Работилница: „ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ПРАВОТО – Предизвици, опасности, перспективи“

26. 05. 2023г.

9ти јуни 2023 (петок) 11:00 часот

Ја најавуваме следната работилница во организација на МАСИТ во соработка со „Адвокатска канцеларија Најденовски“ како долгогодишен соработник на Комората, која за ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ќе се одржи на тема:

„ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ПРАВОТО – Предизвици, опасности, перспективи“

Галопирачка брзина на масовно производство и употреба на вештачката интелигенција и роботиката наеднаш наметна лавина дилеми, отвори огромен број на прашања за регулирање на нејзиното генерирање, употреба, реални влијанија, но и правни последици. Светот започнува трка за нормирање на вештачката интелигенција во обид за превенирање на хаотични несакани последици.

Оваа работилница е наменета за правниците и HR професионалците во ИКТ друштвата и адвокатите и правните консултанти кои се занимаваат со правото во ИКТ.

Целта е за прв пат во Македонија, најзасегнатите лица да слушнат појаснување и дефинирање на тоа што се’ се подразбира под поимот вештачка интелегенција и роботика, за да може во иднина соодветно да се дискутира нормативата и нормативните задачи поврзани со производството, продажбата и примената на вештачката интелигенција. Оваа работилница ќе биде прв чекор во континуиран процес на неформална едукација на правните професионалци низ специфични правни аспекти поврзани со вештачката интелигенција и пред се’ нивно приоритизирање.

Место на одржување: НЕТАВИЛ АМФИТЕАТАР – локација

Цена за учество:

  • 2500 МКД + 18% ДДВ по учесник
  • 4000 МКД + 18% ДДВ за двајца учесници од иста компанија

На учесниците на работилницата ќе им се издаде Сертификат за учество на првата работолница во Македонија на тема „ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ПРАВОТО“

АГЕНДА

Местата се ограничени и ќе бидат пополнети по принцип – прв регистриран – прв услужен.
Регистрацијата е достапна на следниот линк.

По успешна регистрација ќе добиете мејл за потврда, а дополнително ќе ви доставиме и про-фактура која треба да биде платена најдоцна до 07.06.2023 (среда).

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top