Публикации

Истражување за потребите од дигитални вештини (Септември, 2019)

Спроведувањето на Истражувањето за потребите на дигиталните вештини во земјата е една од првите активности на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална младина” финансиран од Британската Амбасада во Скопје а имплементиран од Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Истражувањето беше спроведено со цел да се дефинираат клучните дигитални вештини кои им се потребни на приватниот и јавниот сектор за кои ќе се развиваат соодветни модули за обука понудени на младите понатаму во рамките на проектот. Истражување за потребите од дигитални вештини (2019)

Публикации

Прирачник за извоз на софтвер и ИТ услуги (Април, 2019)

Странските компании и компаниите во земјава ја препознаа стратешката важност за настапот на странски пазари, а со тоа и извозот на софтвер и ИКТ услуги. Компаниите во Република Северна Македонија гледаат на странските пазари како нов потенцијален сегмент за развој на својот бизнис и зголемување на приходите. Согласно тоа, МАСИТ го изработи прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. Во прирачникот се објаснети чекорите и стратегиите кои треба да ги знае една компанија за извоз на странските пазари. Целосниот прирачник можете да го преземете на следните линкови: – Прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги (МК) – Doracak për eksportin e softuerit dhe shërbimeve të TIK (АЛ) Прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги е изработен во Април 2019 година, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, во кој партнери се Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и ЕПИ центар интернационал.

Публикации

Анализа на ИКТ секторот во Македонија, Албанија и Косово (2018)

PwC Македонија, со поддршка на PwC Албанија и PwC Косово, беа ангажирани од страна на Амбасадата на Кралството Холандија да извршат анализа на ИКТ секторот со цел да им се овозможи на заинтересираните компании сеопфатни, ажурни и релевантни податоци за ИКТ секторот на Северна Македонија, Косово и Албанија. Анализа на ИКТ секторот во Северна Македонија, Албанија и Косово (EN) Превземи PDF

Публикации

Unique value proposition for the Macedonian software and IT services industry (2012)

Позицискиот документ “Unique value proposition for the Macedonian software and IT services industry” е подготвен во 2012 година како активност во рамки на Стратегијата за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги и подготовката на истиот е поддржанa од УАСИД ИДЕАС. Документот е подготвен во насока на истражување и подобрување на можностите и конкурентските предности на македонските ИТ компании и зголемување на нивното учество на меѓународен пазар. Целта на овој документ е да ги утврди конкурентрските предности на македонската индустрија на софтвер и ИТ услуги со цел истите да бидат користени во маркетинг активности. Unique value proposition for the Macedonian software and IT services industry

Публикации

Ставови и препораки на МАСИТ за јавни набавки на ИКТ (2010)

МАСИТ очекува со овој документ да ги приближи своите идеи до пошироката јавност и до соодветните институции кои имаат надлежности во областа на планирањето и спроведувањето на јавните набавки, и да ја подобри својата способност да биде препознаен партнер на Владата за дијалог и активно вклучување во клучните дискусии за спроведување на процедурите за јавните набавки како и за регулаторната политика во оваа област. Ставови и препораки на МАСИТ за јавни набавки на ИКТ

Публикации

Стратегија за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги (2010)

Целта на оваа стратегија е да се помогне во унапредување на извозот, во тесна соработка со сите релевантни чинители, што ќе и помогне на македонската  индустрија за софтвер да ја постигне следнава главна цел: Македонија да се етаблира како препознатлив бренд за специјализирани, квалитетни услуги за аутсорсинг и софтверски производи во Европа, врз основа на системска конкурентност, извонредност на компаниите и супериорна вредност за потрошувачот. Во тесна врска со оваа главна цел, со стратегијата за унапредување на извозот се стреми кон следниве стратешки цели: Надминување на пречките поврзани со извозот и успешно позиционирање на македонските софтверски компании (особено МСП) на меѓунaродните пазари; Отворање нови пазари и нови сегменти на потрошувачи; Поттикнување на економски раст воден од извозот и зголемување на вработеноста; Да се поттикне меѓународниот маркетинг и брендирање на Македонија и нејзината индустрија за софтвер; Спречување и менување на насоката на одливот на мозоци; Поттикнување на трансферот нa технологија и пристапот до нови технологии и знаење; Намалување на ризикот преку диверзификација на пазарите; Забрзување на интеграцијата на пазарот на ЕУ; Резимирано може да се каже дека намената на стратегијата за унапредување на извозот не е само да се олесни интернационализацијата на македонските компании за софтвер и ИТ услуги, туку и да се зголеми конкурентноста на македонската индустрија за софтвер на одржлива основа и да се зајакне нејзината улога како катализатор на растот, продуктивноста, и иновациите во македонското стопанство. Индустријата за сoфтвер е еден исклучително динамичен сектор. Затоа, целта на оваа стратегија не е да се дефинира статичен систем од стратешки мерки за унапредување на развојот што ќе бидат непроменливи. Тој повеќе треба да се гледа како почетна точка и стратешка насока, којашто флексибилно ќе реагира на идниот развој на ресурсите и можностите, како и на промени на глобалните пазари и во технологијата. Следствено, овој документ дефинира систем проактивни стратешки политики и мерки насочени кон иднината, коишто ќе мора постојано да се ревидираат, прилагодуваат и подобруваат за да се обезбеди нивната ефективност. Оваа стратегија е развиена со помош на ГТЗ во 2010 година. Стратегија за унапредување на извоз на софтвер и ИТ услуги 2010 (МК) Export Promotion Strategy for the Export Promotion Strategy for the Macedonian Software and IT Services Industry 2010 (EN)

Публикации

Позициски документ за “Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи” (2009)

Во периодот од Мај до Ноември 2009 година, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии работеше на изработка на Позициски документ за “Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи”. Изработката на овој документ беше поддржана од Проектот за деловно опкружување на УСАИД, преку ангажирање на консултант за истражување и изработка на студија со цел утврдување на конзистентни предлог-политики за широкопојасен интернет во Македонија. Позицискиот документ е изработен според стандардите на МАСИТ за изработка и усвојување на позициски и стратегиски документи и преку него се декларираат ставовите на МАСИТ во поглед на развојот на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи,  а со цел истиот  активно да придонесе во насока на подобрување на технолошките и пазарни услови за простап до Интернет. Позициски документ за Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи

Публикации

Истражување за побарувачката на работна сила во ИКТ секторот (2005 и 2009)

Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИТ секторот во 2005 година е направено од МАСИТ и Проектот за конкурентност – МЦА финансиран од USAID.  Истражувањето е финансиски поддржано од German technical support program (GTZ PSP). Изработката е врз база на методологијата на WITSA, според која веќе се направени слични истражувања во Шри Ланка и Филипини со поддршка на USAID.  Истражувањето е целосно поддржано од 5-те факултети кои едуцираат ИТ професионалци во Македонија: Електотехничкиот факултет – Скопје, Машинскиот факултет – Скопје, Техничкиот факултет – Битола,  Природно математичкиот факултет – Скопје и Економскиот факултет – Скопје. Сите податоци се собрани од МАСИТ во периодот октомври-декември 2005, додека истражувањето е направено од Економскиот факултет во Скопје. Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИТ секторот (2005) Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИКТ секторот  за 2009 е направено од страна на SMMRI, подржано од Проектот за конкурентност на USAID, направен за Стопанската комора за ИКТ – МАСИТ. Оваа година извештајот нуди споредба со резултатите од направениот извештај за 2005 година. Истражувањето за побарувачката на работна сила во ИКТ секторот  (2009)

Scroll to Top