претставници на компании членки на МАСИТ.

Новости

Работна средба на МАСИТ со Деканот на ФЕИТ Проф. д-р Димитар Ташковски

На 10ти декември 2021, претседателката на МАСИТ Анета Антова Пешева заедно со извршната директорка на МАСИТ Анита Никова остварија работна средба со деканот на ФЕИТ, Проф. Др. Димитар Ташковски на која разговараа за подигнување на нивото на соработка помеѓу приватниот сектор и Академијата, преку трансфер на знаења, технологии и иновации. Во тесна соработка помеѓу МАСИТ и INNOFEIT ќе биде развивана мрежата за воспоставување на екосистем во склоп на кој млади компании ќе имаат можност да ги тестираат своите иновации и истите ќе имаат можност да ги носат кон следната фаза на комерцијализација. Сето ова ќе биде реализирано во склоп на првиот македонски Digital Innovation Hub (DIH) етаблиран од страна на ФЕИТ. Првиот информативен настан, ќе следи наскоро.

Новости

Известување за барање на понуди – продолжување на рокот

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ) Развој на е-Систем за издавање дозволи за градба за пилот општини е една од тековните активности на проектот.Во прилог е достапно известувањето за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка.Повикот е продолжен и ќе биде отворен до 30.12.2021 (четврток), до 17:00 часот. Превземи PDF

Новости

Известување за барање на понуди

Проект на УСАИД за е-управа во Босна и Херцеговина Проектот на УСАИД за е-управа и помага на БиХ да ја усогласи својата законодавна и регулаторна рамка за е-владеење со директивите на ЕУ и меѓународните најдобри практики, за да развие нови софтверски решенија за насочени процеси предводени од владата и за подобрување на хоризонталната и вертикалната интероперабилност меѓу различните нивоа на власт во БиХ (т.е. државата БиХ, Република Српска и Федерацијата БиХ)Развој на Инспекциски систем за управување со информации и надградба на Системот за управување со гранични информации за Федералната управа за инспекциски работи (FAIA) на Федерацијата Босна и Херцеговина е една од тековните активности на проектот.Во прилог е достапно известувањето за барање на понуди, критериумите кои треба да се исполнети за достава на понуда, начинот на аплицирање и почетната постапка.Повикот е биде отворен од 29.11.2021 (понеделник) до 03.12.2021 (петок). Превземи PDF

Scroll to Top