Членки

Макпетрол

Со вкупно 126 станици со современа понуда на производи и услуги, Макпетрол располага со најголемата мрежа од бензински станици во Република Македонија. Покрај тоа, во производите и услужните дејности на нашата компанија имаат доверба и многубројни деловни клиенти, оператори на возни паркови, шпедитерски и транспортни компании, обата македонски аеродрома и индустриски субјекти со различни дејности. Уште од основањето пред близу седум децении, Макпетрол отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Македонија.Преку нашата современа лабораторија којашто работи според најстроги светски стандарди, ние обезбедуваме постојаност на квалитетот на нашите горива, исто како и преку редовната контрола и врвната техничка изведба на инфраструктурата на нашите бензински станици. Во 2008 година ја отворивме и фабриката за биодизел гориво со годишен капацитет од 20.000 тони, со што уште еднаш укажавме на нашата посветеност во примената на обновливи извори на енергија. www.makpetrol.com.mk

Членки

Македонски Телеком

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата обезбедува услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, портфолио на конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија. Во текот на изминатите две децении, од традиционален телекомуникациски оператор, Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија која ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите. www.telekom.mk

Членки

Македонски Бизнис Системи

Македонски бизнис системи (МБС) е компанија формирана 1991 година, како Local Service Organization на корпорацијата IBM (International Business Machines) во долга традиција на соработка со фирмите во Македонија. МБС ја продолжи определбата да ги нуди производите на IBM (хардвер, софтвер, услуги и т.н.) и ги сочува вкупните деловни односи со македонските корисници поставени на IBM-овата деловна етика, стандарди и пракса.Во почетокот на 1999 година IBM одлучи да го промени начинот на работа во сите земји во кои немаше свое директно застапство, во што покрај Македонија беа вклучени и многу други земји. По ова МБС продолжи да делува како IBM Solutions Provider (највисоко ниво во хиерархијата на IBM-вите бизнис партнери) за сите IBM-ови хардверски и софтверски платформи.Денес, МБС работи под идеологијата дека човечката умствена креација е најдобриот продажен алат на пазарот како и најголемата придобивка со што компанијата донесе одлука за целосна промена на своето работење и пренос од компанија чијашто основна продажна дејност е компјутери и компјутерска опрема во компанија чијашто основна дејност е изработка на софтверски решенија. Со нашето делување се стремиме да придонесеме и во развојот на пошироката средина како промотор во развој на Информатичко општество. Активна членка сме на Македонската Асоцијација за ИТ – МАСИТ. Истовремено, активно партиципираме во грижа за нашето опкружување и негување на културни и историски вредности преку учествување во културни манифестации, поетски и прозни активности и развој на младите во уметноста. Веруваме дека развојот на духовните вредности помага и во креативноста во информатичката технологија. www.mbs.com.mk

Членки

МАК СИСТЕМ СОФТВЕР

МАК СИСТЕМ СОФТВЕР е компанијата која е лидер на светско ниво, кога се работи за медицински софтвер за управување со крв, плазма, ткива и матични клетки. Во фокусот на МАК СИСТЕМ СОФТВЕР е изработка на софтверски решенија во трансфузиологијата. Нивниот софтвер го користат банки за крв, болници, институти за трансфузиона медицина и ресорни министерства, речиси во цела Западна Европа, Канада, Австралија, Хонг Конг, Јужна и Северна Америка и Африка. Меѓу нивните главни клиенти е и Американскиот црвен крст. Она што посебно заслужува внимание е дека се работи за македонски производ, македонски софтвер, чиишто почетоци датираат уште од средината на 80-те години (фирмата во Скопје постои веќе 30 години), којшто константно ги следи новите технологии и развива нови функционалности во корист на пациентите. Компанијата ги поседува сите релевантни светски сертификати од оваа област, работејќи под строга усогласеност со барањата на американската FDA, европските регулативи/ Единствениот европски законик и сл.“ www.mak-system.com

Членки

М6 ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР

M6 Едукативниот центар претставува водечка институција за трансформации и општествен развој преку континуирано поттикнување на едукација, иновации, креативност и култура во секојдневниот и професионален живот, за индивидуи, компании и институции. М6 Едукативниот центар е центар кој нуди вредност за клиентите преку обезбедување на предизвици за развој и промени за постигнување на извонредност во работењето, притоа фокусирајќи се на задоволствотото и вредноста која ја нуди за сите стејкхолдери. https://m6.edu.mk/

Членки

ЛИНК ПЛУС ИТ

LinkPlus IT is a software development company, specialized in: Software solutions for enterprise applications.Software development of scalable enterprise applications.Software testing and automatization.Provide state-of-the-art software development and services Now, we operate in two branches: Pristina, Kosovo and Skopje, Macedonia withmore than 30 team members.We are using the most cutting edge technologiesFollow a structured process of development and offer timely project delivery fromour highly skilled and experienced developers.Our portfolioApplications development on airline, marketing, travel, medical, printing andgaming industries. Currently LinkPlus IT partners and provides softwaredevelopment services to our clients across the globe including: Canada andWestern Europe. linkplus-it.com

Членки

ЛАНКОМ КОМПЈУТЕРИ

ЛАНКом Компјутери има долгогодишно искуство и знаење за комплетирање на секоја фаза од проекти од информатичката технологија без разлика на големината и нивната сложеност, почнувајќи од дизајнирање, проектирање, набавка на потребен хардвер, оперативен и апликативен софтвер, инсталација, имплементација, системска интеграција, па се до техничка подршка и сервисирање на опремата.Во соработка со домашните и странските партнери и консултанти, ЛАНКом Компјутери нуди решенија од типот ” клуч на рака” на коминтенти од различен профил на целата територија на Република Македонија. Со својот високо образован и стручен тим ЛАНКом Компјутери го освои македонскиот пазар и стана еден од неговите лидери истакнувајќи се со својот чесен, стручен, професионален и флексибилен приод кон неговите коминтенти и решавањето на нивните проблеми, барања и потреби. www.lancom.com.mk

Членки

КОСМИК ДЕВЕЛОПМЕНТ

Cosmic Development е консултантска и развојна информатичка компанија посветена на обезбедување на разновиден спектар на ИТ услуги, врвни технологии и решенија за најквалитетни класи на најфлексибилен и достапен начин. Ние се консултираме и им овозможуваме на нашите клиенти да се здобијат со оптимален тим со правилен пакет на вештини за да го завршат овој проект. Нашите клиенти ја одржуваат прерогативата за максимална контрола, надзор и директно вклучување во текот на проектот, додека ние спроведуваме ефикасно управување со проекти, градење на тим и процедури за обезбедување на квалитет за да обезбедиме најдобра можна услуга. www.cosmicdevelopment.com

Членки

Кодит Солушн

CodeIT Solution е компанија која развива нарачан софтвер, специјализирана за сопствен софтвер за деловни активности и лица. Ние развиваме сопствен софтвер кој одговара на специфични деловни потреби и укажуваме на можните начини за зголемување на продуктивноста и остварување на поголем профит. Нашиот процес на развој вклучува собирање на барања, ставање на нашите идеи на хартија и производство на интелектуално решение, потврдено со обезбедување на квалитет, што претставува фузија на нашата експертиза, подобро управување со проекти и задоволство на клиентот. www.codeit.mk

Членки

Клик Консалтинг

Клик Консалтинг е менаџмент консалтинг компанија регистрирана во 2015 година. Досега има помогнато на 430+ компании да го развијат својот бизнис преку: пристап до финансии (грантови, субвенции, поволни кредити), стратешко планирање, отворање на нови пазари, физибилити студии за диверзификација, менторирање, обуки. Клик Консалтинг тесно соработува со голем број меѓународни организации, донатори, институции, компании и професионалци кои покриваат различни сектори и индустрии. cliq.pro

Scroll to Top