Meet up на тема: Правилник за сметководство и целосно воведување на IFRS – што значи тоа за компаниите во Македонија?

30. 04. 2024г.
МАСИТ во соработка со PricewaterhouseCoopers (PwC), ексклузивно организира Meet up на тема: „Правилник за начинот на водење сметководство во коj се објавени Меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти“.
Овој правилник е донесен на 3ти април 2024 година од страна на Министерството за финансии. Применaта на објавените МСФИ е предвиденo да почне од 1 јануари 2025 година, додека МСФИ 17 „Договори за осигурување” ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година. Подготовката за нивна имплементација мора да започне веднаш од страна на сите компании, а посебен фокус за ИКТ компаниите се очекува во врска со МСФИ 9 „Финансиски инструменти”, МСФИ 15 „Приходи од договори со купувачи”, МСФИ 16 „Лизинг”. Воведувањето на овој правилник е нешто што долго време се чекаше и при неговата имплементација треба да се направи детална анализа за македонските бизниси да бидат сигурни во правилната примена на правилникот.  Повеќе за концепциската рамка за финансиско известување, со општи насоки на што треба да внимаваат компаниите кои работат во ИКТ секторот ќе ни откријат:

🔹 Александра Кузмановска, сениор менаџер за ревизија и својата прoфесионална кариера во PwC ја започнува уште во 2005 година. Искуството на Александра вклучува ревизии на клиенти од различни индустрии, бројни обуки и тренинзи како и најзначајната трансформација на ревизијата со воспоставувањето на Центарот за компетенции (Competency Center) во PwC канцелариjата во Скопjе.

🔹 Евгенија Каркинска Лазаровска, сениор менаџер во одделот за ревизија. Во нејзината 17 годишна професионална кариера има стекнато значително искуство и знаење за меѓународните сметководствени стнадарди и нивната примена. Покрај водење на ревизии на клиенти од различни индустрии, таа е активен член на PwC академијата како и дел од тимот посветен на советодавни услуги од областа на МСФИ.

📅  Настанот ќе се одржи на 16ти мај (четврток) 2024 година.

📍 Локациjaта: ул. Орце Николов 146 б (мапа).

Програма

✍ Се покануваат компаниите кои имаат интерес да бидат дел од настанот, да го пријават своето учество со пополнување на следната форма, најдоцна до 14ти мај (вторник) 2024.

Цена за учество:
– 1500 ден + ДДВ – по учесник од компанија за членки на МАСИТ
– 3000 ден + ДДВ – по учесник за компании кои не се членки на МАСИТ

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор

МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.

07. 07. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

Scroll to Top