Трендот на раст на ИКТ-индустријата продолжи и во 2025 година
МАСИТ ја објави најновата компаративна анализа на ИКТ-секторот во Македонија за 2025 година, која ги опфаќа клучните економски показатели за индустријата, вклучувајќи го бројот на компании и вработени, приходите, платите, извозот и придонесот кон државниот буџет. Анализата покажува дека ИКТ-секторот продолжува да бележи стабилен раст, достигнувајќи рекордни 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз во 2025 година. Во однос на 2020 година, приходите се зголемени за речиси 80%, извозот за 193%, бројот на вработени за 44%, а бројот на компании за 42%. Преземете го целосниот извештај за подетален увид во трендовите, економското влијание и развојните перспективи на македонската ИКТ-индустрија. Превземи PDF









