Членки

ЦМХ Солушнс

ЦМХ Солушнс е германска компанија која обезбедува аутсорсирани кориснички услиги на клиенти од различни индустрии. ЦМХ Солушнс во Македонија е основана во февруари 2015 година. Во моментов има 120 + вработени и е опремена со 100+ работни станици. Обезбедува 24/7 услуга за своите клиенти на германски, англиски, француски, италијански, холандски и шпански, португалски, турски, албански и различни источно-европски јазици. cmx-solutions.com

Членки

Циско Системс

Cisco помага да ги искористи можностите од утрешниот ден докажувајќи дека неверојатни работи можат да се случат кога ќе го поврзете неповрзаното. Составен дел од нашата ДНК е создавање долготрајни партнерства со клиенти, кои работат заедно за да ги идентификуваат потребите на нашите клиенти и да обезбедат решенија што го поттикнуваат нивниот успех.Ние го зачувавме овој силен фокус на решавање на деловните предизвици уште од основањето во 1984 година. Лен Босак и сопругата Сенди Лернер, двајцата кои работеа на универзитетот Стенфорд, сакаа да се испраќаат меѓусебно преку е-пошта од соодветните канцеларии, но технолошките недостатоци не дозволија таква комуникација. Требаше да се измисли технологија за да се справи со различните протоколи на локалното подрачје, и како резултат на решавање на нивниот предизвик, роден е мултипроколскиот рутер. www.cisco.com

Членки

ХОЈО ТЕК

ХОЈО ТЕК работи на комплетно софтверско решение во сферата на IoT вклучувајќи веб апликации, мобилни апликации и апликации за мапетни уреди и служи како централен хаб за иститр. Нашите експертизи вклучуваат: – Софтверско решение за паметен дом кое вклучува firmweare за standalone уреди и мобилна апликазија со која истите може да менаџираат, центален хаб преку кој се контролираат сите уреди во рамките на паметниот дом бо кој воедно има и механизам за машинско учење и носење за автоматски одлуки за определени кориснички сценарија. – Fleet Management решение за транспорт и логистика наменет за компании кои поседуваат голем број на моторни возила – Индустриско IoT решение hoyo.tech

Членки

ФОУР СОЛУШНС – Инит

Init е скандинавска групација на компании специјализирани за индустриска автоматизација, дигитализација и развој на софтверски решенија. Со повеќе од еден век технолошко искуство зад себе и силна култура на иновации, Init нуди висококвалитетни, приспособени решенија за индустриските гранки во Скандинавија и пошироко. Нашите експерти се потпираат на длабинско познавање на компјутерски науки, автоматизација, мехатроника и процесно инженерство – што ни овозможува да одговориме на комплексни индустриски предизвици и да испорачаме интелигентни и одржливи решенија. Работиме со клиенти на долгорочна основа, како доверлив технолошки партнер и снабдувач на инженерски услуги и производи. Init има 800+ вработени во 35 канцеларии низ осум европски земји, меѓу кои и Македонија. Основана е во 2022 година со визија да обедини водечки компании и луѓе од областа на индустриската ИТ и автоматизацијата. Денес, под заедничкото име, Init – го движиме индустрискиот напредок со знаење, креативност и доверба. initgroup.com

Членки

ФОКСИТ

Ние нудиме високо квалитетни и професионални ИКТ услуги и производи од воспоставени и добро познати добавувачи со извонредност на аргументи (нашите партнери). Нашите интегрирани, високо професионални ИКТ услуги се резултат на големо искуство и имплементација на најсовремени технологии во корпорација со професионалци од областа.   foxit.mk

Членки

ФИНКАП

FinqUP е првиот комплетен дигитален front-office специјално развиен за осигурителни компании, инвестициски и пензиски фондови, поддржан со вештачка интелегенција. Финансиските институции добиваат можност да ги понудат сите услуги во една мобилна апликација за своите клиенти со брзо и пријатно корисничко искуство, автоматизирано преку вештачка интелегенција. Во FinqUP веруваме дека иднината на финансиските услуги е автоматизирана, персонализирана и достапна за сите и сме посветени кон постојано унапредување на начинот на кој финансиските институции се поврзуваат со клиентите. www.finqup.com

Членки

Фибернет

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година и е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори, се занимава со структурно каблирање на бакарни мрежи и нивно проектирање.   fibernet.mk

Членки

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружувањето на двата најголеми институти од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во дадената форма двата институти работат уште од осумдесеттите години на минатиот век. ИИ почнува да работи од далечната 1985 година како рамноправна составна целина на повторно обединетиот ПМФ под името Институт за информатика. ИКТИ потекнува од Катедрата за техничка кибернетика, која 1982 година прво прераснува во завод, а потоа и во институт. Во овој период од скоро 30-тина години кај овие Институти се случува постојан раст во научните и техничките капацитети, како резултат на извонредните залагања на нивните членови, а во тренд со светскиот подем на информатиката. Сѐ поголемиот интерес на студентите за оваа област и сѐ поголемиот развој и можностите на двата Институти доведуваат до тоа во последните учебни години да станат најголеми институти на факултетите и да опслужуваат скоро 50% од студентите. Во целиот период на развој, постојат голем број заемни проекти и истражувања, како на лична, така и на институционална основа. Двата институти беа во постојаната трка за што повисок квалитет на студиите, научно-истражувачката и апликативната дејност. Ваквата трка всушност резултираше со еден конечен обединувачки фактор – сѐ позначителен развој и подем на информатиката во Македонија и формирање на една исклучително силна заедница на информатички насочени наставни кадри. Од 2011 година тие и формално започнуваат да чекорат по заеднички пат како најсилна и најнапредна научно-истражувачка и образовна институција во Македонија од областите на информатиката – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). www.finki.ukim.mk

Членки

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ (ФИКТ) – БИТОЛА

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола е единствената образовна и научно-истражувачка институција од областа на информатичките науки и комуникациското инженерство во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Факултетот развива извонредно богата дејност во неколку области: Додипломски студии (прв циклус академски студии) Последипломски студии (втор циклус на универзитетски студии) Докторски студии (трет циклус на универзитетски студии) Научно-истражувачка работа (фундаментални, развојни и применети, домашни и меѓународни проекти) fikt.uklo.edu.mk

Scroll to Top