Новости

Пракса во МАСИТ

Потребни Квалификации: ВСС, Економски факултет, со предност на дипломирани од отсекот Е-бизнис (со и без работно искуство во дејноста) Вештини и способности: Способност за самостојна и тимска работа Динамични, иницијативни и насочени кон резултати Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој Одлично познавање на англиски јазик Одлично познавање на Microsoft Word, Excel Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност) Способност за одржување на веб страна (веб администрација) Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници Флексибилност за работа на терен Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:  Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците медиумите, институциите и другите засегнати страни Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ Подготовка на 3 месечен е-информатор на MailChimp Подготовка на кампања и креатива за одржување на социјални медиуми Одржување на веб страна на МАСИТ Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ Достава на дописи до пошта и институции Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија Времетраење на работната пракса: од 3 до 6 месеци со 8 часовно работно време Надоместок: Согласно Закон за практикантство Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до contact@masit.org.mk најдоцна до 21.05.2021. Превземи PDF

Новости

Digitalization path project Newsletter no.3

We invite you to take a closer look at the third newsletter of our Project: Digitalization path, which provides an overview of some highlights and activities within the second quarter of the project. About the “Digitalization path” project: The Project Digitalization path is a 15-month project funded by the USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project and implemented by MASIT (North Macedonia) in partnership with STIKK (Kosovo) and ICT Net (Serbia). The main goal of this project is to support SMEs from the targeted value chains (fresh and processed fruit and vegetables, apparel and textiles, wood processing and tourism) from North Macedonia, Kosovo and Serbia in their activities to Better understand and get familiar with the benefits of the digital transformation Analyze their current level of digital 4 transformation and create Digital Transformation Strategies identifying and prioritizing needed IT solutions; and Financially support them in the process of purchasing and implementing IT solutions in order to improve their business activities. The Newsletter is available at the link below. Newsletter PDF

Новости

Средба на ВМРО ДПМНЕ со МАСИТ

Денес, 14.04.2021, беше одржана средба помеѓу дел од членовите на Управниот одбор на МАСИТ предводени од Претседателката Анета Антова Пешева и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено од Претседателот Христијан Мицковски. На средбата се дискутираше за состојбите во ИКТ индустријата и перспективите на овој сектор, при што од страна на Претседателката на МАСИТ беа истакнати неколку клучни пораки:    ИКТ индустријата е редок пример за дел од македонската економија кој има потенцијал да генерира силен економски раст и бенефити кои се чувствуваат не само во економијата туку и во целото општество воопшто. ИКТ индустријата бележи пораст по сите параметри (остварени приходи, број на вработени, извоз) дури и во услови на пандемија и сериозна економска криза е значаен придонесувач во државниот буџет од аспект на платени даноци и придонеси. Ние како МАСИТ остануваме посветени на нашите заложби за подобрување на бизнис климата во ИКТ индустријата преку воведување на посебни даночни стимулации и силно веруваме дека ИКТ секторот е и ќе продолжи да биде уште позначаен двигател на економскиот раст на државата МАСИТ стои на располагање на сите чинители со цел подигнување на нивото на дигитализацијата во сите сфери на општеството. Таа за среќа или за жал е новата реалност која во суштина ќе биде радикална реформа после која сигурно ништо нема да биде како што некогаш било. Компаниите од ИКТ индустријата и сега се спремни и го нудат целокупниот свој капацитет и поддршка за да ја постигнеме целта.

Новости

Call for applications for beneficiary companies

The project “Digitalization Path” – funded by the USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project and implemented by MASIT (North Macedonia) in partnership with STIKK (Kosovo) and ICT Net (Serbia) is announcing an open call for applications from companies operating in the sector of agriculture and processing, light manufacturing (apparel and textiles, wood processing), and tourism (eco-tourism, rural tourism, and adventure tourism), that needs development of personalized Digital transformation strategy in order to improve their business. Personal digital transformation strategies support description: The Project will provide expert help from experienced consultants, who will support companies to effectively identify and prioritize IT solutions that would potentially have the highest return on improving the business operations of each SME. This personalized Strategy will have the goal to analyze the current business processes and understand the company’s needs, problems and challenges, based on which detailed recommendations for implementation of IT solutions will be elaborated and recommended in order to improve their business operations and sophistication. What can you expect? Work with experienced consultants Development of your own personalized Digital Transformation Strategy 30 beneficiary companies, 10 companies per country from the sectors mentioned above will be selected for the development of the Digital Transformation Strategy The application deadline for this call is 20.06.2021. The interested companies should apply by sending the Expression of interest template to the following e-mail addresses according to the country they operate in: North Macedonia – Elena Petrushevska, Project coordinator, elena.petrushevska@masit.org.mk, Serbia – Marina Blagojevic, Project coordinator, marina.blagojevic@ict-net.com Kosovo – Art Navakazi, Project coordinator, art.navakazi@stikk.org You can read all the detailed information about the call on the following LINK.

Новости

Kонференција и Б2Б средби на тема „Германско-македонско ИТ B2B партнерство“, 1 Јуни 2021

Ве информираме за претстојната конференција и Б2Б средби на тема „Германско-македонско ИТ B2B партнерство“ организирани од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија – АХК и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. „Германско-македонското ИТ B2B партнерство“ е специјална иницијатива за вмрежување помеѓу носителите на одлуки во приватниот и јавниот сектор во сферата на дигитализација кои доаѓаат од различни сектори во Германија и компании од ИКТ-индустријата од С. Македонија. Целта на партнерството е да се зголеми економската размена и да се поттикнат соработката и инвестициите во ИТ секторот меѓу двете земји. Конференцијата и Б2Б средбите ќе се одржат на 1 јуни 2021 година и поради Ковид-19 настанот се спроведува виртуелно. Повеќе детали можете да погледнете на веб страната на настанот https://it-delegationtrip.mk/ . Во рамки на овој настан Македонските ИКТ компании ќе имаат можност со кратка презентација да се претстават пред потенцијални партнери од Германија (за што е веќе воспоставена соработка со партнер организација од Германија – German Business Eastern Association (GBEA)) како и да учествуваат на Б2Б состаноци со ИТ-компании од Германија. Цената за учество изнесува 200 Евра + 18% ДДВ за компании членки на МАСИТ (300 Евра + 18% ДДВ за не-членки). Сите компании кои се заинтересирани потребно е да се пријават најдоцна до 08.04.2021 на biljana.prlichkova@masit.org.mk и да ни го испратат пополнетиот прашалник кој е достапен на следниот линк. Профилите на компаниите кои ќе се пријават за овој настан ќе бидат споделени со германската организација која ќе анимира германски компании за учество на настанот и Б2Б средбите. Овој настан е поддржан од ПроКредит Банка Северна Македонија и Македонски Телеком. За било какви дополнителни прашања стоиме на располагање. Контакт: Билјана Прличкова, МАСИТ, biljana.prlichkova@masit.org.mk и Марина Станков, АХК, stankov@nordmazedonien.ahk.de .

Новости

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и УКИМ

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, претставувана од г-ѓа Анета Антова Пешева и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, на ден 5.3.2021г. потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.Целта на овој Меморандум е воспоставување на соработка меѓу Универзитетот и Комората, која како доминантен претставник на интересите на ИКТ индустријата во земјата, ги застапува и штити интересите на стопанските субјекти кои работат во областа на информатичката и комуникациската технологија и го унапредува квалитетот на услугите и кадрите во ИКТ индустријата, вклучително и подигање на стандардите за квалитетно образовно ниво на ИКТ кадрите. Меѓу другото оваа соработка ќе се темели на заложбата за осовременување и динамично менување на методологијата на наставниот процес на техничките факултети соодветно на најновите ИКТ технологии. Во рамките на соработката се предвидува и гостување на претставници на Комората и нејзини членки на сите факултети и институти во состав на Универзитетот, а се со цел за: подобрување на подготвеноста на студентите за работа во ИКТ секторот; подигнување на нивото на дигиталната писменост кај вработените на Универзитетот преку организирање на обуки; организирање на обуки за студентите заради унапредување на знаењата и усовршување на идните ИКТ кадри. Притоа Универзитетот и Комората се обврзаа да ја одржуваат и продлабочуваат меѓусебната соработка, со цел осовременување и имплементација на заедничките активности и разменување мислења во врска со остварување на утврдените цели.

Новости

Платформата за Јавно-Приватен дијалог на средба со Претседателот Стево Пендаровски

На 25.02.2021 Претседателите на стопанските комори во рамки на Платформата за јавно-приватен дијалог одржаа средба со Претседателот на Република Срверна Македонија, г. Стево Пендаровски.  На средбата претставниците на секоја од коморите ги елаборираа своите ставови и мислења во насока на подобрување на целокупното стопанство во државата. 

Новости

Средба на Платформата за јавно приватен дијалог со Г-дин Мартин Викерс, трговски пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство Г-дин Борис Џонсон

Денес се одржа виртуелна средба помеѓу високи претставници на Стопанските Комори кои се дел од Платформата за јавно приватен дијалог (Г-дин Зоран Јовановски од Стопанската комора на Македонија, Г-ѓа Данела Арсовска од Сојузот на Стопански комори, Г-дин Неби Хоџа од Стопанската комора на Северозападна Македонија, Г-дин Илија Господинов од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ) со Г-дин Мартин Викерс, трговскиот пратеник за Западен Балкан на Премиерот на Обединетото кралство, Г-дин Борис Џонсон и неговиот тим. Средбата беше организирана под покровителство на Министерството за надворешни работи со поддршка на Амбасадата во Обединетото кралство, а на истата присуствуваа и Амбасадорот на Северна Македонија во Обединетото кралство Н.Е. Александра Миовска, Амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија Н.Е. Рејчел Галовеј, Директорот за глобални бизнис мрежи при Британските Стопански Комори Г-ѓа Анне-Марие Мартин, ДИТ Директорот за Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово Г-дин Никола Стојановски и Амбасадорот Илија Псалтиров од Министерството за надворешни работи како модератор на истиот. На средбата, Г-динот Викерс како прв трговски пратеник за Западниот Балкан, ги претстави неговите заложби за интензивирање на економската соработка со Северна Македонија и се запозна одблиску со секоја од присутните Стопански комори, нивните активности како и потенцијалите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји, при што од негова страна беше потврден интересот на Обединетото Кралство за продлабочување на економската соработка земјите од Западен Балкан меѓу кои и Северна Македонија.  Посебен акцент во рамки на дискусијата беше ставен на можна соработка во областа на обновлива енергија, зелена агенда, информатички и комуникациски технологии – ИКТ, потенцијална соработка на инфраструктурни проекти како и можности во циркулацијата на луѓе и стоки по Брегзит помеѓу Велика Британија и Северна Македонија, како земји што не се членки на ЕУ. Двете страни се договорија за продолжување на разговорите со цел овозможување на  институционална поддршка на македонските и британските компании да ја интензивираат соработката во иднина, да најдат точки на заеднички интерес и да придонесат за зголемување на севкупната економска соработка помеѓу двете земји. 

Новости

WITSA повикува на партнерство со владите за поврзување на светот

Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) објави извештај со наслов „Улогата на владата во поврзувањето на светот – од перцепција на индустријата”. Извештајот наложува дека во дигитално предводена светска економија, целосното приклучување кон дигиталнато доба е неопходно за иднината на земјите. Обврска е на владите , во партнерство со индустријата и другите засегнати страни, да ја структурираат е-трговијата и дигиталната економија со усвојување закони кои го фаворизираат усвојувањето на ИКТ и економскиот раст. Во многу земји во развој, ова е огромен предизвик што ќе вклучува реформа на постојните политики, закони и регулативи во многу области. „Пандемијата ја истакна очигледна потреба за надминување на дигиталниот јаз, во и помеѓу земјите, имајќи ја предвид клучната улога што ја одигра дигиталната економија за време на кризата “, рече Претседателот на WITSA, Yannis Sirros . „Кризата со КОВИД-19 претставува уникатна можност за подобрување на животот и егзистенцијата на граѓаните. Владите, приватниот сектор, меѓународните организаци и граѓаните мора да го прифатат предизвикот за зголемување на дигитализацијата и да се осмелат да направат разлика “, продолжи г-н Sirros . „Моментот е сега!“ „За жал, дигиталната економија е сè уште релативно незабележана во многу нови земји низ целиот свет, а политиките и регулативите не успеваат да одат во чекор со забрзаните дигитални трансформации што се случуваат “, рече генералниот секретар на WITSA, д-р Jim Poisant. „Императив е владините лидери, во соработка и партнерство со приватниот сектор, да ја прифатат и наметнат употребата на дигиталните технологии “, продолжи д-р Jim Poisan . „ИКТ мора да биде во сржта на сите одлуки донесени од владините лидери.” Целосниот извештај можете да го погледнете на линкот подолу. Превземи PDF

Новости

Иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите за филантропија, емпатија и солидарност во кризни моменти

Денес во Гимназијата „Никола Карев“ и ООУ„Аврам Писевски“ од Скопје беа донирани компјутери за сите ученици кои немаа соодветен уред за следење на онлајн настава на почетокот на оваа учебна година. Со оваа донација од вкупно 30 користени компјутери ќе се покријат во целост побарувањата за уреди на учениците во двете споменати училишта. Компјутерите се донирани, сервисирани и целосно ставени во функција за непречено користење од страна на членките на  Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ. „Нешто што започна како индивидуална граѓанска акција чии иницијатори се: Центар за управување со знаење, Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ, Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК Скопје и Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија би сакале да прерасне во сеопфатна мобилизација. Наша клучна задача како организации е да иницираме и поттикнуваме враќање на вистинските вредности за филантропија, солидарност и емпатија“ – подвлече Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Следејќи ја актуелната состојба со отпочнување на новата учебна година и настанатите потешкотии за реализација и следење на истата за голем број училишта и деца, нашите организации свесни за потребата за мобилизација и за заедничко здружување на ресурсите и презентирање на проактивен организациски пример, одлучија да понудат помош и поддршка преку реализирање на пилот активност за мобилизација на претпријатија и други организации кои би биле подготвени да донираат компјутерска опрема за децата од социјално загрозени семејства. „Би истакнала дека ова наша соработка е вистински пример како заедничката повисока цел, јасниот фокус и посветеност кон остварување таа поставена цел може да ги поврзе компаниите и организациите и да даде резултат. Исклучително се гордеам со фактот дека во изминатите 3 месеци покажавме вистински пример за соработка, координација и истрајност, гледано од професионален аспект“ – коментираше Катерина Златановска Попова, претставник на Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК Скопје. „Токму затоа ги повикуваме сите кои би сакале да ја покажат големината на солидарноста во кризни времиња, имаат можности и желба да направат разлика, независно дали се работи за компании, институции или организации, да истапат и да нѐ контактираат, а ние ќе им го споделиме нашето искуство, патот кој го изодевме во изминатите 3 месеци до финализирање на донацијата“ – истакна Андријана Богдановска, Директор на Центарот за управување со знаење. „Акцијата е мал пилот и со истата првично опфативме 1 основно и 1 средно училиште, а донациите на уредите и нивното сервисирање се од членките на Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ, и тоа во овој наврат од компаниите Нетцетера и ИНет, двете од општина Карпош. Планираме ова да биде континуирана активност која ќе се спроведува и во претстојните месеци, а наша огромна желба е да покриеме што повеќе училишта и да обезбедиме што поскоро доволно уреди за сите деца да можат да следат онлајн настава оваа учебна година“ – изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ. Донацијата е реализирана во координација со Министерството за образование и наука, одговорните лица во секторот за образование во Град Скопје и Општина Карпош како и несебична поддршка од директорите на споменатите училишта кои ќе се погрижат донираните уреди да стигнат до учениците на кои им е најнеопходна.  Андријана Богдановска – Центар за управување со знаење Катарина Златановска Попова – Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК Скопје Драги Змијанац – Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија Анита Никова – Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ

Scroll to Top