„МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“

07. 04. 2022г.

WITSA Global ICT Excellence Awards 2022

Во рамки на WORLD INNOVATION, TECHNOLOGY AND SERVICES ALLIANCE – WITSA каде што МАСИТ членува, и оваа година се организираат WITSA Global ICT Excellence Awards 2022. Оваа манифестација ќе се одржува од 13-15 септември 2022 во рамки на настанот „World Congress on IT“ во Пенанг, Малезија (https://wcit2022.com/). Во рамките на своите активности, за изборот на WITSA Global ICT Excellence Awards 2022, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2021 година.

Ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“  кои ќе ги опфатат следните категории: 

Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во нашата земја.
Учеството на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2022“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за нечленки компании изнесува 50 евра + ДДВ.

Претходно номинираните решенија е дозволено да се пријават повторно, под услов информациите за самото решение да бидат соодветно ажурирани.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на доленаведените документи на: sofija.zatarakovska@masit.org.mk  најдоцна до 15.05.2022 година. Крајниот рок за номинација на решенијата од страна на МАСИТ до WITSA e 15.06.2022 година. МАСИТ има право да номинира до три номинирани решенија во секоја од категориите кои се објавени погоре.

Потребни документи за аплицирање:

  1. Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите
  2. Пополнета Номинациска форма
  3. Power Point презентација за своето решение

Ги повикуваме и ги охрабруваме сите компании да се пријават на повикот, преку кој ќе имате можност, покрај за вас како компанија, да им дадете признание и на вашите клиенти што го користат вашето решение.

За сите останати детали околу самото презентирање, оценување и рангирање на добиените номинирани решенија, ќе бидете дополнително информирани во периодот што следи.

Повеќе информации за WITSA Global ICT Excellence Awards 2022 прочитајте на следниот линк.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top