„Дигитална трансформација – клучна за успешен бизнис“

06. 09. 2021г.

Завршен настан 16.09.2021 Резултати од Проектот „Патека за дигитализација“

Проектот „ПАТЕКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА“ кој е финансиран од страна на Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата и имплементиран од страна на МАСИТ, во партнерство со СТИКК –ИТ Асоцијација од Косово, и ICT Net – Србија, ве покануваат на онлајн настан, кој ќе се одржи на 16.9.2021 со почеток во 13:00 часот. Настанот се организира на тема: „Дигитална трансформација – клуч за успешен бизнис“.

Во изминатите петнаесет месеци, главната цел на овој проект беше да ги поддржи МСП-a од таргет секторите (свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам) од Северна Македонија, Косово и Србија во нивните активности за ( 1) подобро разбирање и запознавање со придобивките од дигиталната трансформација; (2) да го анализираат нивното сегашно ниво на дигитална трансформација и да креираат стратегии за дигитална трансформација со кои ќе ги идентификуваат и даваат приоритет на потребните ИТ решенија; и (3) финансиски да ги поддржат во процесот на купување и имплементација на ИТ решенија со цел подобрување на нивните деловни активности.

Со особено задоволство Ве информираме дека постигнатите цели и резултати во рамки на овој проект ќе бидат презентирани на завршниот настан, на кој очекуваме учесници од ИКТ бизнис заедницата, претставници од регионот (Северна Македонија, Србија и Косово) кои беа директни корисници на проектот од таргет секторите, претставници од нашите партнери итн. Би сакале да ве поканиме да присуствувате на настанот, на кој ќе слушнете повеќе детали за проектот, неговите резултати, како и информации за тоа кои се придобивките од дигиталната трансформација. Во прилог се наоѓа агендата за настанот.

Пријавите го вашето присуство на следниот линк а ние дополнително ќе ви доставиме линк за вклучување на настанот.
Доколку имате дополнителн, прашања, ви стоиме на располагање во секое време.

*Напомена: Онлајн настанот ќе се одвива на англиски јазик.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top