S2TECH
МАСИТ е официјален партнер на 100% виртуелниот настан S2Tech (Sustainable and Smart Technologies Virtual Fair & Congress) на тема: “Today’s technology for tomorrow’s future”, со датум 25 и 26.11.2020 година, од 09:00 до 18:00 часот, под организација на Шпанските организации CICAT, DOMOTYS, SOLARTYS со поддршка од Европска Унија, Шпанското министерство за индустрија, трговија и туризам https://s2tech.es/en/organizers/.
За членките на МАСИТ се обезбедени повластени цени (повеќе за ова на маилот подолу).
За настанот
Овој настан има за цел да ги надмине тешкотиите при водење бизнис и да ги запознае компаниите и организации на застапените сектори. Во целосно виртуелно опкружување, S2Tech ќе обезбеди мможност за виртуелни состаноци каде сите учесници ќе можат да учествуваат.
Во текот на двата дена во кои ќе се одржи настанот, изложувачите, презентерите и посетителите ќе имаат можност да комуницираат, да ги посетуваат штандовите, да присуствуваат на конференции и да запознаваат нови потенцијални клиенти, добавувачи или можни партнери за нивниот проект виртуелно.
Платформата е дизајнирана да понуди виртуелна реалност, каде што интеракцијата со другите присутни е главен фактор. За да имате пристап до платформата, ќе ви треба само компјутер, таблет или мобилен телефон со Интернет врска и, откако ќе се поврзе во платформата, присутните ќе можат да комуницираат преку говорна порака од дигитален аватар.
*Сите детали и поширок опис за самиот виртуелен настан може да погледнете во документот на линкот подолу.
Веб страна https://s2tech.es/en/
Сектори кои учествуваат
- Energy storage
- Professional audiovisual
- Smart cities and buildings
- Energy efficiency
- Electronics
- Solar energy
- Lighting
- Smart technologies
Ценовник
- Букирање на штанд 1.195 евра
- Говорник на настанот 380 евра
- S2TECH ќе има павилјон исклучиво за стартапи каде штандовите ќе имаат намалена цена од 250 евра
*Сите детали во однос на ценовникот може да ги погледнете на документот во продолжение.

Новости

Поголем глобален пробив на македонскиот ИКТ сектор
МАСИТ на средба со МНР Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ започнува ново поглавје и партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Ова партнерство има за цел да овозможи поинтензивна и конструктивна поддршка на македонскиот ИКТ сектор. Соработката е насочена кон унапредување на меѓународната видливост на домашниот ИКТ сектор, создавање услови за отворање нови извозни пазари и подобро позиционирање на македонските компании во глобалната економија. Преку заеднички активности, учество на значајни меѓународни саеми, конференции и бизнис форуми, како и преку воспоставување нови канали за поврзување со македонската дијаспора и странските инвеститори, се очекува да се создадат реални можности за раст и развој на компаниите членки на МАСИТ. Во рамките на оваа соработка, планирани се организирање на бизнис делегации и директни средби со потенцијални партнери во странство, подготвка на современи промотивни материјали, како и активности за отворање претставништва на македонски ИКТ компании на стратешки пазари. Дополнително, ќе се развиваат иницијативи за трансфер на знаење и технологии кои ќе придонесат кон подигнување на капацитетите на домашните компании. Претседателот на МАСИТ, г. Јордан Димитровски, напомена дека Комората стратешки се насочува кон долгорочна поддршка и меѓународен пробив на компаниите од оваа индустрија, со јасна цел да создаде услови за одржлив раст и излез на нови пазари преку партнерства и стратешки иницијативи. Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски, потенцираше дека Министерството целосно стои на располагање за реализација на сите идни активности и иницијативи кои ќе овозможат унапредување на конкурентноста на македонските ИКТ компании и нивно поефикасно позиционирање на глобалниот пазар. Преку ова партнерство, МАСИТ ја зајакнува својата улога како активен партнер и поддржувач на компаниите членки во процесот на нивна интернационализација и активен придонес кон посилно позиционирање на Република Северна Македонија на светската ИКТ мапа.
07. 07. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.
19. 05. 2025г.

Средба со Министерот за дигитална трансформација
Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,
22. 06. 2025г.

МАСИТ го реализираше 19-тото Редовно Годишно Изборно Собрание
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во х. Александар Палас, го одржа своето 19-то редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година.
05. 05. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“
Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.
30. 05. 2025г.

19-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ
Ве информираме дека на 08.05.2025 година (четврток), со почеток во 10:30 часот во хотел Александар Палас ќе биде одржано, претходно одложеното, деветнаесетто редовно Годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, кое оваа година воедно е изборно. Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ кое седница одржува еднаш годишно. Согласно Статутот на Комората МАСИТ, еднаш на три години се реализира изборно Собрание на кое се бираат нови претставници во телата на Комората, и тоа Управен одбор, Надзорен одбор, Судот на честа и нов Претседател на Собранието на МАСИТ. Пропратните документи се соодветно проследени до членовите на МАСИТ, согласно роковите утврдени во Статутот на МАСИТ. *Напомена: Очекуваме потврда за присуство на еден претставник од секоја компанија членка. Потребна е задолжителна потврда за учество на следната мејл адреса: contact@masit.org.mk. Доколку на седницата не дојде Управителот/Директорот на компанијата, претставникот на Друштвото треба да донесе полномошно за гласање и учество на Собраниетo.
12. 03. 2025г.