Членки

ЕНДАВА

ЕНДАВА е меѓу првите 100 снабдувачи во светот и една од најбрзорастечите организации за ИТ услуги, со над 1.500 вработени низ центрите за испорака во Источна Европа и канцеларии во Велика Британија, Германија и САД. Области на специјализацијаДизајн, имплементација и управување со критички ИТ услуги на мисијата и деловни и дигитални решенија за клиенти од големи брендови во банкарството, плаќањата, осигурувањето, трговијата на мало, телекомуникациите, медиумите и издаваштвото. Бизнис моделот на Endava се заснова на високо колаборативен пристап со агилна испорака, силно знаење во индустријата и експертиза од светска класа. Услуги Ендава е специјализирана за испорака на услуги како што се: Развој на апликации, независно тестирање, дигитални медиуми, управување со апликации, услуги за облаци www.endava.com

Членки

Еликософт

Компанијата е основана во 1993 година во Скопје со цел да изработува физибилити студии и апликативни решенија од областа на банкарство, градежништво, трговија, земјоделие како и од други области, прилагодени за потребите на корисниците. Транзицијата во Македонија отвори многу нови можности.Побарувачката на пазарот растеше во други економски полиња и ние ја увидовме можноста да делуваме и во други области од бизнисот како што е градежништво, па за таа цел се формираа два тима во компанијата и тоа IT сектор и Сектор за градежништво. Еликософт е помеѓу првите компании во регионот на Југоисточна Европа што развива и одржува високо квалитетни решенија во доменот во кој работи.Услугите што ги нуди компанијата вклучуваат советување, планирање, изработка и обука, преку директни контакти со корисникот на информационите системи.Еликософт е присутен на бизнис пазарот во Македонија изминативе дваесет години и во моментов брои повеќе од десет високо квалификувани и сертифицирани експерти, поделени во следниве сектори:• Развој и дизајн на софтвер • Одржување на апликативни софверски решенија • Обука, Help Desk и подржка на крајните корисници • Развој на web апликации • Сектор за градежништо – проектирање, надзор и изведба • Маркетинг • Финансии и администрација • Дистрибуција www.elikosoft.com.mk

Членки

Едусофт

Edusoft е компанија за развој на софтвер основана во 1990 година. Ние сме специјализирани во дизајнирање, развој и имплементација на софтверски апликации.Нашата база на клиенти се состои од разновиден спектар на компании, од мали до големи бизниси, како и од владини институции. Компанијата поседува силно знаење и искуство во обезбедување софтверски услуги за индустрии, како што се финансии, осигурување, правосудство, ветеринарство, инженеринг, градежништво и др.Ние се гордееме со многу етички пристап кон бизнисот и оваа заложба доаѓа од горе надолу. Повеќето од нашите вработени имаат многу години значаен придонес во бизнисот и ова богатство на искуство редовно се освежува со помладите талентирани луѓе кои влегуваат во компанијата честопати директно од високото образование. www.edusoft.com.mk

Членки

ЕOS ITech

EOS ITech е софтверска компанија и технолошки партнер на EOS Matrix, дел од европската EOS Групација. Ние дизајнираме и развиваме ИТ производи и системи со модерни технологии, со фокус на cloud решенија, SaaS платформи, инфраструктура и безбедност. Работиме во крос-функционални тимови и создаваме флексибилна оперативна платформа што ги поддржува процесите на наплата и управување со побарувања во 24 земји. Како дел од глобална групација, нашата мисија е:„Да ги менуваме финансиите кон подобро – преку технологија, етика и иновација.“ EOS ITech постојано инвестира во ИТ безбедност, имплементирајќи силни механизми за автентикација и авторизација, и нуди простор за развој на ИТ таленти во С. Македонија. eositech.eos-solutions.com

Членки

Дигитал Скул

Дигитал скул е првото училиште отворено во Република Северна Македонија, кое нуди курсеви за информатичка технологија за деца на возраст од 8 до 18 години. digitalschool.edu.mk

Членки

ДИГИТ СОФТВЕР

Дигит компјутерски инженеринг е компанија која се занимава со развој на апликативен софтвер за посебни намени, како и готов интегриран софтверски пакет – Деловен Експерт. Тој претставува ЕРП софтвер кој содржи модули за финансово, материјално и комерцијално работење, производство, пресметка на личен доход и менаџирање на човечки ресурси, следење на основните средства, малопродажба… digit.net.mk

Членки

Даталаб

Претпријатието Даталаб се занимава со развој на деловна програмска опрема, обука и поддршка на системските партнери. Ние сме тим на стручњаци од различни области со големо знаење и искуство во решавање на прашањата и проблемите, кои настануваат при употребата на модерната технологија. Знаеме дека успешното и ефикасно водење на претпријатието е можно единствено со поддршка на квалитетен и сигурен Информациски систем. На малите, средни и големи претпријатија скоро 20 години им нудиме врвен софтвер. На корисниците им гарантираме најнова технологија и помош за правилно насочување на нивните претпријатија. Затоа нашето мото е “Претворете ги вашите податоци во профит!”. www.datalab.com.mk

Scroll to Top