Брошура: ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА – Подобрување на внатрешните операции (Септември, 2021)
Оваа брошура има за цел да го поддржи процесот на дигитална трансформација за компаниите што работат во секторот: Земјоделство и преработка Лесно производство (облека и текстил, преработка на дрво) Туризам (еко-туризам, рурален туризам и авантуристички туризам) Целта на оваа брошура е да обезбеди подетална содржина за дигиталната трансформација и да служи како водич за компаниите за тоа како успешно да извршат дигитална трансформација и да го подобрат внатрешното работење преку имплементирање на ИТ решенија. Оваа брошура е подготвена во рамките на проектот „Патека за дигитализација“ финансиран од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата, имплементиран од МАСИТ (Северна Македонија) во партнерство со СТИКК (Косово) и ИКТ Нет (Србија) и е достапна во прилог, на англиски јазик. Брошура: ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА – Подобрување на внатрешните операции








