АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија

07. 02. 2022г.

Скопје, 07.02.2022 – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, како организации кои имаат за цел да ги промовираат и застапуваат интересите на компаниите кои работат во доменот на ИКТ и е-трговија заеднички со иницијатива за предлог измена во Законот за данок на додена вредност. Целта на иницијативата е прецизирање на повластената стапка од 5% за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања.

Од АЕТМ и МАСИТ велат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејки терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5% за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.

“Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска

Во последната декада развојот на ИКТ секторот значително придонесе за појава на нови производи и услуги и на светско и на локално ниво, па оттука услугите како што се развој на софтвер по нарачка, софтверски услуги, одржување на софтвер, развој на веб сајт, развој на решенија за е-трговија (е-продавници), одржување на веб сајт, сервер администрација и други, не можат да се идентификуваат единствено со моменталната формулација која гласи “Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери)” (во Член 30 став 2 точка 2 од Законот за ДДВ).

АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во “Развој на софтверски решенија (вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации) софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија”. Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5% од страна на засегнатите страни во деловниот свет.

– “ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава. Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите.” – објаснува Претседателката на Управен одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева.

Прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5%, а со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни.

Контакт лица:
АЕТМ, Марија Ристовска, marija@ecommerce.mk , 078 679 892
МАСИТ, Билјана Прличкова, biljana.prlichkova@masit.org.mk, 075280506

Новости

МАСИТ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја интензивираат соработката за поддршка на извозот на ИКТ-компаниите

МАСИТ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја интензивираат соработката за поддршка на извозот на ИКТ-компаниите

Годината започна со значајна официјална средба меѓу раководството на МАСИТ и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, придружуван од Крум Ефремов, директор за економска и јавна дипломатија. На средбата учествуваше раководството на МАСИТ, предводено од претседателот Јордан Димитровски, заедно со заменик-претседателот на Управниот одбор Филип Петровски, членот на Управниот одбор Дамјан Манчевски и директорката на Извршната канцеларија, Елена Китаноска. Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на извозниот потенцијал на македонските ИКТ-компании, нивната поголема меѓународна видливост и системска поддршка за настап на странските пазари. Посебно внимание беше посветено на улогата на економската дипломатија и дипломатско-конзуларната мрежа во промоција на македонските ИКТ-решенија и воспоставување контакти со странски партнери. Претставниците на МАСИТ ги истакнаа приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки, нагласувајќи ја потребата од координирана институционална соработка, континуирана промоција на домашната ИКТ-индустрија и организиран настап на меѓународни саеми, бизнис-форуми и трговски мисии. Преку интензивирана соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, МАСИТ продолжува активно да работи на создавање конкретни можности за раст, зголемување на извозот и меѓународно позиционирање на македонските ИКТ-компании. Заедничката заложба е ИКТ-секторот да се зацврсти како еден од клучните двигатели на економскиот развој и да се поттикне поголема конкурентност на македонските компании на глобалниот пазар. МАСИТ и во наредниот период ќе продолжи да иницира и поддржува вакви стратешки средби и партнерства, со цел создавање поволна деловна клима и долгорочен развој на ИКТ-индустријата во земјата.

21. 01. 2026г.

20-та годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 Recode Reality

20-та годишна конференција на МАСИТ – MASIT 2.0 Recode Reality

MASIT 2.0 – „Recode Reality“: Редефинирање на улогата на ИКТ во Македонија Годишната конференција MASIT 2.0 – „Recode Reality“, одржана на 3 декември во Скопје, уште еднаш го потврди статусот на МАСИТ како клучен двигател на дигиталната трансформација во земјава. Над 300 учесници, меѓу кои еминентни експерти, компании, институции и интернационални говорници, ги споделија своите визии, искуства и стратегии за развој на ИКТ-секторот во период на интензивни технолошки промени. Темата „Recode Reality“ постави силен повик за преосмислување на улогата на технологијата – од функционална алатка, до вистински катализатор на економски раст, иновации, образовна модернизација и институционален напредок.   Состојбата и потенцијалот на ИКТ-индустријата Во своето обраќање, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја нагласи зрелоста и значењето на ИКТ-секторот во Македонија. Индустријата брои речиси 3.000 компании и околу 25.000 вработени, со просечна бруто-плата од близу 150.000 денари. Само во изминатата година, секторот генерираше приходи над 1,65 милијарди евра, што го потврдува неговиот континуиран раст и стратешка важност за економијата. Присутните ги поздрави и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ги претстави реформите и насоките што ги спроведува Владата со цел забрзување на дигитализацијата на Македонија. Според него, приватниот ИКТ-сектор ќе има клучна улога во спроведувањето на овие процеси. Connectivity 2030 – Иднината на телекомуникациите и дигиталната инфраструктура во Македонија Под модерација на Иво Ивановски (EuroTeleSites AG), панелистите Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Методија Мирчев (A1 Македонија) и Брано Ѓуриќ (One Macedonia – 4iG) дискутираа за развојот и иднината на дигиталната инфраструктура и телекомуникациските услуги во Македонија.Панелот се осврна на модернизацијата на мрежите, имплементацијата на нови технологии и стратешките инвестиции кои ќе овозможат побрз, поефикасен и сигурен дигитален екосистем во земјата. Клучни говорници: Глобални перспективи и анализа на иднината Конференцијата собра врвни меѓународни експерти, меѓу кои: Пјетро Марини, директор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој ја отвори темата за трансформацијата на бизнис моделите во спортската и медиумската индустрија. Тој предупреди дека традиционалните модели на стабилност се разнишуваат, отворајќи прашања за одржливоста на целиот екосистем. Магда Јиану, менаџер за Југоисточна Европа во Palo Alto Networks, која зборуваше за најголемите предизвици во сајбер-безбедноста, особено во контекст на експлозивниот развој на вештачката интелигенција. Милош Ѓурковиќ, партнер во Amrop Serbia, кој ја истакна исклучителната важност на човечкиот капитал и систематскиот развој на талентите во процесите на дигитална трансформација. Панел-дискусии: ВИ, податоци, образование и иновации Конференцијата опфати неколку високо интерактивни панел-сесии: 1. Вештачката интелигенција и трансформацијата на бизнисот На панелот посветен на локалната примена на ВИ учествуваа:Петар Ниновски (Brainster), Благица Трпезановска (Kuehne+Nagel), Иво Павловски (Division), и Тони Јанкуловски (Diners Club).Панелот покажа дека ВИ веќе ја редефинира структурата, потребните вештини и динамиката на ИКТ-индустријата во земјава. 2. Образование и иднината на технолошките кадри Под водство на Весна Ивановска (Avenga Academy), министерката за образование Весна Јаневска и деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ) дискутираа за тоа како да се модернизираат образовните модели и да се обезбеди одржлива кадровска база.Фокусот беше на прашањето „Кој ќе ја кодира иднината?“ 3. Моќта на податоците Под модерација на Филип Петровски (МАСИТ), панелистите Александар Манев (Кроација Осигурување), Михајло Борозанов (Макпетрол) и д-р Беркан Имери (Халкбанк) разговараа за тоа како квалитетните и структурирани податоци се претвораат во вистинска бизнис вредност.Фокусот беше на подобрено донесување одлуки, оптимизација на процеси и градење конкурентна предност преку податоци. 4. Финансирање на иновации Д-р Горан Ковачев (Развојна банка), проф. д-р Иван Чорбев (ЕИТ), проф. д-р Боро Јакимовски (DigitMak) и Мухаммед Хаџи-Пази (Халкбанк) дискутираа за патот на иновацијата – од концепт до успешна реализација.Се нагласи потребата од стабилен финансиски екосистем, поголем пристап до фондови и механизми што им помагаат на иноваторите да растат и да го пласираат својот потенцијал на пазарот.  Конференцијата го потврди заклучокот дека технологијата не е само алатка, туку двигател на промени што ја моделира иднината на економијата, образованието и општеството. МАСИТ продолжува да ја води дигиталната трансформација, обединувајќи знаење, иновации и партнерства за иднината на Македонија.

12. 12. 2025г.

Специјализиран настан: СЕПА трансфери – национални капацитети и патот кон интеграција

Специјализиран настан: СЕПА трансфери – национални капацитети и патот кон интеграција

Специјализиран настан: СЕПА трансфери – национални капацитети и патот кон интеграција Дигиталната трансформација на финансискиот систем е во полн замав, а МАСИТ, со поддршка од својата членка КИБС АД Скопје, подготви специјализирана работилница посветена на СЕПА стандардите, нивната имплементација и значењето за ИКТ индустријата. 📅 Датум: 19 ноември 2025📍 Локација: itLabs🎙️ Модератор: г-а Маријана Андриќ, Marand Consultants и член на Надзорен одбор на МАСИТ 👉 Што да очекувате? 💡 Реални чекори за имплементација на СЕПА стандардите ⚙️ Практични насоки за техничка и регулаторна подготовка 🏦 Стручни согледувања за иднината на платните системи Настанот ќе отвори јасен поглед кон тоа зошто СЕПА стандардите се важни токму сега и како нивната имплементација може да го унапреди финансискиот и технолошкиот екосистем. Воведното излагање на Маријана Андриќ – Marand Consultants и член на Надзорен одбор на МАСИТ, ќе ги постави основите: од можностите до предизвиците што ги носи овој процес. Следуваат стручни презентации на Сандра Томановиќ – Директор на дирекција за платни системи и поврзани услуги во КИБС, која ќе ја презентира актуелната слика на СЕПА и инстант плаќањата во Европа и Македонија, улогата на КИБС во модернизацијата на платните системи и влијанието на инстант плаќањата врз финансиската динамика. Панел-дискусијата „Каде сме сега и што ни недостасува?“ ќе понуди согледувања од различни перспективи. Во неа ќе учествуваат Ана Хаџиева Ангеловска – Член на Управен одбор и Генерален секретар на Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници, Тони Трајковски – Директор на Дирекција за операции на девизни платежни услуги и платни системи во Халк Банка, и Јана Ристоска – ERP и SAP консултант во РСМ ИТ. Панелот ќе ги истакне моменталните предизвици и чекорите потребни за понатамошна интеграција на СЕПА. Настанот завршува со заклучоци и препораки од МАСИТ, по што следи неформално вмрежување. Цена за учество: – 2,500ден + 18% ДДВ по учесник за членки на МАСИТ– 4,000ден +18% ДДВ по учесник за компании кои не се членови на Комората Пријавете се на следниот линк: Регистрација Преземи Агенда

14. 11. 2025г.

Scroll to Top