Новогодишна хуманитарна акција

06. 12. 2022г.

МАСИТ И ПРОКРЕДИТ БАНКА ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА КОМПЈУТЕРИ

Традиционално, како и секоја година, во пресрет на Новогодишните празници, МАСИТ организира „Хуманитарна акција за донација на компјутери“ за деца од социјално загрозени семејства. На наше задоволство, оваа година на Хуманитарната акција, ни се приклучува и ПроКредит Банка како патрон партнер на Комората, со која заедно ќе ја организираме и спроведеме оваа акција.

ПроКредит Банка, позната на пазарот како социјално одговорна компанија, досега има донирано околу 150 монитори и над 30 компјутери за семејства ширум државата кои имаат потреба од пристап до дигиталниот свет, за непречена едукација и развој. Во оваа хуманитарна акција со МАСИТ, банката ќе учествува со донација на дополнителни 30 компјутери.

Ве покануваме вас, како компании членки на Комората, да учествувате во заедничката „Хуманитарна акција за донација на компјутери “која е последна во оваа календарска година, преку која повторно ќе покажеме дека ИКТ заедницата во нашата земја е општествено одговорна и се грижи за најмалите и најважни членови на нашето општество.

Ве повикуваме доколку како компанија, имате стари компјутери или лаптопи кои не ги користите, да ги донирате, а истите ќе бидат распределени до деца на кои најмногу им е потребно, и кои не се во можност да имаат свој компјутер. Овој мејл можете слободно да го препратите и до вашите вработени за овој повик да дојде до повеќе луѓе со цел да обезбедиме повеќе компјутери и да помогнеме на повеќе деца.

Ве замолуваме донираната опрема да биде испразнета од било какви податоци, и реинтализарана, бидејќи за голем дел од децата кои имаат потреба од оваа опрема, нема да бидат во можност самостојно да го направат тоа. Исто така, правно формално би морале да ги запазиме законските процедури според Законот за донации, односно компанијата или лицето – донатор, ќе треба да потпише договор за донација и да наведе спецификација за донираната опрема.

Сите заинтересирани компании се повикуваат да го изразат својот интерес на petar.lazovski@masit.org.mk со конкретна информација за бројот на компјутери и кратка техничка спецификација со која располага секој од компјутерите, со цел да можеме да направиме првична анализа за бројката на компјутери со кои ќе располагаме. Рок за изразување на интерес до 16.12.2022 година.

Придружете ни се заедно да ја шириме хуманоста и убавата мисла, да ги менуваме работите и да инспирираме!
Да го одбележиме крајот на годината со убавини и да продолжиме така и во следната година.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top