Членки

НЕОКОМ

Со цел да им се понуди професионална и квалитетна услуга на клиентите, Неоком континуирано инвестира во едукацијата и сертификацијата на своите вработени но во исто време и сертификација на самата компанија според меѓународните ИСО стандарди. Имено Неоком е прва македонска ИТ компанија која се сертифицира според меѓународниот ИСО стандард ISO 9001:2008 уште во 2000-та година. www.neocom.com.mk

Членки

Некстсенс

Nextsense е специјализирана за носење на целосни процеси на дигитална трансформација и доставување на ИКТ решенија за подобрување на деловните перформанси на широк спектар на организации. Користејќи ја врвната технологија, нашите производи и решенија се засноваат на нашата експертиза и искуство во градењето дигитални решенија за владини и реномирани претпријатија во Телеком, Финансии и други индустрии ширум Европа и пошироко. Ние сме посветени да ги водиме компаниите преку процесот на дигитална трансформација, ние им помагаме да го променат начинот на кој тие работат од хартија во дигитална. Ние предвидуваме и развиваме сложени ИКТ решенија, овозможувајќи им да ги имплементираат интелигентните решенија за автоматизација на нивните внатрешни и клиенти поврзани процеси.Од безбедни, доверливи и целосно усогласени дигитални решенија за потпишување, запечатување, временско означување, верификација, е-достава и е-документи до прилагодени е-парламент и е-влада ширум светот – знаењето за доменот, алатките, техниките и технологијата ни овозможуваат да достигнеме можности низ целиот свет. www.nextsense.com

Членки

МОДИРУМ ПЛАТФОРМС

Модирум Платформс е водечки иноватор во понудата на безбедни решенија кои се потпираат на Вештачка Интелигенција наменети за клучните сектори на комуникации, Телеком, Финансии, јавните и владини институции, како и во здравството и енергетиката. Фокусирајќи се на развој на платформа, нашата мисија е да ги оснажиме организациите од јавната безбедност и деловните субјекти со тоа што ќе им овозможиме поефикасно да ги нудат, реализираат и моделираат своите услуги, а истовремено да ја одржат довербата, стабилноста и иновациите. Во нашето 27 годишно искуство и тим од над 250 стручњаци, имаме реализирано над 500 проекти во 30 земји. Нашиот стручен тим работи во партнерство со организацијата во насока на реализација на висококвалитетни решенија, скроени да одговараат на конкретните потреби на индустриите кои се наши клиенти. modirumplatforms.com

Uncategorized-MK, Членки

Мобико

Визија на МобикоВизијата на МОБИКО во областа на мобилната телефонија е оддржување на застапеноста на брендовите SonyEricsson, LG и Alcatel на македонскиот пазар со остварување на ниво на квалитет на услуги претставени преку реализација на пред и постпродажна поддршка согласно барањата на купувачите, додека пак во областа на ИТ&Т опремата оддржување на договори со компаниите во кои се реализирани поголеми проекти и зголемување на застапеноста на пазарот. Мисија на МобикоЗа реализација на својата визија, Мобико ќе развива мисија во следните правци:– Обезбедување услуги со највисок квалитет– Зголемување на конкурентната предност на пазарот во областа на понуди на услуги Реализацијата на горнонаведеното планираме да ја оствариме преку: – Подобрување на квалитетот на сопствените услуги (намалување на времето потребно за извршување на – услугите, намалување на бројот на рекламации и сл.)– Подобрување на состојбата на ресурсите преку инвестиција во градење кадри и тимски пристап кон работењето, како и инвестиција во инфраструктурата и подобрување на условите на работната средина.– Зголемување на рејтингот кај партнерите преку понуда на најоптимални решенија, почитување на договорените услови за реализација на услугата и обезбедување комплетна поддршка. www.mobico.com.mk

Членки

МК Хост

МКхост е најголемиот хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија, кој стартуваше официјално со работа на 1-ви септември 2006-тата година.Во изминативе 13 години, МКхост прерасна во вистински бренд кој помогна на многу компании, организации и индивидуи да се појават на интернет со сопствени веб сајтови, а со тоа да го прошират својот бизнис национално и регионално.Со онлајн решенија креирани по светски стандарди, главниот фокус на МКхост се секогаш корисниците, заедно со постојана и брза професионална техничка поддршка.МКхост постојано ги следи и воведува светските трендови во технологијата, со цел константно подобрување на услугите и автоматизација на процесите. mkhost.com

Членки

МАРАНД КОНСУЛТАНТИ

Маранд Консултанти ТП е фирма иницијално основана од финансиски консултанти кои долгогодишното искуство во финансии го преточија во целосна анализа на бизнис процеси, дигитализација и подобрување на работењето на своите клиенти. Денес, Маранд Консултанти ТП е прва фирма која го донесе Oracle NetSuite на пазарот во регионот на Словенија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Примарната дејност е имплементација на EPR системи, дигитализација, интерпретација и анализа на бизнис процеси со цел подобрување на работењето на мали и средни претпријатија. marand.com.mk

Членки

Макпетрол

Со вкупно 126 станици со современа понуда на производи и услуги, Макпетрол располага со најголемата мрежа од бензински станици во Република Македонија. Покрај тоа, во производите и услужните дејности на нашата компанија имаат доверба и многубројни деловни клиенти, оператори на возни паркови, шпедитерски и транспортни компании, обата македонски аеродрома и индустриски субјекти со различни дејности. Уште од основањето пред близу седум децении, Макпетрол отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Македонија.Преку нашата современа лабораторија којашто работи според најстроги светски стандарди, ние обезбедуваме постојаност на квалитетот на нашите горива, исто како и преку редовната контрола и врвната техничка изведба на инфраструктурата на нашите бензински станици. Во 2008 година ја отворивме и фабриката за биодизел гориво со годишен капацитет од 20.000 тони, со што уште еднаш укажавме на нашата посветеност во примената на обновливи извори на енергија. www.makpetrol.com.mk

Членки

Македонски Телеком

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата обезбедува услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, портфолио на конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија. Во текот на изминатите две децении, од традиционален телекомуникациски оператор, Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија која ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите. www.telekom.mk

Членки

Македонски Бизнис Системи

Македонски бизнис системи (МБС) е компанија формирана 1991 година, како Local Service Organization на корпорацијата IBM (International Business Machines) во долга традиција на соработка со фирмите во Македонија. МБС ја продолжи определбата да ги нуди производите на IBM (хардвер, софтвер, услуги и т.н.) и ги сочува вкупните деловни односи со македонските корисници поставени на IBM-овата деловна етика, стандарди и пракса.Во почетокот на 1999 година IBM одлучи да го промени начинот на работа во сите земји во кои немаше свое директно застапство, во што покрај Македонија беа вклучени и многу други земји. По ова МБС продолжи да делува како IBM Solutions Provider (највисоко ниво во хиерархијата на IBM-вите бизнис партнери) за сите IBM-ови хардверски и софтверски платформи.Денес, МБС работи под идеологијата дека човечката умствена креација е најдобриот продажен алат на пазарот како и најголемата придобивка со што компанијата донесе одлука за целосна промена на своето работење и пренос од компанија чијашто основна продажна дејност е компјутери и компјутерска опрема во компанија чијашто основна дејност е изработка на софтверски решенија. Со нашето делување се стремиме да придонесеме и во развојот на пошироката средина како промотор во развој на Информатичко општество. Активна членка сме на Македонската Асоцијација за ИТ – МАСИТ. Истовремено, активно партиципираме во грижа за нашето опкружување и негување на културни и историски вредности преку учествување во културни манифестации, поетски и прозни активности и развој на младите во уметноста. Веруваме дека развојот на духовните вредности помага и во креативноста во информатичката технологија. www.mbs.com.mk

Scroll to Top