ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОДГОВОР НА АКТУЕЛНАТА КРИЗА
13ти декември 2022
МАСИТ со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на РСМ, организира настан на тема: „Дигитализацијата како одговор на актуелната криза“, кој ќе се одржи на 13.12.2022 година, во ресторан Ragusa 360 Rooftop.
На настанот ќе се зборува на темата дигитализација и како истата влијае, делува и помага во време на актуелната криза, со презентирање на иновативни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри пракси на тема дигитализација од страна на еминентни експерти од земјава и регионот.
На настанот ќе учествуваат претставници од домашни и странски ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.
Почесен главен спикер на настанот е:
- г-дин Слободан Ѓиновиќ, основач и директор на ОРИОН Телеком, Србија, ИТ експерт, консултант и визитинг професор на Harvard University, Grinnell College, Colorado College, Fletcher school и др.
Во рамки на официјалното обраќање предвидено е обраќање на:
- г-дин Илија Господинов, претседател на Управен Одбор на МАСИТ
- H.E. Ms Véronique Hulmann, Амбасадорка на Швајцарија во РСМ
АГЕНДАТА за настанот може да ја погледнете на следниот линк.
РЕГИСТРАЦИЈА – Регистрацијата на учество се врши преку пополнување на регистрациската форма достапна на следниот линк.
КОТИЗАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИ НА МАСИТ: – 49 евра + ДДВ по лице
Достапни се и групни попусти за учесниците кои доаѓаат од иста компанија/организација:
– 80 евра + 18% ДДВ за двајца учесници
– 100 евра + 18% ДДВ за тројца учесници
– 25 евра + 18% ДДВ за секој дополнителен учесник доколку има повеќе од 3 учесници
КОТИЗАЦИЈА за не членки на МАСИТ: 80 евра + ДДВ по лице
СТАНЕТЕ ПАРТНЕР НА НАСТАНОТ
Доколку сакате да се вклучите како поддржувач и партнер на овој настан, имате можност да го сторите тоа во рамки на предвидените спонзорски пакети, достапни на следниот линк.
*Стоиме на располагање за прилагодување на спонзорските пакети согласно вашите потреби и барања.
Лица за контакт:
- Елена Петрушевска – програм менаџер, +389 75 257 095
elena.petrushevska@masit.org.mk - Петар Лазовски – правен советник, +389 75 240 988
petar.lazovski@masit.org.mk
Новости
Scalefocus со три признанија од Stevie® Awards 2025 – Година на глобални победи и раст
Иновации во вештачка интелигенција, инвестиции во талент и силен раст на глобалниот пазар ја обележуваат 2025 како година на експанзија и меѓународно признание за Scalefocus. Компанијата им помага на клиентите ширум светот преку иновации, технолошка експертиза и култура што ги става луѓето на прво место. 2025 е возбудлива година за Scalefocus. Од локални иницијативи до светска афирмација, компанијата покажува како тим воден од иновации и технолошка извонредност може да направи реална разлика – за клиентите, вработените и пошироката ИКТ заедница. Глобално признание Третпат по ред, Scalefocus доби признанија на престижните Stevie® Awards: Бронза – За постигнувања во развој на компетенции и вештини, за трансформација на инженерската кариерна рамка со цел развој на талент и поголема вредност за клиентите.Сребро – Иновација на годината во енергетскиот сектор, за смартификација на енергетската индустрија преку анализа во реално време. Бронза – Најиновативна технолошка компанија на годината (до 2.500 вработени). Покрај тоа, Scalefocus е вклучена и на престижната листа Global Outsourcing 100® за 2025 од Меѓународната асоцијација на аутсорсинг професионалци (IAOP®), во категоријата Rising Star. Високите оценки во категориите за референци од клиенти, награди и сертификати, како и програми за иновации, го потврдуваат она што клиентите веќе го знаат: Scalefocus е сигурен партнер што испорачува вредност и иновации на секој чекор. Градење култура на иновации Иако индустриските награди го потврдуваат влијанието на Scalefocus, вистинската иновација почнува од внатре – таа е дел од ДНК на компанијата. За да ја поттикне креативноста и континуираното подобрување, Scalefocus по вторпат ја организираше програмата Месец на Иновации. Овој настан им овозможува на колегите да ги претворат идеите во реалност – било да се работи за оптимизација на внатрешни процеси или создавање решенија за клиенти. Месец посветен на љубопитноста, креативноста и конкретните резултати. А бидејќи иновациите се одржливи само ако се потпираат на талент, Scalefocus силно инвестира во развој на идните ИКТ лидери. Програмата Летна пракса во канцеларијата во Скопје им овозможува на студентите од ФИНКИ и ФЕИТ практично искуство преку работа на реални проекти. Така се зајакнува локалниот извор на таленти и се создаваат професионалци со вештини што ќе ѝ служат на индустријата во иднина. Оваа иницијатива ја истакнува Scalefocus како општествено одговорна компанија што вложува во идните генерации и поширокиот ИКТ екосистем. Клиентите знаат дека соработуваат со организација што размислува долгорочно – за луѓето, бизнисот и одржливиот раст. Раст и нови пазари: Експанзија во DACH регионот Додека ја зацврстува културата на иновации внатрешно, Scalefocus истовремено ја пренесува таа вредност и кон повеќе клиенти на глобално ниво. Еден од клучните пазари за раст во 2025 е DACH регионот (Германија, Австрија, Швајцарија). Проширување ќе им овозможи на клиентите во овој регон да ги искористат предностите на Scalefocus во областа на nearshoring-моделот и АI-поддржаната испорака. Клиентите ќе добијат поблиски односи, побрзи одлуки и високо ефикасни тимови усогласени со нивните бизнис цели. Водени од вредности, поттикнати од луѓето Зад секоја награда и секое постигнување стојат луѓето на Scalefocus. Вредностите на компанијата се водилка за секоја активност: Да се направи разлика: Фокус на она што е важно и испорака на мерливи резултати. Повеќе заедно: Беспрекорна соработка со клиенти и колеги. Преземање одговорност: Сопственички пристап кон секој проект и испорака со интегритет. Никогаш да не се помириме со помалку: Постојано стремење кон извонредност. Насока кон иднината 2025 е година на признанија, раст и иновации. Постигнувањата на Scalefocus покажуваат што е можно кога талентот, технологијата и стратегијата се спојуваат. Со проширено глобално присуство, стратешко лидерство на клучни пазари и култура што ја поттикнува љубопитноста и соработката, Scalefocus е подготвена да им помогне на клиентите да ја изградат следната генерација на технолошки решенија.
08. 10. 2025г.
МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.
Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.
„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.
Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.
МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.