КАРЕДО Бизнис центарот поблиску до членките на МАСИТ

16. 06. 2023г.

Нов патрон партнер: А ПЛУС ИНЖИНЕРИНГ

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, склучи ново патрон партнерство со градежната компанија „А плус инжинеринг“ која е дел од тимот кој го претставува проектот КАРЕДО.

КАРЕДО ќе биде првиот вистински и најсовремен бизнис центар во нашиот град, кој се гради според најнови стандарди и кој нуди голем број различни содржини, со широка намена и тоа: за домување, бизнис, спорт,  рекреација, градинка и многу повеќе.
Просториите на КАРЕДО ќе бидат модерно опремени со највисока технологија и високо квалитетна опрема, канцелариски простории опремени со сите потребни содржини кои овозможуваат удобност, економичност, продуктивна работна околина, а со тоа и раст на компаниите чие седиште ќе се најде токму тука.

Со својата одлична локација на кејот на реката Вардар во општина Карпош, КАРЕДО нуди лесен пристап до некои од најдобрите скопски удобности. Се наоѓа во близина на Скопје Сити Мол, Супер Тинекс, трите големи болници – Аџибадем Систина, 8 Септември, Поликлиниката Букурешт, бензински пумпи, СЦ Борис Трајковски и Градскиот парк, што го прави совршена дестинација за оние кои бараат премиум начин на живот на погодна локација.

Она што го издвојува КАРЕДО е неговиот фокус на луксуз и удобност со акцент на просторот одвоен за веќе докажани, но и нови, брзорастечки бизниси. Располага со прецизно дизајнирани станбени згради, јавни простори за релаксација со многу зеленило и голем број деловни простори кои задоволуваат различни потреби.

КАРЕДО ќе има се што ви треба на едно место, од ресторани и кафулиња до фитнес центри, спа центри, аптеки, салони за убавина, приватна градинка, како и shuttle bus сервис.

На следниот линк може да разгледате КАТАЛОГ на КАРЕДО , во кој ќе ги откриете сите детали и ќе го разгледате концептот во целост.

Веруваме дека ова патрон партнерство ќе допринесе за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ, како компании од најбрзорастечкиот сектор во земјава.

Новости

Scalefocus  со три признанија од Stevie® Awards  2025 –  Година на глобални победи  и раст

Scalefocus  со три признанија од Stevie® Awards  2025 –  Година на глобални победи  и раст

Иновации во вештачка интелигенција, инвестиции во талент и силен раст на глобалниот пазар ја обележуваат 2025 како година на експанзија и меѓународно признание за Scalefocus. Компанијата им помага на клиентите ширум светот преку иновации, технолошка експертиза и култура што ги става луѓето на прво место. 2025 е возбудлива година за Scalefocus. Од локални иницијативи до светска афирмација, компанијата покажува како тим воден од иновации и технолошка извонредност може да направи реална разлика – за клиентите, вработените и пошироката ИКТ заедница. Глобално признание Третпат по ред, Scalefocus доби признанија на престижните Stevie® Awards: Бронза – За постигнувања во развој на компетенции и вештини, за трансформација на инженерската кариерна рамка со цел развој на талент и поголема вредност за клиентите.Сребро – Иновација на годината во енергетскиот сектор, за смартификација на енергетската индустрија преку анализа во реално време. Бронза – Најиновативна технолошка компанија на годината (до 2.500 вработени). Покрај тоа, Scalefocus е вклучена и на престижната листа Global Outsourcing 100® за 2025 од Меѓународната асоцијација на аутсорсинг професионалци (IAOP®), во категоријата Rising Star. Високите оценки во категориите за референци од клиенти, награди и сертификати, како и програми за иновации, го потврдуваат она што клиентите веќе го знаат: Scalefocus е сигурен партнер што испорачува вредност и иновации на секој чекор. Градење култура на иновации Иако индустриските награди го потврдуваат влијанието на Scalefocus, вистинската иновација почнува од внатре – таа е дел од ДНК на компанијата. За да ја поттикне креативноста и континуираното подобрување, Scalefocus по вторпат ја организираше програмата  Месец на Иновации. Овој настан им овозможува на колегите да ги претворат идеите во реалност – било да се работи за оптимизација на внатрешни процеси или создавање решенија за клиенти. Месец посветен на љубопитноста, креативноста и конкретните резултати. А бидејќи иновациите се одржливи само ако се потпираат на талент, Scalefocus силно инвестира во развој на идните ИКТ лидери. Програмата Летна пракса во канцеларијата во Скопје им овозможува на студентите од ФИНКИ и ФЕИТ практично искуство преку работа на реални проекти. Така се зајакнува локалниот извор на таленти и се создаваат професионалци со вештини што ќе ѝ служат на индустријата во иднина. Оваа иницијатива ја истакнува Scalefocus како општествено одговорна компанија што вложува во идните генерации и поширокиот ИКТ екосистем. Клиентите знаат дека соработуваат со организација што размислува долгорочно – за луѓето, бизнисот и одржливиот раст. Раст и нови пазари: Експанзија во DACH регионот Додека ја зацврстува културата на иновации внатрешно, Scalefocus истовремено ја пренесува таа вредност и кон повеќе клиенти на глобално ниво. Еден од клучните пазари за раст во 2025 е DACH регионот (Германија, Австрија, Швајцарија). Проширување ќе им овозможи на клиентите во овој регон  да ги искористат предностите на Scalefocus во областа на nearshoring-моделот и АI-поддржаната испорака. Клиентите ќе добијат поблиски односи, побрзи одлуки и високо ефикасни тимови усогласени со нивните бизнис цели. Водени од вредности, поттикнати од луѓето Зад секоја награда и секое постигнување стојат луѓето на Scalefocus. Вредностите на компанијата се водилка за секоја активност: Да се направи разлика: Фокус на она што е важно и испорака на мерливи резултати. Повеќе заедно: Беспрекорна соработка со клиенти и колеги. Преземање одговорност: Сопственички пристап кон секој проект и испорака со интегритет. Никогаш да не се помириме со помалку: Постојано стремење кон извонредност. Насока кон иднината 2025 е година на признанија, раст и иновации. Постигнувањата на Scalefocus покажуваат што е можно кога талентот, технологијата и стратегијата се спојуваат. Со проширено глобално присуство, стратешко лидерство на клучни пазари и култура што ја поттикнува љубопитноста и соработката, Scalefocus е подготвена да им помогне на клиентите да ја изградат следната генерација на технолошки решенија.

08. 10. 2025г.

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

Scroll to Top