Новости

Интервју: Димитар Јаневски – Бизнис Директор и Продукт Менаџер на Digital OFFICE by Inbox

Инспиративна видео приказна на Western Balkan Digital Summit 2021 Нашата компанија членка и партнер – Digital Office by Inbox беа учесници на годинешната Western Balkan Digital Summit 2021 со инспиративната приказна “TRUST – as a key element to remain successful digitally”. Направивме разговор со Димитар Јаневски – Бизнис Директор и Продукт Менаџер на Digital OFFICE by Inbox со цел да не запознае повеќе. МАСИТ: Како настана инспиративната приказна со која учествувавте на настанот Western Balkan Digital Summit 2021? Димитар: Приказната која ја споделивме е вистинска! Тоа е соработка со наш клиент, анонимизиран со цел да обезбедиме приватност. Истата рефлектира успех и постигнување на цели, користејќи дигитални напредни технологии и регулаторни можности на пазарот. Херојот во приказната е Ана која најде начин со тимот на Digital Office да го поддржи рапидниот раст на компанијата. Сега нејзината компанија успешно и валидно управува со документи, досиеја и решенија на 500+ вработени, од секаде. Елементот на ДОВЕРБА е присутен во дигиталното работење кое вклучува цел екосистем на технологии и партнери. Довербата е компонентата која не спојува во тој екосистем и ние истата ја вградивме како норматив во се што создаваме.   МАСИТ: Може да ни го опишете вашето искуството на WB6? Димитар: Би рекол многу пријатно, организирано и дигитално! Сметам дека можноста за секој заинтересиран човек да се приклучи онлајн и во било кој момент да ги следи темите од интерес, претставува голем бенефит. Тоа ги руши бариерите за достапност и придонесува кон едукација и дигитализација на пазарот.  Оваа година настанот беше во организација на Црна Гора и поддршката на МАСИТ и МИОА кон учесниците беше одлична и за нас одлучувачка со цел да присуствуваме. Благодариме 🙂  МАСИТ: Во неколку реченици, што е тоа што го нудите? Димитар: Digital OFFICE е платформа, КВАЛИФИКУВАНА ДОВЕРЛИВА УСЛУГА – дигитална архива, за долгорочно чување на документи, сертифицирана од МИОА. Компаниите можат да не користат како SaaS решение и да се поврзат и со APIs, да работат безхартиено, согласно законските регулативи.  МАСИТ: Како можат нашите МАСИТ членови да ве најдат?  Димитар: Нас ни претставува задоволство да работиме со членовите. Нашата ИКТ заедница расте и со соработката ние учествуваме во градењето на еко-систем и активно помагаме во дигитализација на целата бизнис заедница.За членовите на МАСИТ ја сум лично достапен за консултација и бизнис односи каде слободно може да ме контактирате на d.janevski@inbox.com.mk Погледнете ја инспиративната видео приказна: https://youtu.be/AjmS3u_2QnU

Новости

Newsletter no.5 на Проектот Патека за дигитализација

Со задоволство го споделуваме 5-тиот Newsletter на нашиот Проект: Патека за дигитализација, кој дава преглед на некои главни моменти и активности во текот на изминатиот квартал на проектот. За проектот „Патека за дигитализација“: Патеката за дигитализација на проектот е 15-месечен проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија). Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од секторите: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за дигитална трансформација. Превземи PDF

Новости

„Дигитална трансформација – клучна за успешен бизнис“

Завршен настан 16.09.2021 Резултати од Проектот „Патека за дигитализација“ Проектот „ПАТЕКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА“ кој е финансиран од страна на Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата и имплементиран од страна на МАСИТ, во партнерство со СТИКК –ИТ Асоцијација од Косово, и ICT Net – Србија, ве покануваат на онлајн настан, кој ќе се одржи на 16.9.2021 со почеток во 13:00 часот. Настанот се организира на тема: „Дигитална трансформација – клуч за успешен бизнис“. Во изминатите петнаесет месеци, главната цел на овој проект беше да ги поддржи МСП-a од таргет секторите (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за ( 1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) да го анализираат нивното сегашно ниво на дигитална трансформација и да креираат стратегии за дигитална трансформација со кои ќе ги идентификуваат и даваат приоритет на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементација на ИТ решенија со цел подобрување на нивните деловни активности. Со особено задоволство Ве информираме дека постигнатите цели и резултати во рамки на овој проект ќе бидат презентирани на завршниот настан, на кој очекуваме учесници од ИКТ бизнис заедницата, претставници од регионот (Северна Македонија, Србија и Косово) кои беа директни корисници на проектот од таргет секторите, претставници од нашите партнери итн. Би сакале да ве поканиме да присуствувате на настанот, на кој ќе слушнете повеќе детали за проектот, неговите резултати, како и информации за тоа кои се придобивките од дигиталната трансформација. Во прилог се наоѓа агендата за настанот. Пријавите го вашето присуство на следниот линк а ние дополнително ќе ви доставиме линк за вклучување на настанот.Доколку имате дополнителн, прашања, ви стоиме на располагање во секое време. *Напомена: Онлајн настанот ќе се одвива на англиски јазик. Превземи PDF

Новости

СТУДИСКА ПОСЕТА НА БИЗНИС ОРГАНИЗАЦИИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА ПОДДРЖАНА ОД ПРОЕКТОТ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Е4Е@мк

БЕЗ ПРИДОНЕС НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР НЕМА УСПЕШЕН МОДЕЛ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА Во рамки на три дневна студиска посета на Берн, Тун и Цирих во Швајцарија, претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Советот на странски инвеститори при СКСМ и Асоцијацијата на метална и електро индустрија – МАМЕИ, реализираа работни посети на повеќе институции и бизнис организации и компании. Целта на посетата беше да се согледа улогата на приватниот сектор во Швајцарија во стручното образование и обука и придонесот во креирање стручен и компетентен кадар за потребите на бизнисот што се одразува на вкупната економија во државата. Во таа насока во рамки на студиската посета реализирана во рамки на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“, првично беше реализирана средба во Швајцарскиот федерален универзитет за стручно образование и обука – SFUVET, експертска организација за стручно образование и обука, која ја подржа организацијата на студиската посета на македонската бизнис делегација. Беше реализирана посета на компании од металниот и електро секторот, ИКТ индустријата, градежниот сектор и туризмот и угостителството, и асоцијации кои придонесуваат за поттикнување на образовни кадри во овие дејности, кои како и секаде во светот се едни од најдефицитарните. Истовремено се и носители во дефинирање на компетенциите потребни за професиите во рамки на секторите. Во периодот кој следи делегацијата ќе ги разгледува можностите за имплементација на дел од презентираните механизми во Швајцарија во нашата државата во средното стручно образование и обука.

Новости

Повик за финансиска поддршка за набавка на ИКТ решенија

Проектот „Патека за дигитализација“ – финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија) го објавува отворениот повик за аплицирање од компании кои работат во секторот земјоделство и преработка, лесно производство (облека и текстил, преработка на дрво) и туризам (еко-туризам, рурален туризам и авантуристички туризам), за финансиска поддршка при стекнување на различни видови на ИКТ решенија како што се: Менаџмент на човечки ресурси, Управување со односи со клиенти, Планирање на ресурси на претпријатија, Систем за управување со документи, Управување со синџирот на снабдување (планирање на залихи, нарачување и предвидување), решение за е-трговија, веб-страница и други решенија. Целта е да се поддржат компаниите од таргетираните сектори во нивната дигитална трансформација. Што може да се очекува? Финансиски придонес до 50% или до 3.000 УСД по компанија од проектот, Учество од најмалку 30% УСД од апликантот Поддршка при барањето на понуди од ИКТ компании и придонес од 20% од давателот на ИТ решение во форма на: пресметани попусти, дополнителни функционалности / услуги или обука во врска со употребата на ИТ решение итн. Повикот ќе биде отворен најдоцна до 30ти август 2021 година, а процесот на избор на апликанти ќе се врши на крајот на секој месец, вклучително и на крајот на месец март. Компаниите што ги исполнуваат критериумите за аплицирање, ќе бидат избрани според принципот „прв дојден – прв услужен“ во рокот за пријавување. Повикот можете да го симнете подолу. Превземи PDF

Новости

Newsletter на Проектот Патека за дигитализација

Со задоволство го споделуваме 4-тиот Newsletter на нашиот Проект: Патека за дигитализација, кој дава преглед на некои главни моменти и активности во текот на четвртиот квартал на проектот. Во ова издание на нашиот квартален Newsletter, ќе најдете: Информација од нашиот ONLINE НАСТАН што се одржа на 18.05.2021 година со наслов „Зголемување на продажбата преку Интернет решенија за е-трговија“ Успешни приказни од нашите корисници Северна Македонија – Astibo Fashion Group Србија – Radanska Ruza Косово – Elnor Furniture Тековно отворени повици за корисници   За проектот „Патека за дигитализација“: Патеката за дигитализација на проектот е 15-месечен проект финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и развој на претпријатијата и спроведен од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија). Главната цел на овој проект е да ги поддржи МСП од секторите: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за дигитална трансформација. Превземи PDF

Новости

Петнаесетто годишно Собрание на МАСИТ

На 06.07.2021 се одржа петнаесеттото годишно Собрание на МАСИТ- Стопанска Комора за ИКТ. Претседателот на Собрание г-дин Горан Попоски, ги поздрави присутните со афирмирање на сите достигнувања на комората ви текот на изминатата година, а претседателката на Управниот Одбор г-ѓа Анета Антова Пешева, детално ги информираше сите присутни компании за активностите во кои комората беше активно вклучена изминатиот период. Особено сме горди што во измината година имавме најголем број на нови членови на МАСИТ. Уште еднаш, заедно потврдивме дека заедничкото, здружено работење го поддржува развојот на најбрзорастечкиот сектор. Им благодариме на сите компании, членови на МАСИТ за активното учество и придонес во работата на комората и продолжуваме заеднички да работиме во насока на поддршка на растот и развојот на ИКТ секторот.

Новости

Петнаесетто Годишно Собрание на МАСИТ

Ве информираме дека на 06.07.2021 (вторник), со почеток во 13:00 часот во ресторан Рагуза 360 ќе биде одржано петнаесеттото Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Годишното Собрание ќе се одржи со доследно почитување и запазување на мерките за превенција од Ковид 19. Следете нѐ за повеќе информации.

Новости

Прокредит банка и МАСИТ во партнерство за заедничка поддршка на ИКТ секторот

Со задоволство ве информираме дека ПроКредит Банка стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје. Патрон партнерството произлезе како резултат на изминатата повеќегодишната соработка во која ПроКредит и МАСИТ успешно соработуваа на различни теми поврзани со ИКТ индустријата а со намера продолжување и продлабочување на заедничката соработка во претстојниот период. Преку ова партнерство, во претстојната година ПроКредит Банка ќе го поддржува МАСИТ во неговите активности за претставување на Македонската ИКТ индустрија и промовирање и застапување на бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот во изминатите две децении. Првата и единствена дигитална Банка во земјата која со својот концепт на работа има индивидуален пристап и висококвалитетна услуга за малите и средни претпријатија, но и за физичките лица кои сакаат да користат едноставно и модерно банкарство 24/7. Во соработката со МАСИТ, ПроКредит банка ја потврдува својата заложба и посветеност кон ИКТ секторот. За компаниите и вработените ИКТ секторот ПроКредит ги нуди следните поволности и услуги: Поврзување на електронското банкарство со сметководствениот софтвер на компанијата Камата на позитивно салдо на сметка за компанијата Специјални курсеви за конверзија на валути Фиксни, предвидливи провизии за платен промет во земјата и странство Пакет на електронски услуги за вработени и специјални услови за кредитирање Личен советник од Банката за компанијата и вработените Во годината која претстои Прокредит преку соработката со МАСИТ и ИКТ компаниите ќе работи на нови продукти соодветни исклучиво за компаниите од ИКТ секторот а за сите кои сакаат подетално да се информираат за услугите на банката на располагање е контакт лице за клиенти од ИКТ секторот: Милан Дамчевски, ПроКредит Банка – 070/353-894, Milan.Damcevski@procredit-group.com .

Новости

Online event: Increasing your sales through online and e-commerce solutions

Join us in our ONLINE EVENT with the topic: “Increasing your sales through online and ecommerce solutions” which will be held on 18th of May at 11:00 am, organized by the project “Digitalization path” (project funded by USAID ’s Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project, implemented by MASIT – ICT chamber of commerce in partnership with STIKK Kosovo and ICT Net). The event will cover several important topics that are connected to online sales and e-commerce solutions: Buyers, Video materials, Discounts SEO and CRO Key elements for web shop The event is targeted to participants from companies from the following sectors: Agriculture and processing Apparel and textiles Wood processing Tourism (eco, rural and active) If you want to join on our online event, please register on the link.

Scroll to Top