Интерактивен мастерклас: Клучни вработени – клучен успех

05. 12. 2024г.

Иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИКТ компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот

Со големо задоволство Ве покануваме да се вклучите на претстојниот интерактивен мастерклас на тема: „Клучни вработени, клучен успех: – иновативни пристапи за задржување на клучните вработени во ИТК компаниите преку оптимизација на трошоците и максимизација на потенцијалот.“

Настанот ќе се одржи на 11.12.2024, од 13:00 до 15:00 часот, во просториите на ВФП осигурителен брокер на адреса: бул. Кочо Рацин бр. 3 влез 2, Скопје.

Настанот е наменет за менаџери во ИКТ компании, ХР професионалци, вработени задолжени за стратешко планирање, тим лидери, раководители на сектори и највисоко раководство во компаниите. Овој мастерклас го организираме во соработка со нашите паторн партнери: Триглав осигурување живот АД Скопје и Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје.

Не ја пропуштајте оваа одлична прилика за учење од експерти од областа, размена на искуства, добри практики, како и неформално дружење на нетворкинг коктел овозможен од нашите патрон партнери.


На овој настан ќе имаме можност да ги слушнеме:

  • Блаже Петревски, извршен директор во Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје,
  • Митко Теохаров, соработник во ВФП АД Скопје,
  • Славко Саздовски, експерт за човечки ресурси и обуки, консалтинг Саздовски.
Учеството за членки на МАСИТ е бесплатно и можете да пријавите до тројца претставници од Вашата компанија. За сите останати учесници, цената е 3000 денари + 18% ДДВ по учесник. *За тројца учесници од една компанија која не е членка на МАСИТ, овозможуваме 15% попуст.

Регистрацијата е достапна на следниот линк и ќе биде отворена до 09.10.2024 или се до пополнување на отворените места.

РЕГИСТРАЦИЈА

*Доколку се регистрирате, но бидете спречени да учествувате, Ве молиме информирајте не, за да ослободиме место за други заинтересирани учесници.

Ве очекуваме!

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top