Годишен преглед на активности на МАСИТ – 2025
Преглед на активности 2025 Годишен преглед на активности на МАСИТ – 2025 година Превземи PDF
Преглед на активности 2025 Годишен преглед на активности на МАСИТ – 2025 година Превземи PDF
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и оваа година спроведе компаративна анализа на ИКТ-секторот во Македонија. Од спроведената анализа може да се заклучи дека оваа индустрија продолжува да се развива и покрај одредени структурни предизвици, што јасно се согледува преку споредбата на клучните економски индикатори за 2023 и 2024 година.
ИКТ индустријата во Македонија го задржа позитивниот тренд на пораст, согласно последната анализа на МАСИТ, која покажува континуиран раст по однос на сите параметри.
Просечната месечна бруто плата на вработените во оваа индустрија за 2023 година ни прикажува стабилност. Овој индикатор во 2023 година изнесува 2290 евра и бележи пораст од 1% во однос претходната 2022 година кога бил 2260 евра за просечна месечна бруто плата исплатена по вработен.
Согласно последните податоци, ИКТ индустријата повторно бележи значаен раст и покрај еконосмката криза. Според официјалните бројки од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика, МКСтат и Народната Банка на С. Македонија, НБСтат, ИКТ индустријата по однос на исплатени плати и надоместоци на плати бележи значаен раст во 2022 година и изнесува 215.207.710 евра, што е за 30% повисока е сумата од 2021 година (165.229.713 евра).
ИКТ индустријата несомнено е најбрзорастечка индустрија, која дури и во период на економска криза бележи значаен раст. Според официјалните бројки од статистичкиот портал на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, просечната исплатена месечна бруто плата по вработен за ИТ секторот (компјутерско програмирање) за 2022 година е 2,260.10 евра, што е за 13% повеќе од просечната исплатена месечна бруто по вработен за ИТ секторот плата за 2021 година.
Согласно последните објавени официјални податоци од Државниот Завод за Статистика, просечната исплатена месечна бруто плата по вработен за ИТ секторот (компјутерско програмирање) за месец декември 2021 изнесувала 120.253 МКД
Компаративен приказ за 2019, 2020 и 2021 година Согласно податоците објавени на НБСтат (НБРСМ), во 2021 година извозот на Телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги изнесувал 330.44 милиони евра, остварувајќи пораст
Овој водич е подготвен за да им овозможи на работодавците препознавање и едноставна примена на овие нови алатки и техники, кои се користат при развивањето нови квалификации. Било да станува збор за подготовка на квалификација, во соработка со образовните власти, било да станува збор за подготовка на квалификација која ќе биде понудена и изведувана од работодавецот, следењето на дадените чекори и напатствија на работодавците им овозможува не само самостојно обликување квалификација туку и активно учество и во другите подрачја, пред сè, во квалитетот на квалификациите, но и во креирањето на образовните политики. Водичот е изработен од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и за соработка (Swiss Development Cooperation – SDC). Водич за процесот на верификација на нова квалификација
Во рамки на Центарот за стручно образование и обука и со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија – E4E на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, ви го презентираме новиот „Водич низ квалификациите во стручното образование„. Водичот е изработен од страна на работниот тим кој беше ангажиран за оваа намена и истиот има за цел е да ги претстави условите, можностите и придобивките кои стручното образование и обука ги нуди на секој ученик. Водич низ квалификациите во стручното образование
Дигитализацијата го менува начинот на кој луѓето живеат, работат и патуваат, и отвори нови можности за туристичките бизниси да се натпреваруваат на глобалните пазари. Дигитализацијата сега е најважниот мотор на иновации, конкурентност и економски раст во светот.Бизнисите на Косово се во силна позиција кон дигитална трансформација и успеваат да стигнат до глобалните клиенти, но сепак тие учат за да ги разберат можностите и придобивките што произлегуваат од користење моќни алатки како што се канали за продажба преку Интернет, ERP софтвери, CRM системи, итн. Прочитајте повеќе во брошурата „Преглед на дигитални трансформации во Косово“ изработена во рамките на проектот „Патека за дигитализација“ финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата, имплементиран од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија) и е достапна во прилог, на англиски јазик. Брошура: ПРЕГЛЕД НА ДИГИТАЛНИ ТРАНСФОРМАЦИИ ВО КОСОВО